Author: dino

Поранешниот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Рафа Бенитез, верува дека „црвените“ ќе успеат конечно да се израдуваат на победничкиот пехар во Премиер лигата на Англија. Клубот од „Енфилд Роуд“ нема трофеј од 1990 година. „Мислам дека одлично им оди во сезонава. Тие тешко губат натпревари во серија. Навистина потрошија многу пари, но, успеаа да ги донесат вистинските играчи што ги бараше менаџерот“ – истакна шпанскиот тренер за – „Скај Спортс“. Ливерпул по 16 кола во Премиер лигата ја држи првата позиција со 46 бодови пред Лестер со 38 и актуелниот шампион Манчестер Сити кој заостанува големи 14 бодови.

Read More

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел, имал непријатна случка во неговиот дом кога паднал и го повредил лицето по што морал веднаш да замине и на хируршка интервенција, објавија медиумите во Германија. Тоа го потврди и тренерот на тимот, Лусијан Фавре. „Не можевме да разговараме со него бидејќи беше на интензивна нега во болница. Тој нема да игра до крајот на годината. Навистина голема штета за него и за нас“- изјави тренерот на „милионерите“. Интернационалецот од Белгија во 2018 година го напушти кинескиот состав Тијанџи и потпиша за бундес-тимот. Тој во тековнава сезона одигра 21 меч со ефект од три…

Read More

Скијачот од САД, Томи Форд, успеа да ги израдува домашните навивачи во американскиот ски-центар Бивер Крик откако победи во денешната веле-слаломска трка возена во рамките на Светскиот Куп во алпско скијање. Тој по двете трки оствари вкупно време од 2:31.23 минути што беше доволно за првото место. Зад него се пласираа Норвежаните, Хенрик Кристоферсен и Леиф Кристијан Хауген. Во дисциплината веле-слалом на првото место е денешниот победник Форд со 150 бодови пред Французите, Метју Фавре со 120 и Алексис Пинтуро со 114 бодови. Во генералниот пласман во Светскиот Куп, лидер е Австрецот, Матијас Мајер со 233 бодови пред неговиот сонародник…

Read More

Германката, Викторија Ребенсбург, победи во премиерниот супер-велеслалом во новата сезона во алпско скијање кој беше возен на патеката во канадскиот Лејк Луис. Таа за цели 35 стотинки оствари подобро време од Италијанката, Никол Делаго кој се искачи на второто место на подимумот. Третото го пополни  Швајцарка, Корине Сутер. Скијачката од САД, Микаела Шифрин, која е на лидерското место во генералното рангирање денеска го освои десеттото место. Според календарот, наредниот викенд скијачките ќе се вратат во Европа и тоа во швајцарскиот зимски центар Сент Морис. Таму ќе бидат трките во веле-слалом и паралел-слалом.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Барселона, Тер Штеген, во досегашниот дел од сезоната има повеќе асистенции од големата ѕвезда на Реал Мадрид, Езен Азар, како и од неколку врвни играчи во најсилните европски првенства. Статистиката вели дека чуварот на мрежата на Каталонците досега направи само две асистенции. Првата беше во седмото коло на теренот на Гетафе а втората дојде на вчерашниот меч со Мајорка кога неговиот тим победи со 5:2. Сепак и тој ефект му е доволен на Тер Штеген да биде на листата пред напаѓачите од типот на: Азар, Стерлинг, Нејмар,  Кристијано Роналдо,  Ериксен, Мертенс, Лаутаро и уште неколку врвни…

Read More

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, кој е рекордер со дваесет освоени титули на Грен Слем турнирите, откри дека најголемиот идол во детството не му бил тенисер туку кошаркар на Чикаго Булс. „Мојот идол беше Мајкл Џордан веднаш до Борис Бекер и Стефан Едберг. Сепак, Мајкл беше мојот наголем идол“-  рече 38-годишниот Швајцарец, цитиран од Тенис Ворлд. „Мојот голем сон се исполни кога станав број еден на светов. Треба да тренирате и да работите напорно во текот на целата година. Мојата Гренд слем титула освоена на „Вимблдон“ во 2013 година од неколку прични ќе ми остане најмила“ – искоментира меѓу друготот Федерер.…

Read More

Фудбалерите на Селтик успеаа по четврти пат да го освојат победничкиот пехар во Лига Купот на Шкотска откако во големото финале го совладаа вечниот ривал Глазгов Ренџерс со минимални 1 спрема 0. Единствениот гол на мечот беше дело на Кристофер Оферие во 60-та минута. Треба да се потенцира дека екипата на Нил Ленон во 63 минута остана со човек помалку кога Фримпонг доби црвен картон откако во шеснаесетникот го собори противничкиот напаѓач, Алфредо Морелос.  Во тој миг Ренџерси имаа пенал, но, голманот на „детелинките“, Фрејзер Форстер, успеа да го одбрани шутот на Морелос. Фудбалерите на Стивен Жерард иако до крајот…

Read More

Репрезентативките на Норвешка во Биатлон успеаа да победат во денешната штафетна трка 4х6 км која во тешки временски услови беше реализирана на патеката во шведското зимско одморалиште -Остерсунд. Норвежанките постигна вкупно време од 1:11:08 часа и успеаа да слават пред биатлонките на Швајцарија кои мораа да поминат четири дополнителни круга на стрелиштето. Домашната селекција на Шведска на крајот го пополни третото место на пиедесталот откако заработи казна од  10,2 секунди. Во светскиот екипен куп кај жените првото место го има Норвешка пред Шведска и селекцијата на Германија. .

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Луис Суарез, кој синоќа го постигна петтиот гол за триумф против Мајорка со 5:2, вели дека тој погодок  му е најубавиот во досегашниот дел од кариерата. „Тоа е мојот најубав гол. Знаев дека аголот е мал и мојата последна опција беше да ја удрам топката со пета. Само така имав шанса да го совладам голманот“ – вели Суарез. Уругваецот со вчерашниот гол успеа да влезе на листата на стрелците што постигнале погодок против секоја екипа со која играле во Примера Дивизион. Тој досега има постигнато 139 голови против 28 различни состави.

Read More

Ракометарите на Вардар в понеделник на домашен терен ќе го пречекаат Татран Прешов во претпоследниот меч од групната фаза во СЕХА-лига. „Својата цел ја исполнивме и влеговме во четвртфиналето. Остануваат уште два меча, наша цел е да оствариме барем три бода за да го обезбедиме првото место во групата. Откако ќе го завршиме сегашниов дел од сезоната ќе имаме состанoк со претседателот на клубот и ќе решиме околу тренерското место“ –  рече стратегот на Вардар, Едуард Кокшаров. Крилото, Димитар Димитриоски, посакува победа на последниот домашен меч во годинава која изминува. „Знаеме дека последен пат ќе играме на домашен терен во годинава.…

Read More