Author: dino

Поранешниот менаџер на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е подготвен да му помогне на сегашниот ментор на тимот, Фреди Љунгберг. Швеѓанецот го презеде кормилото на лондончаните во ноември откако шпанскиот стратег, Унаи Емери заработи отказ. Познато е дека Фреди настапуваше во редфовите на 2топчиите“ од 1998 до 2007 година токму под тренерската палка на Арсен Венгер. „Секогаш сум среќен што помагам на моите поранешни играчи и на мојот поранешен клуб. Ако му треба, секако, јас сум на располагање. Не сакам да зборувам премногу за Арсенал. Моето срце е со клубот и сакам да успеат. Фреди е одличен. „Тој…

Read More

Дефанзивниот  фудбалер на Евертон, Лук Дин, кој има договор до 2023 година, ќе добие предлог да ја продолжи соработката и по тој период, објавија денеска медиумите во Англија. 26-годишниот Французин кој е еден од ретките стандардни фудбалери во редовите на така наречените – „карамели“ , дефинитивно влегува во долгорочните планови на тренерот Марко Силва. Ќе потсетиме дека Лук во 2018 година ја напушти Барселона за 20 милиони евра и се пресели на -„Гудисон парк“. Неговата сегашна трансферна вредност се проценува на околу 90 милиони.

Read More

Ракометарите на Вардар со одлични 15 минути во завршницата успеаа да излезат триумфално од салата на Војводина. „Црвено-црните“  успеаа да ја забележат седмата победа во СЕХА лигата откако ја корегираа одбраната а голманот Гедбан нанижа неколку успешни интервенци. Шампионот на Србија иако имаше предност во поголемиот дел од мечот, на крајот не го издржа притисокот и остана без бодови. Во редовите на победничкиот тим  најпрецизен беше Дибиров со 11 голови додека Атман постигна еден помалку. Кај домаќините Грозданиќ  застана на 11 голови. Вардар останува лидер во групата „А“ со 21 бод пред Мотор Запорожје кој има 18. Војводина и Татран…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно одиграа драматичен меч  кој го загубија со само еден гол разлика. Во салата во Битола во рамките на групата „Б“ во СЕХА конкуренцијата,  екипата на ППД Загреб успеа да слави со 28 спрема 27. Гостите од Хрватска откако одлично го отворија мечот успеаа да ја сочуваат предноста до самиот крај и на некој начин заслужено да ги однесат бодовите. „ Во редовите на домашниот тим најпрецизен беше Остроушко со 7 голови додека крилото на гостите, Златко Хорват, имаше сто процентен ефект од 10 погодоци од исто толку обиди. Нашиот тим пред гостувањето во Унгарија кај…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека напаѓачот на Барселона, Лео Меси, сосема заслужено ја доби наградата –„Златна топка“ на вчерашната гала-вечера во Париз. Според искусниот стратег,  Аргентинецот покажал најмногу иако и дефанзивецот на неговиот тим Вирџил, Ван Дајк, имал блескави партии. „ Меси е веројатно најдобриот играч  што го имам видено. Сосема заслужено по шести пат ја освои наградата“ – вели Германецот. „Не можам да се сетам кога еден дефанзивец имал толку импресивна сезона. Ја освоивме ЛШ  а во Премиер конкуренцијата имавме 97 бодови“ – нагласи Клоп алудирајќи дека и неговите играчи пред се Холанѓанецот, Ван Дајк,…

Read More

Данскиот фудбалски интернационалец, Кристијан Ериксен, кој има договoр со Тотенхем до летото во 2020 година, нема намера да ја продолжи соработката со премиер-лигашот, најавија повеќе медиуми во Англија. Според напишаното, „Спарси“ сакаат да му понудат нов далеку подобар договор од финансиски аспект, но, искусниот играч не сака да го прифати бидејќи има намера да си замине. Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објавија дека Јувентус ќе се обиде да му парира на Реал Мадрид кој од претходно покажа дека е заинтерсиран за потписот на Ериксен. Се проценува дека неговата трансферна вредност нема да биде поголема од 50 милиони евра.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, по рекорден шести пат ја освои престижната награда – „Златна топка“ која му беше врачена на денешната гала-свеченост во Париз. Тој успеа да ја добие трката со играчите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах. Аргентинецот  претходно ја прими наградата и во: 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година. Меган Рапино која настапува за Реин и за селекцијата на САД, беше прогласена за најдобра кај дамите. Таа на Светското првенство ја предводеше нејзината земјадо шампионската титула. Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман заврши во рацете  Алисон Бекер кој со неговиот Ливерпул ја освои Лигата на…

Read More

Фудбалерите, Пол Погба и Скот Мектоминеј, може да се појават во дресот на Манчестер Јунајтед на дербито со Тотенхем закажано за в среда на – „Олд Трафорд“. Французинот кој речиси два месеца се рехабилитираше по повредата на скочниот зглоб влегол во тренинг процес и може да му биде на располагање на тренерот Солкјер. Што се однесува до Мектоминеј, кој се повреди додека играше за шкотската репрезентација и пропушти три натпревари, најверојатно успешно ќе ги помине сите фитнес-активности и ќе може да игра на мечот со „Спарси“. „Црвените ѓаволи“ ги очекува пеколен распоред во наредните седум денови. Прво ќе бидат домаќини…

Read More

Првата ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус, Кристијано Роналдо, нема да присуствува на денешната гала свеченост во Париз на која ќе биде доделена традиционалната награда –  „Златна топка”. Откако беше обелоденето дека таа најверојатно ќе заврши во рацете на Лео Меси, Португалецот одлучил да го бојкотира настанот. Покрај Аргентинецот како фаворити за престижното признание се споменуваат играчите на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах, кои ја освоија титулата во Лигата на шампионите. Според – „Спорт Медиасет”, Роналдо ќе присуствува на церемонија во Милано за да ја прими наградата за најдобар играч во претходната Сезона во Серија „А“ кога прв пат заигра во Италија…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, сака да го освежи нападот откако во 15 кола во Примера Дивизион неговиот тим постигна скромни 16 голови. Според медиумите, главна трансферна цел на „јорганџиите“ ќе биде корпулентниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани. Голгетерот од Уругвај кој ја реализира последната сезона од договорот со „светците“ во меѓувреме по доаѓањето на Мауро Икардио го загуби и местото во првата постава Затоа се претпоставува дека шпанскиот тим ќе се обиде да го ангажира Кавани со поволна понуда уште во зимскиот трансфер период или шест месеци пред да му истече договорот.

Read More