Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Лео Дуарте, ќе биде надвор од спортот во наредните 3 до 4 месеци, потврди клубот. Бразилецот заработи потешка повреда на петата и ќе има долг процес на рехабилитација. Тој не играше на дербито со Наполи пред една недела а последните испитувања покажале дека неговата повреда е сериозна и затоа веднаш бил опериран. Дуарте во текот на летото го напушти бразилскиот Фламенго и го облече дресот на „росонерите“. 23-годишниот дефанзивец со неговите добри партии успеа да се избори и за место во стартната постава.
Author: dino
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, кој ја обнови повредата на дуелот со Борусија Дортмунд, нема да се појави на терените до крајот на годинава, потврди денеска шпанскиот елитен состав. Црномурестиот фудбалер откако во 2017 година пристигна на „Камп Ноу“ за големи 140 милиони евра, во континуитет се соочува со повреди и сега ќе мора да го пропушти и така нареченото „Ел класико“ против Реал Мадрид. Според соопштението на Каталонците, напаѓачот нема да игра на најмалку шест средби и тоа против: Атлетико Мадрид, Мајорка, Интер, Сосиедад, Реал Мадрид и Алавеш.
Еден од главните дефанзивни фудбалери на Јувентус, Леонардо Бонучи, не сака да игра против екипата на Тотенхем во елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Неговата изјава доаѓа откако „старата дама“ од Торино на едно коло пред крајот на групната фаза успеа да си обезбеди место во елиминациите. „Би сакал да го избегнеме Тотенхем. Со доаѓањето на Мурињо екипата доби квалитет. Тие ќе бидат уште подобри. Мурињо знае како да извлече повеќе од неговите играчи, не сакам да го навредам Почетино, но, тоа е вистината“ – потенцираше легендарниот играч на Јувентус.
Денеска ќе заврши 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Неизвесноста околу патниците за фазата на елиминации ќе биде пристуна до самиот крај бидејќи поголем дел од екипите имаат теоретска шанса да продолжат во фазата на елиминации. Денешната понуда ќе започне во 18.55 часот со два меча. Зенит ќе игра со Олимпик Лион додека Валенсија ќе го пречека Челзи. Во вечерниот термин од 21.00 часот ќе бидат реализирани натпреварите: Ливерпул – Наполи, Генк – Салцбург, Барселона – Борусија Д, Славија П – Интер, Лајпциг – Бенфика и Лил – Ајакс. За денешни возбудувања во елитната конкуренција во фудбалска Европа слушајте…
Германскиот стратег на клупата на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, отворено призна дека не му е лесно да излезе на крај со супер ѕвездата во тимот – Нејмар. „Тој има големо, големо срце, но, за жал, понекогаш е провокативен и тоа е лошо. Jас му го кажувам тоа и тој го прифаќа, но, навистина тешко му оди“ – потенцираше тренерот на фудбалерите на ПСЖ по вчерашното реми на теренот на Реал Мадрид во 5 коло во Лигата на шампионите. „Нејмар е провокативен кога чувствува дека нешто не е добро. Ние некогаш долго разговараме и се смееме иако тоа не помага…
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Карло Анчелоти, свесен дека состојбата во клубот е максимално турбулентна по сите превирања меѓу претседателот Лаурентис и фудбалерите, побара да се спушти топката и сите да се насочат кон денешниот меч со Ливерпул. „Ја имаме првата шанса да обезбедиме пласман во наредната фаза во Лигата на шампионите. Сите во тимот се фокусирани а атмосферата е порелаксирана откако ја прекинавме комуникацијата со медиумите, нема интерна војна“ – вели Анчелоти. „Претседателот Аурелио Де Лаурентис не можеше да дојде во Ливерпул бидејќи имаше долг пат од Лос Анџелес. Се слушаме секој ден и се додека тој ја плаќа…
Откако тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред мечот со ПСЖ посочи дека е заљубен во Мбапе, алудирајќи на неговите блескави партии на теренот, спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, испрати јасна порака за иднината на младиот фудбалер. „Дали тој тоа го кажал? Ништо немам слушнато. Можам да кажам дека Мбапе 100 проценти останува кај нас иако преговорите течат“ – потенцираше Леонардо. Вчерашниот меч во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ одигран во Шпанија заврши нерешено 2:2 а Мбапе беше стрелец на првиот гол за гостите.
Серхио Љуљ, кошаркарот на Реал Мадрид, ќе направи подолга пауза откако се повреди на викенд мечот со Гран Канарија, потврдија медиумите во Шпанија. Тие наведуваат дека се работи за повреда на десниот феморален бицепс и дека дополнителните лекарски прегледи ќе потврдат колку време играчот на „белите“ ќе мора да биде надвор од кошаркарските објекти. Шпанецот во тековнава сезона во Евролигата се појави на девет мечеви и направи просек од 9,4 поени, 3,8 асистенции и 1,4 скокови. Љуљ во домашниот шампионат има просек од 13,6 поени, 3,3 асистенции и 1,3 скока.
Кошаркарот, Кармело Ентони, кој паузираше една година откако го напушти тимот на Хјустон Рокетс, сега ги прикажува посакуваните партии во НБА конкуренцијата во дресот на Портланд Трејд Блејзерс. Тој во првите четири мечеви забележа ефект од 16 поени, 5,3 скокови и едно додавање со што потврдува дека може да се носи рамо до рамо со младите ѕвезди кои допрва се наемтнуваат. Иако враќањето на ветеранот под обрачите за многумина претставува само заокружување на богатата 15-ет годишна кариера, Ентони не мисли во тој правец. „Знам што можам да направам и верувам во мене. Кога ќе дојде прошталната турнеја, ќе дојде. Јас…
Францускиот фудбалски интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, иако даде два гола на вчерашниот меч со ПСЖ во Лигата на шампионите, не успеа да се израдува на нова победа. Дуелот на „Сантијаго Бернабе“ заврши нерешено 2 спрема 2 иако домаќините имаа предност од два гола. Напаѓачот на „белите“ вели дека екипата оди во добар правец и дека ќе биде уште подобра во продолжение од сезоната. „Имавме силен противник, Мислам дека резултатот е добар иако примивме два гола. Ние сме на вистинскиот пат и даваме многу на теренот. Мислам дека допрва ќе го видите нашето вистинско лице“ – нагласи…
