Author: dino

Шпанскиот фудбалски тренер, Микел Артета, ќе седне на клупата на Арсенал, најавуваат медиумите во Англија. Досегашниот помошник на Гвардиола во Манчестер Сити се согласил да ја прифати понудата на „топчиите“ и да се преселели на „Емирати“. Тој ќе потпише договор за 3, 5 години и ќе заработува по 5 милиони евра на сезона. Артета иако има искуство од тренерската клупа, прв пат ќе ја има  улогата  како шеф на стручниот штаб. Негови помошници ќе бидат Родолфо Борел кој исто така ќе го напушти тимот на „граѓаните“ како и Доминик Торент кој има работено во екипите на Барселона, Баерн Минхен и…

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе направат се што можат за да го вратат во татковината младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој прикажува блескави партии од почетокот на сезоната. Доколку тоа навистина се случи, тогаш „граѓаните“ ќе ја поправат грешката што ја направија претходно кога му дозволија на Санчо да си замине од „Етихад“ и да потпише за „милионерите“ од Германија. Медиумите во Англија наведуваат дека тренерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, ќе одвои околу 90 мил. фунти за да го покрие целото обештетување за младиот напаѓач.

Read More

Францускиот фудбалер, Жан Клер Тодибо , се согласил да ја напушти Барселона и да се пресели во италијанскиот гигант Милан. Според медиумите на „Чизмата“, црномурестиот играч кој годинава во јануари потпиша за Каталонците, но, не ја доби вистинската шанса, сега ќе настапува за тимот од „Сан Сиро“. На Апенините тврдат дека Милан ги договорил личните услови со фудбалерот и дека треба челниците на двата тима да се договорат околу обештетувањето што треба да го добијат Шпанците. Се проценува дека трансферната вредност на Жан Клер Тодибо е од 20 до 25 милиони евра, но, не е исклучена можноста тој да биде…

Read More

Поголем дел од фудбалерите на Арсенал не се согласуваат Микел Артета да го преземе кормилото на „топчиите“ кои по заминувањето на Унаи Емери, работат под диригентската палка на Фреди Љунберг. Нивната реакција доаѓа откако медиумите во Англија објавија дека сегашниот помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити може да биде ангажиран на тренерското местов „Мирор“ тврди дека неколку играчи јасно изјавиле дека немаат желба да ги води Артета. Според наведеното во текстот, тие бараат искусен специјалист да го замени Љунберг кој времено ја врши должноста на тренер. Арсенал се наоѓа на 10-то место во Премиер лигата со заостанување од седум…

Read More

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, неколку денови тренира со полна пареа и може да биде дел од  претстојното четврт-финале во Лига Купот против Колчестер Јунајтед. Португалскиот интернационалец кој во тековнава сезона се измачува со серија на повреди, одигра само три меча за „црвените ѓаволи“. Тој последен пат се појави на теренот на 6 октомври на дуелот со Њукасл одигран во рамките на Премиер лигата.

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците во групата Ц од „златната лига“. Македонија премиерно ќе настапи во групата со Турција, Португалија и Чешка. Нашите одбојкари воопшто нема да имаат лесна задача бидејќи само победниците на трите групи и најдобриот втор тим ќе обезбедат пласман на фајнл-форот. Другите две групи се исто така максимално атрактивни. Во групата „А“ ќе играат Белгија, Словачка, Шпанија и Романија, додека во групата „Б“ силите ќе ги одмерат: Украина, Холандија, Белорусија и Естонија. Првите натпревари во Златната лига ќе бидат одиграни догодина во месец мај.

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија го наплати ваучерот добиен од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 5.535.000 денари како донација од Државната видео лотарија на Македонија. Згора на тоа КФСМ ќе добие и дополнително спонзорство од 10.000 евра. Првиот човек на нашата кошарка, Перо Антиќ и претставничката на Државната видео лотарија Вики Чадиковска на средба со новинарите ги открија сите детали од договорот. „Државната видео лотарија ќе ја помогне КФСМ со 6.150.00 денари. Дел од парите ќе бидат спонзорство дел ќе бидат донација. Големо е задоволството да се има партнер како Државна видео лотарија која прва застана зад нас.…

Read More

Фудбалската експедиција на Ливерпул денеска замина на пат за Катар за да учествува на светскиот клупски шампионат. Тренерот, Јирген Клоп, ќе ги нема на располагање Фабињо, Матип и Дејан Ловрен кој се повреди на мечот против Салцбург во ЛШ. Затоа на списокот е ставен Вајналдум кој успеа да ја санира повредата. „Црвените“ во полуфиналето од клупското СП ќе играат со мексиканскиот претставник Монтереј кој вчера го елиминираше домаќинот Ал Саад откако го совлада со 3 спрема 2.

Read More

Кошаркарскиот интернационалец од Словенија во редовите на Далас, Лука Дончич, кој се повреди на мечот со Мајами, набрзо може да се врати во тренинг процес, објавија медиумите во САД. Прегледите на скочниот зглоб на десната нога покажале дека станува збор само за истегнување на лигаментите и дека ќе треба само краток процес на рехабилитација. Подетални информации околу враќањето на Дончиќ на кошаркарските терени се очекува во наредните денови кога ќе му бидат направени деталните прегледи во Далас.

Read More

Mакедонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, го продолжи договорот со унгарскиот состав Веспрем за уште две години. Тој во еден од најсилните европски клубови ќе остане до 2022 година. Левото крило кое ги бранеше боите на Борец,  Металург,  Вецлар,  Вардар и на Рајн Некар Левен, веднаш ја прифати новата понуда на раководството на клубот. Веспрем е двократен победник на регионалната СЕХА лига а во 2008 година го освои и Купот на победниците на Куповите. Унгарците во тековнава сезона во Лигата на шампионите се  втори во групата Б со 14 бодови а нашиот интернационалец во елитата има постигнато 12 гола.

Read More