Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2020. Во вечeрниот термин од 20.45 избраниците на селекторот Ангеловски ќе истрчаат на стадионот во Виена со желба да им се реваншираат на Австријците за поразот во Скопје. Во нашиот тим ќе недостасуваат поголем број на стандарни првотимци што значи дека дел од пoмладите ќе добијат шанса да се наметнат за националниот дрес. Според најавите од страна на домаќинот, за натпреварот кој ќе се одигра на стадионот – „Ернст Хапел“, кој има капацитет од 48.000 седишта, досега се продадени 40.000 билети. Пред мечот ќе има свечен чин кога во…
Author: dino
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев најверојатно ќе го пропушти утрешниот меч со Австрија во квалификациите за ЕП, најави селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција во Виена. „Без секого се мора и се може а фудбалерите кои се повикани одработија квалитетни подготовки. Ни се случи уште еден пех, капитенот Пандев има температура, останува да видиме како ќе биде до утре. Верувам во сите без разлика кој ќе истрча на теренот. Шанса ќе добијат и помладите во слекцијата“ – нагласи Ангеловски. Од претходно се знае дека на дуелот со Австријците наема да играат повредените :Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Иван Тричковски…
Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи, Алан, може да си замине од Серија „А“ во јануарскиот трансфер период, најавија денеска медиумите на „Чизмата“. Имено, францускиот состав ПСЖ е подготвен да ги искористи проблемите во Наполи и испрати понуда за одличниот фудбалер. Ќе потсетиме дека „светците“ во текот на летото понудија 60 милиони евра за неговиот потпис, но, првиот човек на калчо-лигашот, Аурелио де Лаурентис, ја одби таа понуда. Сега работите се сосема поразлични бидејќи медиуми тврдат дека претседателот по сите превирања во клубот „пречкртал“ дури седум фудбалери и сака ги продаде. Меѓу нив влегува и Алан.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, најверојатно ќе се ослободи од услугите на Оливие Жиру кој дефинитивно не ја добива потребната минутажа на „Стемфорд Бриџ“, објавија дел од медиумите. Според нив, корпулентниот напаѓач може да добие понуда од Германија од екипата на Борусија Дортмунд која по заминувањето на Обамејанг остана без вистински центарфор, Во исто време репрезентативецот на „триколорите“ јавно потенцираше дека не му се допаѓа што седи на клупата за резерви. |iruпобара од Лампард да му објасни зошто не ги користи неговите услуги бидејќи секогаш максимално се вложува на тренинзите..
Англискиот премиерлигаш, Манчестер Сити, може да биде исклучен од Лигата на шампионите доколку се потврдат обвинувањата во дел од медиумите во Германија дека „граѓаните“ го прекршиле финансискиот фер-плеј. Англиските медиуми нагласуваат дека Судот за спортска арбитража во Лозана ја одбил жалбата на Манчестер Сити што значи дека англискиот состав може да биде исклучен од елитната конкуренција на Стариот континент. Ќе потсетиме дека УЕФА ја започна истрага против Манчестер Сити за кршење на правилата за финансискиот фер-плеј по една објава на весникот – „Шпигел“.
Фудбалскиот репрезентативец на Велс, Герет Бејл, кој пропушти повеќе мечеви за Реал Мадрид откако се повреди на репрезентативниот дуел со Хрватска одигран во Кардиф, вели дека подобро се чувствува во дресот на Велс отколку кај „кралевите“. „Играњето за Велс повеќе ме мотивира од играњето за Реал. Тука сум како дома, зборувам на мојот јазик и убаво се чуствувам. Тука е како да играм фудбал со другарите во парк бидејќи ги познавам речиси сите“ – вели Бејл. Селекцијата на Велс која има теоретска шанса да оди директно на Европското првенство во 2020 година, утре прво ќе гостува кај Азербејџан а три…
Македонскиот олимписки комитет, Владата и Агенцијата за млади и спорт, во наредните шест месеци ќе треба да ги исполнат задачите добиени од Интернaционалниот Олимписки Комитет, беше заклучено на состанокот во Лозана на кој присуствуваа Жером Поиви од ИОК, Даниел Димевски и Ѓорги Тасев како претставници на нашата Влада како и претседателот на МОК, Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор, Владимир Богоевски. Средбата ја иницираше ИОК во насока на унапредување на состојбите во спортот во Македонија а заклучоците се дека МОК, Владата и АМС ќе ги следи четирите патокази и истите ќе бидат имплементирани. На средбата е нагласено…
Младиот тенисер од Австрија, Диминик Тим, по вчерашната сензационална победа против Новак Ѓоковиќ во второто коло во групата „Б“ на завршниот АТП турнир во Лондон, вели дека го одиграл можеби најдобриот меч во кариерата. „Тоа беше епски дуел, се надевам дека почесто ќе има такви. Навистина посебен меч, нешто за што сум тренирал уште од моите детски денови. Победа против една од легендите е нешто незаборавно“ – обајсни како се чувствува Тим кој влезе во полу-финалето. Вториот полуфиналист од групата ќе го даде мечот меѓу Ѓоковиќ и Швајцарецот, Роџер Федерер, кој ќе биде одигран утре во рамките на последното коло.
Светската рекордерка во маратон, Бриџид Косгеј, ја предводи групата од пет атлетичарки кои конкурираат за Награда за спортист на годината, објави Меѓународната атлетска федерација – ИААФ. Таа во претходниот месец го комплетираше маратонот во Чикаго за 2 часа, 14 минути и 4 секунди со што за 1 минута и 24 секунди го подобри светскиот рекорд на Британката, Паула Редклиф, поставен во 2003 година. Главна конкурентка на Косјаг за наградата на ИААФ ќе и биде Далаила Мухамед од САД, која годинава го подобри светски рекорд на патеката од 400 метри со пречки. Што се однесува до машкиот дел од атлетиката, Кениецот…
Првиот човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира да испрати неверојатна понуда од 400 милиони за да го обезбеди потписот на младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе. Моменталниот рекорд за трансфери го држи Нејмар кој во 2017 година ја напушти Барселона и за 222 милиони евра се пресели на – „Паркот на принцовите“ во Париз. Мбапе во претходната сезона одигра 43 натпревари со ефект од 39 погодоци и 17 асистенци. Според одредени шпекулации, Перез планира да испрати понуда за Мбапе во која покрај одредена сума на пари ќе биде вклучен и играчот на „кралевите“, Виницус Жуниор. Познато е…
