Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка која е олимписката шампионка на 100 метри од Лондон во 2012-та и четири години подоцна од собирот во Рио, најави дека на Олимпијадата во Токио во 2020-та ќе трча и на патеката од 200 метри.
Црномурестата атлетичарка која денеска наполни 33 години, планира догодина во Јапонија за последен пат да се појави на Олимписките игри.
„Сега дефинитивно ќе настапам на двете најбрзи трки. Минатата сезона сакав да трчам, но, мојот тренер имаше други планови и јас морав да го послушам“ – изјави Фрејзер-Прајс која на собирот во Лондон во 2012 година успеа да дојде до сребрениот медал на патеката од 200 метри

