Возачот на Ферари во Формула 1, Чарлс Леклер, се осврна на шпекулациите дека Луис Хамилтон може да си замине од шампионскиот состав на Мерцедес и да се пресели во италијанскиот тим. „Ако тоа се случи, ќе му посакам добредојде. Имав прилика да возам со Фетел и научив многу. Сакам да учам од шампионите“ – изјави младиот Леклер. Британскиот возач кој има договор со Мерцедес за уште една сезона, се почесто е предмет на шпекулација дека може да си замине од германскиот тим кој доминира во така наречениот –„циркус на тркала“.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари пред утрешното гостување на теренот на Лацио се соочува со одредени проблеми во ростерот. Германскиот репрезентативец, Сами Кедира, се подготвува за операција додека Арон Рамзи, кој ја обнови повредата на мускулот на левата нога, ќе мора да паузира подолг период и ќе го прескокне мечот со „римските орли“. Според медиумите на „Чизмата“, тренерот на Јуве за мечот на „Олимпико“ нема да може да ги користи услугите и на Даглас Коста додека искусниот Кијелини е надвор од стројот откако се повреди во почетокот на сезонава.
Дрис Мертенс кој на крајот на сезоната ќе го напушти фудбалскиот состав на Наполи, влегува во радарот на повеќе италијански екипи. Според последните наводи за услугите на луцидниот играч се заинтересирани: Рома, Јувентус и Интер. Во таа конкуренција како прв фаворит за неговиот потпис се наметнуваат „нероаѕурите“ бидејќи тренерот Антонио Конте и првиот човек на Интер, Џузепе Марота, сакаат да го ангажираат на стадионот – „Џузепе Меаца“. Мертенс во изминатите шест сезони има одиграно 296 натпревари за Наполи со ефект од 116 голови и 69 асистенции.
Челниците на фудбалскиот состав Арсенал по вчерашниот пораз на домашен терен од Брајтон во рамките на Премиер лигата, најавиле дека планираат да го ангажираат тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Според весникот –„Мирор“, доколку искусниот стратег од Аргентина се определи да си замине од стадионот –„Винсенте Калдерон“ бидејќи неговиот тим има лоша сезона, тогаш „топчиите“ ќе му испратат примамлива понуда. Арсенал во моментов го води Швеѓанецот, Фреди Љунгберг, кој е само времено решение по заминувањето на Унаи Емери.
Англиските медиуми најавија дека Дејвид Мојс ќе се врати на кормилото на Евертон откако доцна синоќа клубот ја прекина соработка со тренерот Силва. Мојс во јуни во 2013 година ги напушти „карамелите“ и го наследи легендарниот, Сер Алекс Фергусон, на клупата на Манчестер Јунајтед, но, неговата кариера траеше кратко на „Олд Трафорд“. Ќе потсетиме дека 56-годишниот фудбалски стратег го водеше тимот од „Гудисон парк“ од 2002 до 2013 година. Додека да се реализира најавениот ангажман на Мојс, екипата на Евертон ќе ја води Данкан Фергусон.
Медиумите во Шпанија објавија дека тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема намера да се откаже од идејата да го купи фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Стратегот од Франција и во текот на летото имаше намера да го ангажира неговиот сонародник, но, „црвените ѓаволи“ не сакаа да се разделат со големата ѕвезда. Тие намерно поставија неверојатна голема трансферна цена само за да ги откажат „кралевите“ од идејата да го купат Погба. Сега целата работа се очекува да ја реши агентот задолжен за трансфери, Мино Раиолоа, кој треба да ги убеди челниците од „Олд Трафорд“ да го ослободат…
Нашата најдобра фудбалска репрезентација која во премиерната сезона на Лигата на нации го освои првото место во групата „Д“, во наредната ќе игра во погорен ранг или во групата – „Ц“. Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска ги објави шеширите пред ждрепката на 3. март 2020 година во Амстердам (Холандија). Сигурно е дека нема да играме против Косово (наш противник во претстојното полу-финале) како и против Белорусија и Кипар кои се заедно со нас во вториот шешир. Лига на нации (сезона 2020/21) – „Ц“ лига Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар Трет шешир: Естонија, Словенија,…
Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да дојдат до услугите на Кристијан Ериксен. Според информациите, тимот од – „Олд Трафорд“ за да го добие потписот на Данецот, направил посебен план во кој е вклучен и Немања Матиќ миленикот на Мурињо кој неодамна го презеде кормилото на „Спарси“. Познато е дека играчот на Тотенхем кој има договор со лондончани до наредното лето, јавно порача дека сака да ја промени средината. Ќе потсетиме дека за неговите услуги се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус а сега според англиските медиуми и екипата на Манчестер Јунајтед.
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, имаше некоректна реакција кон тренерот Сари кога беше заменет на меч во Серија „А“. На тој момент реагираа неколку поранешни фудбалери на „старата дама“ а последен тоа го направи Никола Аморусо. Тој вели дека Португалецот е премногу стар за современиот фудбал и дека само се влече по терените во последните неколку месеци. „Роналдо мора да разбере дека доаѓа време кога се почесто ќе биде заменет за да се одмори. Роналдо не може постојано да игра“ – вели Аморусо.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нареди ВАР системот да го има на секој плеј-оф натпревар за пополнување на бројката на учесници на претстојното Европско првенство во 2020 година. Тоа значи дека системот за проверка на спорните ситуации на фудбалските терени за прв пат ќе биде монтиран и во нашава земја и тоа на мечот меѓу Македонија и Косово кој ќе се одигра во рамките на полу-финалето во Лигата на нации. УЕФА соопшти дека ВАР – системот ќе биде задолжителен и на квалификациските мечеви за Мундијалот во 2022 година.
