Фудбалскиот шампион на Англија, Манчестер Сити, пријави рекорднен приход од 535,2 милиони фунти за сезоната 2018/2019. Тоа значи дека две години по ред приходите на клубот се поголеми од половина милијарда фунти. Во претходната сезона „граѓаните“ имаа заработка од 500,5 милиони фунти. Манчестер Сити во сезоната 2018/19 ги освои сите трофеи во Англија – титулата во Премиер Лигата, Купот на фудбалската асоцијација, Лига Купот и Супер Купот на Англија.
Author: dino
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, може да доби дозвола да замине во редовите на Реал Мадрид, најавија вечерва медумите во Англија. Премиер-лигашот за потписот на одличниот фудбалер бара 200 милиони евра додека шпанскиот тим ќе понуди 120 и плус Карим Бензема. Според проценките, реалната трансферна вредност на англискиот репрезентативец е околу 140 милиони евра. Единствен проблем во целиот случај може да биде високота плата што ја добива Бензема во Реал Мадрид и која во иднина ќе треба да ја покријат популарните „Спарси“. Хари Кејн има активен договор со Тотенхем до 2024 година, но, доколку двата тима се договорат, тогаш врвниот…
Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, посакува со победа против Израел да се заврши квалификацискиот циклус за пласман на Континеталниот собир. „Сакаме да бидеме трети. Игравме во неатрактивна, но, тешка група и само против Австрија потфрливме. На останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси“ – вели Пандев. „Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации“, рече капитенот Горан Пандев.
Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, посакува победа на утрешниот меч со Израел за да се задржи позитивна атмосфера во тимот. „Фудбалерите заслужија да завршат како трети во групата. Ние одиме на победа а колку ќе биде доволна ќе видиме, треба Полска да ја победи Словенија“ – вели Ангеловски. „Треба да влеземе тактички и психофизички подготвени. Мене ме интерсира само нашата игра“ –потенцираше нашиот селектор.
Голот на Мирко Радовиќ со кој Еурофарм Работник дојде до победа на вчерашниот меч со Савехоф во групната фаза во Лигата на шампионите, беше погласен од страна на ЕХФ за најубав во осмото коло. Ракометарот на Битолчани погоди за 32-31 со што ја донесе втората победа за неговиот тим во дебитантската сезона. Најубавата одбрана ја има Андреас Волф, голманот на Кјелце, кој се истакна на мечот со нашиот Вардар. Во идеалниот тим тим влегува и бекот на Кијелце, Игор Карачиќ, заедно со Ландин од Кил како лево крило, Шарац од Целје како лев бек, Рајкинд од Кил на десната крилна…
Рафаел Надал ќе ја предводи селекцијата на Шпанија на претстојниот дуел со Хрватска во рамките на Дејвис Купот. Најдобриот светски тенисер на АТП листата иако реализираше исцрпувачка сезона, се определи да го носи „дресот“ на Фуријата на мечот со „коцкестите“. „Сакам да ѝ помогнам на мојата селекција да стигне до подобар резултат“ – потенцираше Надал откако пристигна на Пиринеите. Годинава Дејвис Куп натпреварувањето ќе се игра по нов формат а на завршниот турнир ќе учествуваат 18 селекции. Шпанија е во групата со Хрватска и Русија. Надал досега има освоено четири титули во Дејвис Купот.
Челниците на Манчестер Јунајтед ќе направат напор во јануарскиот трансфер период да го ангажираат фудбалерот на Реал Мадид, Герет Бејл, кој во континутет вели дека не е среќен во Шпанија и дека сака да ја промени средината. За репрезентативецот на Велс е заинтересиран и неговиот поранешен состав Тотенхем, но, медиумите проценуваат дека „Спарси“ немаат доволно финансии за да ја издржат евентуалната трка со „црвените ѓаволи“. Во исто време и тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се погласно размислува дека може да се направи размена на играчи меѓу неговиот тим и Манчестер Јунајтед. Тој наведува дека Бејл може да замине на „Олд…
Хуго Лорис првиот голман на фудбалскиот состав, Тотенхем, верува дека догодина во јануари ќе се врати на теренот, објавија дел од медиумите во Англија. Репрезентативецот на Франција кој заработи потешка повреда на мечот со Брајтон одигран во рамките на Премиер-лигата, вели дека ќе работи максимално напорно за да се врати во посакуваниот ритам. „Мојата цел е да се вратам во јануари. Во секој случај морам да бидам максимално подготвен за да играм“ – изјави Лорис. Познато е дека искусниот чувар на мрежата на мечот со Брајтон лошо падна на тревата и го измести рамото.
Медиумите во Англија шпекулираат дека тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола, кој има договор до 2021 година, може набрзо да ја прекине соработката со „граѓаните“. Наводно, семејството на Шпанецот не сака да живее во Манчестер и се вратило во татковината. Според наведеното, неговата сопруга Кристина заедно со најмладата ќерка се преселила на Пиринеите. Весникот, „Мирор“ објави, дека Пеп има клаузула која му овоможува пред време да го раскине договорот. Ќе потесетиме дека Гвардиола го презеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година и досега освои две шампионски титули во Премиер-лигата.
Томаш Бердих, поранешниот светски рекет број 4, се повлече од тениските терени по скромната церемонија реализирана во лондонската сала О2 во која се оддржа завршниот сезонски АТП турнир. Триесет и четири годишниот Чех кој во последниве две години имаше одредени проблеми со грбот, се определи да се повлече од активно играње на тенис. Бердих во 17-годишната кариера победи на 13 АТП турнири меѓу кои влегува и „Мастерсот” во Париз во 2005 година.
