Author: dino

Екипата на Монтереј од Мексико обезбеди место во полу-финалето на Светското клупско фудбалско првенство Катар откако со 3 спрема 2 го совлада домаќинот на турнирот Ал-Сад. Нареден противник на мексиканците ќе им биде авропскиот шампион Ливерпул кој директно обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи. Таму фигурира и првакот на Јужна Америка, Фламенго. Бразилците во последниот елиминациски филтер ќе излезат на мегдан со екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија која претходно  со 1:0 ја совладаа Есперанса од Тунис.

Read More

Фудбалерот на Фирентина, Франк Рибери, денеска бил опериран во болницата во Германија откако пред речиси две седмици заработи потешка повреда на мечот со Лече во Серија „А“. Иако лекарскиот тим на „виолетовите“ се обиде да го надмине проблемот без оперативен зафат, очигледно повредата на скочниот зглоб била многу посериозна а самата интервенција неопходна. Според објавата на калчо-лиггашот, враќањето на крилниот офанзивен играч се очекува некаде во март наредната година. Неговиот тим по 15 кола во Серија „А“ се наоѓа дури на 13-то место на табелата.

Read More

Италијанката, Софија Гоџа е победничка на денешната Супер Џи трката реализирана во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање. Таа до прва сезонска победа  стигна за 1.стотинка побрзо од сонародничката, Фредерика Бриџоне. Главната фаворитка, Микаела Шифрин заврши на третата позиција. Американката на осум сезонски трки успеа по шести пат да обезбеди место на пиедесталот. Машкиот слалом  во францускиот Вал Дизер е презакажан за утре бидејќи денеска лошите временски услови не дозволија да се реализира.

Read More

Интернационалниот мајстор, Никола Николовски, е победник на возобновениот шаховски турнир – „Скопје Опен“, кој заврши доцна синоќа со учество на околу 80 шахисти. Според стартниот рејтинг тој беше трет носител на турнирот но, успеа да дојде до првото место на табелата со 7,5 бодови од 9 партии во кои забележа шест победи а три пати ремизираше. Со идентичен ефект како и 21-годишниот шахист од Македонија беа и ИМ Борољуб Златановиќ (Србија) и ИМ Вјачеслав Тиличеев (Русија), кои на крајот според „тај-брејк“ критериумите (популарно познат како „Бухолц“) беа рангирани на второто и третото место. „Скопје Опен“ е предвесник за поубава шаховска…

Read More

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, вели дека нема по секоја цена да купува нови фудбалери во јануарскиот преоден рок иако „сините“ добија дозвола да се засилат откако арбитражниот Суд им ја преполови суспензијата за купување на играчи. „Добро го познавам тим и задоволен сум од атмосферата што ја имаме. Ние се развиваме а последните лоши резултати се дел од процесот“ – вели Лампард. „Нема потреба да купуваме фудбалери по секоја цена. Доколку ни се укаже шанса да дојдеме до квалитетен играч, тогаш ќе ја искористиме. Задоволен сум од составот што го имам. Ние треба да продолжиме да работиме“ изјави Лампард за…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска ја продолжи соработката со англискиот елитен состав, објавија медиумите на Островот. Германецот кој по подолг период успеа да ја донесе титула од Лигата на шампионите на стадионот – „Енфилд“ , се реши да ја прифати понудата и да ја продолжи верноста до 2024 година. „Со ваква организација и поддршка од трибините не можам да помислам на заминување. Не постои подобро место на светот од „Енфилд“. Клубот се развива од ден на ден и затоа решивме да постигнеме нов договор“ – изјави Клоп. Неговиот клуб во тековнава сезона во  Премиер лигата има ефект…

Read More

Медиумите во Шпанија најавија дека екипата на Барселона можа да испрати понуда за играчот на Интер, Мартинез Лаутаро, кој со неговите 13 гола и три асистенции на 21 меч, веднаш им падна в очи на фудбалските гиганти од Европа. Затоа не изненадува најавата дека тимот од Каталонија ќе се обиде да ја активира откупната клаузула на аргентинскиот репрезентативец која изнесува 111 милиони евра. Ќе потсетиме дека Интер за потписот на Лаутаро му плати на аргентинскиот Расинг скромни 25 милиони евра. Доколку се остварат најавите, тогаш Лаутаро може да се пресели на „Камп Ноу“ и во догледно време да биде вистинска…

Read More

Весникот –„Мирор“, денеска објави, дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат во јануари да го ангажираат фудбалерот на Дортмунд Борусија, Џејдон Санчо. Бидејќи „милионерите“ бараат за младиот играч големи 100 милиони евра, јасно е дека ќе биде скратен списокот на екипите што ќе конкурираат за неговиот потпис. Англиските медиуми повикувајќи се на извори блиски до клубот од „Олд Трафорд“, потенцираат дека „црвените ѓаволи“  дефинитвино ќе бидат во таа група. 19-годишниот англиски интернационалец во тековнава сезона во Бундес лигата одигра 12 меча со ефект од 7 голови и исто толку 7 асистенции.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Вилијан, верува дека наскоро ќе потпише нов договор бидејќи тековниот му истекува по крајот на сезоната. „Неколку пати реков дека сакам да останам во Челзи. Многу го сакам клубот. Се чувствувам  добро тука заедно со моето семејство. Ние сакаме да живееме во Лондон. Сега во средината на сезоната не сакам да размислувам за договорот. Мојот агент и клубот ќе преговараат и се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести “ – рече Вилијан. 31-годишниот Бразилец кој го облече дресот на „сините“ во 2013 година, во тековнава сезона има одиграно 15 натпревари во Премиер лигата со…

Read More

Поранешниот фудбалски дефанзивец на Арсенал и на Челзи, Ешли Кол, ги коментираше најавите дека Карло Анчелоти може да го преземе кормилото на „топчиите“. Левиот бек иако го пофали Италијанецот, нагласи, дека претпочита Љунберг да  добие перманентен договор. Поранешниот шведски фудбалер кој нема про-лиценца, беше поставен како времено решение по заминувањето Унаи Емери. „Анчелоти е одличен тренер и претходно направи одлична работа со Челзи. Ми се допадна не само како менаџер, туку и како човек. Од другата страна, Фреди Лунгберг е долго време во клубот и може многу да му даде. Тој е мој пријател и се надевам дека може да…

Read More