Author: dino

Агенцијата за млади и спорт вечерва ги прогласи  најдобрите за годинава што изминува. На свеченоста организирана во Национална опера и балет, им беа врачени наградите на најдобрите во македонскиот спорт за 2019 година и тоа во повеќе категории. Признанието за најдобар спортист го доби ракометарот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов додека за најдобра спортистка беше прогласена репрезентативката во карате, Пулексенија Јовановска. Еве ги другите добитници на наградите: Најуспешна спортска федерација: Ракометна федерација Посебни достигнувања во спортот: Никола Ѓорѓиев –одбојка Селектор: Сашко Арсовски -карате Машки национален тим:Одбојкарска репрезентација Женски национален тим: Ракометна репрезентација Спортист лице со инвалидитет: Оливера Наковска –Бикова…

Read More

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, е прогалсен за најдобар спортист во Европа од страна на новинските агенции на стариот континент. Традиција  која трае цели 62 години, по трет пат му го донесе тоа признание на актуелниот шампион кој во Ф1 со пет титули е на само еден чекор до изедначување на рекордот на легендарниот, Михаел Шумахер. Во рангирањето веднаш за  Хамилтон се смести светскиот тениски рекет број еден пред Рафаел Надал (Шпанија) и скијачот од Австрија,  Марсел Хиршер. Натаму се наредени: Новак Ѓоковиќ (тенис),  маратонката Хасан и фудбалерот на Ливерпул, Ван Дајк……

Read More

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан, успеал да го договори ангажманот на Златан Ибрахимовиќ, тврди, познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио. Според него, трансферот ќе се случи деновиве а Ибрахимовиќ ќе потпише договор за шест месеци со опција да го продолжи за уште една сезона. Швеѓенецот кој ја заврши соработката со Лос Анџелес Галакси, беше главна ѕвезда кај „росонерите“ во периодот од 2010 до 2012 година. Милан досега има очајна сезона во Серија „А“ и со 21 освоен бод се наоѓа дури на 11 позиција на табелата

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој се соочува со повреда, нема да се појави на теренот и во почетокот на новата календарска година, најавија денеска дел од медиумите на Пиринеите. Според напишаното, Белгиецот сигурно нема да игра против Гетафе на 4 јануари а веднаш потоа ќе го пропушти и Супер-купот на Шпанија кој ќе се реализира во Саудиска Арабија. Противник на „кралевите“ на 8 јануари во првото полу-финале ќе им биде Валенсија додека во второто ќе се сретнат Барселона и Атлетико Мадрид. Азар иако успешно го поминува процесот на рехабилитација, најверојатно ќе се врати на фудбалскиот терен некаде кон…

Read More

Александар Тодоров од денеска ја презеде диригентската палка во нашата машка кошаркарска репрезентација. На официјалната промоција пред новинарите, новиот кормилар истакна дека е горд што доби таква одговорна улога и дека ќе им даде шанса на младите. „Неколку младински селекции се прикажаа во добро светло, имаме млади играчи кои успешно настапуваат и кои треба да добијат шанса во сениорскиот состав. Подмладувањето не значи алиби“ – изјави новиот селектор кој потпиша договор за наредните 18 месеци. Доколку успее да ги однесе „жолто-црвените“ на ЕП, соработката автоматски ќе му биде продолжена за 4 години. Тодоров потенцираше дека за февруарските квалификациски средби нема да…

Read More

Ракометната репрезентација на Португалија, ќе настапи ослабена на престојното ЕП кое ќе се одржи во јануари. Португалците ќе го немаат на располагање, Жилберто Дуарте, кој заработи повреда на мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Деталните лекарски прегледи покажале дека станува збор за повреда на лигаментите на коленото на искусниот играч што автоматски ќе значи и пауза од 2 до 3 месеца. Ракометарот на Монтпелје кој претходно ги бранеше боите на Барселона и на Порто, на 91 меч одигран во дресот на португалците има дадено во просек повеќе од три гола на натпревар.

Read More
NBA

Кошаркарскиот интернационалец од Словенија, Лука Дончиќ,  кој се соочува со повреда, нема да паузира подолг период, објавија дел од медиумите. Играчот на Далас кој пред две недели го повреди зглобот и  требаше да паузира до јануари, најверојатно ќе го носи дресот на неговиот тим на мечот со Сан Антонио Спарси. Тоа го најави и неговиот тренер, Рик Карлисл. „Тој е подобар, не знам што ќе биде в четврток, но, сигурно ќе има шанса да заигра. Добро му оди, ќе видиме како ќе се чувствува иако работите одат кон подобро“ – вели Рик Карлисл. Дончиќ досега има во просек на натпревар…

Read More

Европската куќа на фудбалот ги казни Црвена Ѕвезда , Олимпија од Љубљана и Ордабаси од Казахстан поради непочитување на правилата и условите за финансискиот фер-плеј. Казните им се изречени бидејќи не успеале навреме да ги подмират сите заостанати долгови. Тимот од Белград ќе треба да издвои 50.000 евра бидејќи ги има исплатено долговите, но, го пробил крајниот рок. Словенечкиот состав Олимпија ќе треба да уплати на сметката на УЕФА 75.000 евра додека Ордабаси ќе треба да плати 100.000 евра. Тимот од Казахстан  може да биде дури и сфрлен од натпреварувањата на УЕФА во наредните две години доколку до 31. јануари…

Read More

Стратегот на клупата на Барселона, Ернесто  Валверде, вели дека неговите фудбалери можеле да освојат уште еден трофеј во годинава што изминува доколку не ја загубеа полу-финалната пресметка со Ливерпул во Лигата на шампионите. Според тренерот на шпанскиот шампион, шокантниот пораз на „Енфилд“ од 4-0 што значеше и елиминација од елитата на Европа, оставил голема трага врз играчите кои малку подоцна го загубија и финалето против  Валенсија во Кралскиот Куп. „ Тоа беше еден од најтешките периоди во годината. Мора да признаеме дека поразот во Ливерпул имаше влијание во финалето на Кралскиот куп. Да победевме против Ливерпул, сигурно ќе го освоевме…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на Њукасл во рамките на 19 коло во Премиер конкуренцијата. Тренерот на домаќините, Оле Гунар Солскјер, е свесен дека неговиот тим е далеку од посакуваната форма. „Очекував да имаме променливи игри бидејќи немаме доволно квалитетен ростер. Се надевам дека лошите денови ќе останат во минатото и дека набрзо ќе влеземе во посакуваниот ритам. Секако тука се и проблемите со повредите“ – потенцираше Норвежанецот. „Црвените ѓаволи“  в пресрет на новата рунда во Премиер лигата се наоѓаат на осмото место на табелата со големо бодовно заостанување во однос на тимовите…

Read More