Author: dino

Денеска започнува претпоследната рунда во елитната фудбалска конкуренција на Стариот континент. Дел од екипите немаат натпреварувачки мотиви бидејќи обезбедија место во елиминацискиот дел додека повеќето состави токму преку последните две кола ќе се обидат да го продолжат престојот во Лигата на шампионите. Еве го денешниот распоред по групи. „ А“ Галатасарај  – Клуб Бриж (18.55) и Реал Мадрид – ПСЖ (21.00). Група Б Црвена Ѕвезда – Баерн Минхен и Тотенхем – Олимпијакос, двата меча ќе стартуваат во 21.00. Во групата „Ц“ средбите во Англија и Италија ќе започнат во вечерниот термин. Манчестер Сити  ќе игра со Шахтјор додека Аталанта ќе…

Read More

Аргентинскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин, кој на времето настапуваше заедно со Кристијано Роналдо во екипата на Реал Мадрид, вели дека има голема почит кон Португалецот со кого сега ја дели соблекувалната во Торино. „Знаеме кој е Роналдо, тој е победник, јас се обидувам да му помогнам на тимот, сите сме значајни без разлика дали сме во составот или надвор од него“ – вели Игуаин. Интернационалец од Аргентина на средбата со Аталанта го постигна петтиот сезонски гол и заедно со неговиот сонародник, Пауло Дибала, беа најзаслужни за победата на „старата дама“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред денешниот меч со Шахтјор во Лигата на шампионите, потврди, дека првиот голгетер, Серхио Агуеро, ќе мора да паузира подолг период и дека нема да игра и на дербито со Манчестер Јунајтед закажано во наредниот викенд. „Не знам точно колку ќе паузира, но, тој се соочува со проблеми и ќе мора да паузира на неколку натпревари“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“ на задолжителната средба со новинарите пред средбата со украинскиот состав. „Ќе ни недостасува Серхио, но, како замена ги имаме Габриел Жесус и Рахим Стерлинг.  Двајцата може да играат на неговата позиција“…

Read More
NBA

Легендарниот кошаркар на Лејкерси, Меџик Џонсон, проценува дека сегашната ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс, може да го добие признанието за најкорисен играч во тековнава сезона во НБА лигата. Џонсон кој  беше прогласен трипати за МВП во најсилната светска лига и тоа во 1987, 1989, 1990 година, наброја повеќе играчи кои може да се борат за престижната награда. Тој на првото место го постави Леброн Џејмс пред Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо. Потоа се наредени: Џејмс Харден, Каваи Ленард, Ентони Дејвис, Никола Јокиќ, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Паскал Сијакам, Донован Мичел, Бен Симонс, Кајри Ирвинг, Демиан Лилард, Карл Ентони Таунс и…

Read More

Деонте Вајлдер откако го совлада Луиз Ортиз во Лас Вегас со нокаут во седмата рудна и ја одбрани титулата во тешка категорија во верзијата на ВБЦ, вели дека го има најсилниот удар во историјата на боксот. „Мислам дека заслужив почит. Јас имам најсилен удар во историјата на боксот. Точка“ – вели самоуверено Вајлдер кој гледано од 2015 година по десетти пат успеа да ја одбрани титулата. Тој досега на 43 меча има забележано 42 победи.  Единствениот нерешен меч му беше минатогодишниот против Тајсон Фјури.

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека нема никаква логика да го ангажира ветеранот, Златан Ибрахимовиќ, бидејќи го има според него, најдобриот напаѓач на светов, Хари Кејн. „Фудбалер од калибарот на Златан кој иако има 30-на години и може да игра за било кој клуб во светот, нема никаква смисла да дојде во состав во кој го имаме Хари Кејн“ – рече Португалецот кој е крајно задоволен што може да работи со еден од главните играчи кај Спарси. Ќе потсетиме дека Кејн и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити со по седум голови го делат 7-мото место на…

Read More

Кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ, ќе мора да оди на операција на носот, потврди денеска турскиот елитен состав. Интернационалецот од Србија заработи скршеница на носот на наделниот меч со Дарушафака одигран во рамките на Супер лигата на Турција. Тој по немилиот настан веднаш беше префрлен во болница во Истанбул. Во денешното соопштение на Фенер стои дека Калиниќ по операцијата ќе има посебен процес на рехабилитација под надзор на лекарскиот тим на клубот од Истанбул. Неговиот тим наредниот меч ќе го одигра на домашен терен против рускиот состав Химки во рамките на Евро-лигата.

Read More

Поранешниот тренер на фудбалерите на Евертон, Дејвид Мојс, по цели шест сезони може да се врати на кормилото на популарните „карамели“, објавија денеска медиумите во Англија. Tие потенцираат дека сегашниот стратег на екипата на Евертон, Марко Силва, најверојатно ќе добие отказ и дека ќе го наследи токму Мојс. Тренерот од Шкотска во 2013 година го напушти Евертон за да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но, откако не успеа да ги оствари посакуваните резултати, мораше да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“. Ќе потсетиме дека Мојс цели 11 сезони работеше на „Гудисон парк“ и во…

Read More

Фудбалерите на Тотенхем под водство на новиот тренер, Жозе Мурињо, успеаа да дојдат до полн погодок на викенд гостувањето кај Вест Хем во рамките на Премиер лигата на Англија. За екипата од Лондон тоа беше само четвртата сезонска победа а прва под диригентската палка на Португалецот кој пред неколку денови седна на кормилото на „Спарси“. Првиот голгетер на тимот, Хари Кејн, изјави дека Мурињо им дава голема мотивација на играчите и ја подигнува атмосферата во тимот. „Мурињо освојувал многу трофеји со различни клубови. Јас сум во период кога сакам да се радувам на пехари. Реално за трофеј мораме да гледаме…

Read More

Францускиот фудбалски интернационалец, Антоан Гризман, кој во текот на летото го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Барселона, вели дека му треба време да се адаптира на играта на Католнците. „Сега ги учам движењата на теренот на Меси, Суарез, Дембеле и на другите нашите играчи од средниот ред. Ми треба повеќе време“ – вели напаѓачот на Барса во интервјуто за официјалниот сајт на УЕФА. „Кога ќе ја добијам топката, на одреден начин ми недостасува самодоверба кога треба да додадам или да  шутирам кон голот. Тоа  сигурно ќе се промени како што ќе одминува времето“ – потенцираше Гризман свесен дека…

Read More