Author: dino

Младиот дефанзивен фудбалер на Челзи, Маркос Алонсо, може да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период, најавија денеска медиумите во Англија. Според наведеното, Италијанскиот Интер кој е претендент за титулата во Серија „А“, планира да ја засили дефанзивната линија а како прв пик го има токму младиот играч на лондончани. Според проценките, трансферната вредност на Алонсо е околу 40 милиони евра. „Нероаѕурите“  ако се определат да ја одвојат споменатата сума, тогаш  поранешниот играч на Фиорентина може да се врати во италијанскиот шампионат. Алонсо во тековнава сезона не успева да се наметне кај тренерот на Челзи, Франк Лампард. Тој од 5…

Read More

Некогашниот возач во Формула 1, Герхард Бергер, се осврна на кариерата на актуелниот шампион, Луис Хамилтон, кој се почесто се поврзува со можен трансфер во екипата на Ферари. Британецот кој е сега член на шампионскиот состав на Мерцедес, доколку успее да дојде до уште една титула, ќе го изедначи рекордот на легендарниот, Михаел Шумахер, кој 6 пати стана шампион во така наречениот „циркус на тркала“. Затоа Бергер излезе со мал совет за младиот возач. „Мора да се одбере вистинското време за трансфер во Ферари. Мислам дека тој треба да оди таму, но, откако ќе ги сруши сите рекорди. Хамилтон има…

Read More

РБ Лајпциг е најефикасниот состав во фудбалската Бундес лига по првиот дел од сезоната со 48 голови на 17 средби. Тимот од поранешната Источна Германија кој е лидер во домашниот шампионат, успеа да направи серија од осум мечеви на кои забележа најмалку 24 голови со што стана еден од најдобрите тимови во Бундес лигата гледано само во тој сегмент. Лајпциг серијата ја започна со  убедливите 8-0 против Мајнц, потоа следеа мечевите со Херта и Келн кога постигна по четири голови а серијата со три гола во мрежата на противникот, продолжи на натпреварите против: Падерборн, Хофенхајм, Борусија Дортмунд, Фортуна Диселдорф и…

Read More

Машката ракометната репрезентација на Македонија,  денеска и утре во Стара Пазова, Србија, ќе одигра два контролни меча против селекцијата на Кувајт како дел од подготовките за ЕП кое ќе биде реализирано во почетокот на наредната година. По тој двомеч, нашата експедиција  ќе продолжи за Букурешт, Романија. Таму во текот на викендот ќе настапи на турнирот – „Трофеј Карпати“. Прв противник ќе ни биде Алжир а потоа во зависност од резултатите ќе имаме меч против Холандија или Романија. Македонија на Европското првенство ќе игра во Б групата во Виена и тоа со Украина (10 јануари), Чешка (12 јануари) и домаќинот Австрија…

Read More

Кошаркарската федерација денеска точно напладне  на средба со новинарите треба да го промовира Александар Тодоров за нов селектор на нашата најдобра машка репрезентација. Младиот стратег кој седи на кормилото на  романската екипа ЦСУ Крајова,  во минатото му беше асистен-тренер на Заре Марковски кога Македонија во 1999 година прв пат се појави на континеталниот собир. За новиот селектор првиот голем предизвик ќе бидат квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Во нив ќе играме против Естонија, Русија и Италија.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, планира неколку атрактивни засилувања во текот на јануарскиот трансфер период за да може неговиот тим да остане конкурентен во трката за титулата во Серија „А“. „Нероаѕурите“ и Јувентус со досегашниот ефект се наметнаа како главни кандидати за освојување на Скудетото. Италијанските медиуми наведуваат дека искусниот стратег посакува најмалку три нови играчи. Во преден план се левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, за кого треба да си издвоја најмалку 40 милиони евра како и играчот на Барса, Артуро Видал, кој има трансферна цена од околу 20 милиони. Се шпекулира дека на списокот за засилувања…

Read More

Рафаел Надал кој годинава ќе ја заврши на првото место на АТП листата, нагласи дека има одредени цели што посакува да ги реализира додека е активен на тениските терени. Играчот од Мајорка, најави, дека сака да го собори рекордот на Федерер за освоени титули на Грен Слем турнирите. „Во 2020 би сакал да направам нов значаен чекор во кариерата и да ги достигнам титулите на Роџер. Од таму црпам најмногу мотивација во подготовките. Не ми е значајно дали ќе бидам најдобар тенисер на сите времиња, За мене е поголемо задоволство е да се биде дел од историјата во спортот“ – вели Шпанецот.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, нагласи дека реакцијата на Антонио Рудигер по дуелот со Сон кога играчот на Тотенхем доби црвен картон, била инстинктивна и дека тоа дефинитивно не било глума. „Не беше брутално, но, беше инстинктивно и тоа се казнува со црвен картон во модерниот фудбал“ – потенцираше тренерот на „сините“ кој не сакаше јавно да ги коментира наводните расистички навреди од трибините упатени кон неговиот фудбалер. „Ќе разговарам со него кога ќе видам што точно се случи. Јас го поддржувам како и сите други играчи кои ќе се најдат во слична ситуација“ – нагласи Лампард.

Read More

Валентино Роси, еден од најдобрите возачи во историјата на Мото Гран При шампионатите, најави, дека нема да брза со потпишување на нов договор со екипата на Јамаха. Популарниот „доктор“ има тековна соработка со сегашниот состав во крајот на 2020 година, но, неговата последна сезона беше крајно разочарувачка. Тој во континуитет заостануваше зад помладите возачи и на крајот мораше да се задоволи со седмата позиција  во вкупното рангирање што претставува негов најлош пласман од 2011 година. „На крајот на наредната сезоната мојот договор ќе истече по што ќе треба да донесам одлука околу мојата иднина. Најверојатно се ќе зависи од моите…

Read More

Шпанските медиуми денеска објавија дека искусниот кошаркарски стратег, Душко Ивановиќ, е нов предводник на Басконија. Тоа значи дека Црногорецот ќе се врати во старото јато со кое во два наврата ја освои шампионската титула во домашни рамки, четири пати дојде до пехарот во Купот на кралот а еднаш и во Супер-купот на Шпанија. Тој ќе дебитира на клупата на Басконија на мечот в четврток против Алба Берлин во рамките на Евро-лигата а неговиот договор ќе биде активен до крајот на сезоната. Ивановиќ досега има повеќе од 750 натпревари во различни конкуренции.

Read More