Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој ги брани боите на Леванте, може да добие понуда да се пресели во екипата на Реал Сосиедат. Според весникот –„АС“, тимот од Сан Себастијан сака да го ангажира нашиот интернационалец уште во зимскиот преоден рок, но, со тоа не се согласуваат челниците на Леванте. Интересно е тоа што Барди кој а реализира третата сезона во Ла Лига и има активен договор до јуни во 2022 година, во тековниот шампионат постигна два гола од кој еден во мрежата на Реал Сосиедат.
Author: dino
Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка која е олимписката шампионка на 100 метри од Лондон во 2012-та и четири години подоцна од собирот во Рио, најави дека на Олимпијадата во Токио во 2020-та ќе трча и на патеката од 200 метри. Црномурестата атлетичарка која денеска наполни 33 години, планира догодина во Јапонија за последен пат да се појави на Олимписките игри. „Сега дефинитивно ќе настапам на двете најбрзи трки. Минатата сезона сакав да трчам, но, мојот тренер имаше други планови и јас морав да го послушам“ – изјави Фрејзер-Прајс која на собирот во Лондон во 2012 година успеа да дојде до сребрениот…
Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ангажира уште еден играч на Лестер откако во текот на летото беше купен дефанзивецот, Хари Мегваер. Според медиумите во Англија, „црвените ѓаволи“ сакаат да го ангажираат играчот од средниот ред на „лисиците“, Џејмс Медисон. Според прогнозите, неговата трансферна цена е околу 80 милиони фунти. Медисон со неговите настапи се наметнува како лидер во екипата предводена од Брендон Роџерс. Тој на 17 натпервари постигна пет голови и направи три асистенции. Лестер досега игра одлично во Премиер лигата и најверојатно до крајот на сезоната ќе се бори за место што води во Лигата на…
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговите фудбалери не размислуваат за шампионскиот пехар во Премиер лигата иако по 19. кола имаат големи 13 бодови предност во однос на главните конкуренти. „Единственото што се менува за нас се бројките. Прво беа десет, па 11, сега се 13 бода. Воопшто не се чувствуваме како шампиони, не ни зборуваме за тоа„ – вели германскиот стратег. „Никој уште ништо нема освоено. Дури сега не чекаат Волвс, Шефилд, Евертон и Манчестер Јунајтед. Мене не ми личи дека е се готово“ – вели менаџерот на Ливерпул.
Тјери Анри кој во минатото беше една од главните ѕвездите во екипата на Арсенал, вели дека е импресиониран од игрите на Ливерпул во тековнава сезона во Премиер лигата. „Црвените“ по вчерашната победа на теренот на Лестер се зацврстија на челната позиција на табелата. „Мислам дека никој не може да го запре Ливерпул на патот кон титулата. Тимот е фантастичен и нема да престане додека не ја обезбеди титулата“ – вели Французинот. „Навистина ми се допаѓа начинот на кој игра Ливерпул. Тие се борат на секој дел од теренот и создаваат шанси“ – вели поранешниот напаѓач на „топчиите“.
Таткото на фудбалерот, Мохамед Елнени, кој игра за екипата на Бешикташ, соопшти дека челниците на Милан преговараат за ангажман на неговиот син. Фудбалерот од средниот ред кој игра како позајмен од Арсенал, се наметнува како еден од лидерите во тимот Истанбул. Тој во тековнава сезона има одиграно 17 мечеви. „Преговорите меѓу Мохамед и Милан се во напредна фаза. Верувам дека набрзо ќе се потпише договорот“ – вели таткото на фудбалерот кој во 2016-та го напушти Базел и за 12,5 милиони евра се пресели на – „Емирати“ во Лондон. Откако Елнени не успеа да се наметне во англискиот состав, челниците на…
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, вели дека е задоволен од прикажаната игра на вчерашниот меч со Бурмаут кој заврши нерешено 1 спрема 1. За шпанскиот тренер тоа беше деби на клупата на „топчиите“. „Видов повеќе добри работи. Тоа што го планиравме успеавме да го реализиравме. Почетокот беше добар и требаше да играме на победа“ – вели Артета. „Јас сè запознавам со квалитетите на играчите и гледам како можам да им помогнам. Тука сум само три дена а тоа е мал период да се направи нешто позначајно. Мислам дека ќе напредуваме“ – вели новиот тренер на Арсенал.
Главниот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, потенцира дека неговиот тим нема да купува нови играчи во текот на јануарскиот трансфер период. „Имаме проект и визија. Знам дека на пазарот ќе реагираме само ако некој си замине. Јасно ми е дека никогаш нема да бидеме кралеви на пазарот и дека нема да се бориме со богатите клубови“- вели Мурињо. „Ни треба повеќе време за да напредуваме. Задоволен сум од тоа што го имам на теренот. Мислам дека добро ги познавам квалитетите на моите играчи“ – заврши Специјалниот.
Тенисерката од Австралија, Ешли Барти, која ќе ја заврши годинава на првото место на ВТА ранг листата, изјави, дека сака да биде запаметена по нејзиниот борбен дух кој го прикажува на терените. „Сите ние од Австралија сакаме да се докажеме како борци. Сакам по завршувањето на кариерата да останам запаметена како личност која ја почитувале ривалите и која даде сè на теренот и никогаш не се откажа“ – вели Барти. „Мојот тренер Тизер се обидува едноставно, прецизно и конкретно да ми објасни што треба да се направи. Тој врши одлична работа“ – вели најдобрата тенисерка на светов.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Антоан Гризман, имаше само пофални зборови за клупскиот колега, Лео Меси и за неговиот поранешен тренер во Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. „Зборуваме за тип на фудбалер што можеби никогаш повеќе нема да го има на терените. Неверојатно е што може да стори со топката и мило ми е што имам можност да играм со него“ – вели францускиот интернационалец. „Диего Симеоне е навистина одличен тренер а неговиот тим секогаш делува успешно. Сите во Атлетико стојат позади него и ги почитуват неговите одлуки“ – нагласи Гризман..
