Данкан Фергусон кој ја има улогата на времен менаџер на екипата на Евертон ќе остане на функцијата за претстојниот натпревар против Арсенал во рамките на 18-то коло од Премиер Лигата. Веста е потврдена на веб-страната на популарните „карамели“. Легендарниот напаѓач од „Гудисон Парк“ го водеше тимот во последните три средби кога го совлада Челзи и одигра нерешено со Манчестер Јунајтед. Добрата серија беше прекината со поразот од Лестер во 1/4 финалето на Купот и тоа по изведување на пеналите. Наредниот меч за Фергусон ќе му биде најверојатно и последен бидејќи неговото место ќе го заземе италијанскиот стратег, Карло Анчелоти …
Author: dino
Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, кој е рекордер со 20 освоени пехари од Грен Слем турнирите, успеа да забележи нов рекорд. Имено, 38-годишниот ветеран е првиот играч во историјата со 1.000 недели поминати во Топ 30 на светската АТП листа. Еден од најдобрите играчи на денешницата прв пат влезе меѓу најдобрите 30 на АТП листата во октомври во 2000 година и досега остана таму во континуитет. Федерер може да се пофали со неколку врвни достигнувања, пример, има 103 титули и се наоѓа на второто местo веднаш за Џими Конорс кој има 109. Швајцарецот е рекордер по бројот на поминати недели…
Кошаркарите на МЗТ Скопје доцна синоќа забележаа сигурна победа на гостувањето во Тузла кај Слобода со 82-69 во рамките на АБА2 лигата. Иако популарните „штркови“ славеа убедливо нивниот тренер, Ѓорѓи Кочов, изјави дека кошаркарите не смеат да си дозволат опуштање во финишот на мечот. „Мораме да бидеме задоволни како одигравме во одбраната. Малку се опуштивме во финишот на мечот, но, тоа не смее да ни се случува без разлика каков и да е резултатот. Играчите мора да бидат професионалци и не смеат да си дозволат такви падови во играта“ – нагласи тренерот на МЗТ Скопје. Нашиот состав во наредната рунда…
Голманот на фудбалскиот состав Јувентус, Џанлуиџи Буфон, кој на мечот со Сампдорија го изедначи рекордот на Паоло Малдини од 647 натпревари во Серија А, верува дека уште може да покаже на теренот. 41-годишниот чувар на мрежата не размислува за пензионирање. „Знам дека сè уште можам да имам многу убави емоции со соиграчите. Има уште многу моменти што можам да ги доживеам. Повлекување? Искрено, тоа е многу далеку“ – вели Буфон. „Пред две години, одлучив да се повлечам, но, тогаш животот ми даде други прекрасни можности. Судејќи според мојата физичка подготвеност, ќе си направам проблем ако се откажам. Имам големи одговорности…
Арсенал треба да му плати на Манчестер Сити два милиона фунти за ангажманот на Микел Артета. Шпанскиот фудбалски тренер кој му е асистент на Пеп Гвардиола на „Етихад“, треба да седне на тренерското столче кај „топчиите“. Назначувањето на Артета е се поизвесно откако Арсенал ја одложи денешната закажана прес-конференција на привремениот менаџер, Фреди Љунгберг, со надеж дека утре пред новинарите ќе се појави новиот тренер. Англиските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот може да остане во стручниот штаб и да биде еден од помошниците. Артета ќе добие договор за 3,5 години. Луѓето од Арсенал се надеваат дека новиот тренер ќе го предводи…
Првите луѓе на Милан ја разгледуваат можноста да ја прекинат соработката со Анте Ребиќ кој настапува како позајмен фудбалер од Ајнтахт Франкфурт за да пренасочат дел од парите за купување на Златан Ибрахимовиќ. Хрватскиот репрезентативец во изминатото лето беше ангажиран на позајмица за две сезони со опција да му се откупи договорот за 25 милиони евра. Сега медиумите шпекулираат дека „росонерите“ во јануари ќе ја прекинат соработката со Ребиќ и поголем дел од парите ќе ги искористат за евентуален ангажман на популарниот Ибра-кадабра кој последен пат настапуваше во МЛС лигата во САД. Ребиќ најверојатно ќе се врати во Ајнтрахт откако…
Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски, кој ги брани боите на Еурофарм Пелистер, е прогласен за најдобар голман во регионалната ракометна конкуренција – СЕХА лигата. Членот на Битолчани според статистичките показатели од досегашниот дел на сезоната убедливо го држи првото место. Митревски во одиграни 10 кола во групната фаза во СЕХА лигата запишал 89 одбрани. Веднаш до него е членот на Мешков Брест, Иван Матскаевич кој има 88 одбрани додека чуварот на мрежата на Металопластика, Тодор Јандриќ, има 87 успешни интервенции. Во топ 5 се уште и Игор Чуприна од Татран Прешов (78) и Морено Сар од Нексе (78).
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од полуфиналето во Лига на нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 26 март. Управниот одбор на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Барселона и Реал Мадрид доцна вечер (20.00 ч) на стадионот –„Камп Ноу“ ќе го одиграат големото фудбалско дерби на Шпанија.Во пресрет на „Ел Класико“, дефанзивецот на „кралевите“, Рафаел Варан, вели дека знае како да ја запре првата ѕвезда на домаќините, Лео Меси. „Него не може да го чувате како другите. Мора целиот тим да се насочи да го запре. Мора да се браниме со сите играчи“ – потенцираше младиот Французин. „Треба само да го ограничиме неговото движење на мал простор. Така ќе имаме повеќе шанси да го запреме Меси“ – вели младиот дефанзивец на Реал Мадрид кој е еден од…
Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ, се наоѓа пред излезната врата од „Олд Трафорд“, наведуваат денеска британските медиуми. Според нив, искусниот играч иако ја санираше повредата и успеа се врати на теренот, нема желба да остане кај „црвените ѓаволи“ бидејќи ја нема довербата на тренерот, Оле Гунар Солскјер. Тоа се виде и на претходниот меч со Евертон во Премиер лигата кога не беше ставен на листата на фудбалери. Денеска „Дејли Телеграф“ објави, дека Матиќ во јануари може да потпише за италиајнскиот состав Интер и да им се приклучи на поранешните соиграчи, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку
