Ракометарот на нашиот вице-шампион, Еурофарм работник, Невен Стјепановиќ, кој игра на десната бековска позиција, претрпел успешна операција. Битолскиот клуб на социјалните мрежи објави фотографија со која му пожела успешно опоравување. Искусниот играч доби потешка повреда на коленото на средбата против Мешков Брест одиграна во рамките на СЕХА лигата по што мораше да замине на операција на лигаментите. Стјепановиќ сега ќе има подолг процес на рехабилитација пред да се врати во ракометните арени.
Author: dino
Привремената казна на рускиот атлетичар, Артом Денмухаметов, е укината од страна на Светскиот арбитражен суд. Во јуни, Денмухаметов беше суспендиран бидејќи добивал совети од казнетиот тренер, Владимир Казарин. Ќе потсетиме дека Казарин е осуден на доживотен затвор откако извештајот на Меѓународната агенција за борба против допинг докажа дека тренерот им давал нелегални супстанции на неговите спортисти. Денеска спортскиот суд за атлетика ги отфрли обвиненијата против рускиот атлетичар.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, кој има тековен договор со „граѓаните“ до 2023 година и кој му носи 300.000 фунти неделно, најверојатно ќе добие нов корегиран договор од финансиски аспект, објавија медиумите во Англија. Според наведеното, челниците на тимот сакаат да му понудат на фудбалерот зголемување на платата за 100.000 фунти. Стерлинг кој во тековнава сезона игра одлично како во дресот на Сити така и во селекцијата на „Гордиот Албион“, наводно се наоѓа на радарот на шпанскиот Реал Мадрид. Крилниот фудбал досега има постигнато 14 голови и забележано пет асистенции. Тој вкупно во Премиер конкуренцијата има 208 натпревари со…
Ѕвездата на фудбалскиот состав Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, не сака да го продолжи договорот со „топчиите“ кој му трае до јуни 2021 година. Иако челниците на тимот сакаат да му понудат нова соработка со многу подобри финансиски услови, одличниот напаѓач не сака да избрза со одлуката за да го потпише. -Обамејанг нема да потпишува нов договор со Арсенал затоа што сака да почека за да види дали Барселона е заинтересирана за неговите услуги – пишува – „Дејли меил“. Црномурестиот репрезентативец на Габон во 2018 година ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и се пресели во редовите на „точиите“. Тој досега е…
Аргентинскиот фудбалски стратег, Маурисио Почетино, кој деновиве доби отказ од кормилото на англсикиот Тотенхем, се наметнува како главен кандидат да седне на клупата на Баерн Минхен, пренесе – „Скај Германија. Иако нема потврда дека е направен контакт меѓу двете страни, медиумите најавуваат дека тоа ќе се случи брзо и дека Почетино ќе го преземе кормилото на Баварците. Германскиот состав до крајот на годинава ќе го води Ханс Флик кој е времено решение по заминувањето на Нико Ковач.
Првите луѓе на фудбалскиот состав Милан планираат да ангажираат атрактивни имиња во текот на зимскиот трансфер период. Покрај најавата дека Златан Ибрахимовиќ ќе дојде во редовите на „росонерите“, медиумите во Италија објавија дека на пат кон Милано може да заминат и Немања Матиќ и Лука Модриќ. „Матиќ е желба на Милан бидејќи може да донесе физичка сила и динамика во средниот ред додека Модриќ е сон уште од летото и Бобан прави се за да го донесе во Милано“ – пишува „Газета дело Спорт“.
Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Едерсон, кој поради повреда го пропушти дербито со Ливерпул, се вклучи во тренинзите на „граѓаните“. Тоа значи дека Бразилецот ќе му биде на располагање на тренерот, Пеп Гвардиола, за саботно дерби со Челзи. Шампионите по поразот на „Енфилд“ паднаа на четвртото место на табелата со заостанување од 9 бодови во однос на лидерот, Ливерпул. Во тимот на Манчестер Сити ќе се вратат Давид Силва и Родри додека Лерој Сане, Лапорте и Александар Зинченко, остануваат на списокот на повредени играчи.
Напаѓачот на Евертон, Моjс Кин, признава дека направил грешка и дека подготвен да се бори за место во стартната постава на „Карамелите“. Италијанскиот репрезентативец пред средба во Премиер лигата по што беше казнет од клубот. Кин откако изјави дека е подготвен да ја преземе одговорноста, ги отфрли шпекулациите дека за време на зимската пазуа може да направи трансфер во Серија А. „Направив грешка. Сега морам да работам напорно. Морам да се борам за место во почетниот состав на Евертон . Не размислувам за трансфер во друг клуб. Само сакам да тренирам и да играм“ – вели младиот фудбалер кој во…
Македонската фудбалска репрезентација со победата против Израел од 1 спрема 0 успеа да го освои третото место во квалифиакциската група за ЕП што претставува највисок пласман низ циклусот квалификации за континенталните собири. Човек на одлука беше Бобан Николов кој по изведениот корнер во самиот финиш на првиот дел успеа да го матира гостинскиот голман. Во другите два меча во групата, Полска ја совлада Словенија со 3 спрема 2 додека Летонија ја совлада Австрија со 1 спрема 0. На крајот, Полска и Австрија заминаа на Континенталниот собир, Македонија заврши трета пред Словенија додека на дното се Израел и Летонија.
Искусниот дефанзивец на фудбалскиот состав Јувентус, Леонардо Бонучи, ја продолжи соработката со екипата од Торино до 2024 година. Италијанскиот состав намерно го определи 19 ноември како ден кога ќе потпише нов договор со Бонучи бидејќи тоа е бројот што го носи искусниот дефанзивец. 32-годишниот Бонучи кој во 2010 година се пресели во редовите на „старата дама“, досега одигра 376 натпревари. Бонучи сезоната 2017/18 ја помина како играч на Милан а веднаш потоа се врати во „црно-белиот“ дрес. Сега откако го продолжи договорот на нови четири години, тоа значи дека во Јуве ќе ја заврши и кариерата.
