Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ, откако ја загуби довербата кај тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, вели дека ќе се насочи кон враќање на првотимскиот статус. „Ги разбирам и целосно ги почитувам одлуките на тренерот. Дадов многу за клубот во изминатите неколку години и сакам така да продолжам. Чувствувам дека можам многу повеќе“ – вели Ракитиќ во дел од интервјуто кое ќе биде комплетно објавено на телевизијата -„Мовистар“. „Ми го одземаа тоа што најмногу го сакам. Ми ја одземаа топката и затоа многу сум тажен“ – вели Ракитиќ кој до претходната сезона речиси во континуитет беше во првата постава на Каталонците.…
Author: dino
Првиот човек на фудбалскио состав Наполи, Аурелио Де Лаурентис, најверојатно добро ќе размисли дали да ја прифати богатата понуда која ќе пристигне од Катар за да го продаде италијанскиот фудбалски состав. Наводно, семејството Ал-Таин од Катар кое поседува и дел во францускиот ПСЖ преку „Катар Спортс Инвестментс“, понудило околу 500 милиони евра за да го обезбеди мнозинскиот пакет од акциите на Наполи. „Се добива впечаток дека Аурелио нема желба да продолжи да вложува во Наполи“ – пишува помеѓу другото – „Дејли Мејл“.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, јасно им ставил до знаење на играчите дека нема да толерира недисциплина и дека виновниците ќе бидат санкционирани. Затоа во просториите на клубот е објавена листа со казни на која се гледа дека за доцнење пред натпревар и доцнење на состанок пред тренинг, казната е 2.500 фунти. Доцнење во теретана чини 1.000 фунти, на тимски состанок казната е 500 фунти по минута. Најригорозна казна од 20.000 фунти ќе добие фудбалерот кој нема да се појави во точно утврдениот термин за тренинг. Лампард кој располага главно со млади фудбалери досега забележува одлични резултати во…
Првиот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, објасни зошто не се радуваше на водечкиот погодок против Манчестер Сити во големото дерби на Премиер лигата одиграно во изминатиот викенд. „Црвените“ поведоа во 6-тата минута кога Фабињо погоди со удар од далечина или само неколку секунди откако имаше спорна ситуација во шеснаесетникот на домаќините. Тогаш се доби впечаток дека Трент Александер Арнолд играше со рака а гостите жестоко реагираа бидејќи не добија пенал. „Сега знаете дека за секој гол морате да почекате пред да славите, па затоа и јас не славев. Одлуката на ВАР системот мора да се почитува“ – вели играчот на „црвените“.
Новак Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз на завршниот сезонски турнир кој се реализира во Лондон. Српскиот тенисер во второто коло беше совладан од Австриецот, Доминик Тим со 2 спрема 1 по сетови, 6:7, 6:3, 7:6. Ѓоковиќ првиот сет го доби во тај-брејкот додека во вториот Тим започна одлично со предност од 3-0 и на крајот славеше со 6:3. Во последниот сет по жестока битка Ѓоковиќ иако имаше предност од 3:0 и 4:1 а на крајот доживеа пораз. Сега во групата„Б“ в пресрет на последното коло, Тим е на челната позиција и има обезбедено место во полу-финалето додека пресметката меѓу Ѓоковиќ и…
Откако Нико Ковач ја напушти тренерската позиција во фудбалскиот состав Баерн Минхен, раководството на клубот се обидува да пронајде негова замена. Медиумите во Германија објавија дека тренерското столче кај Баварците може да го добијат: Жозе Мурињо, Арсен Венгер или Макс Алегри, но, сега изненадувачки потенцираат дека меѓу кандидатите влегува и поранешниот фудбалер на – „Алијанц Арена“, Чаби Алонсо. Според напишаното, доколку Баерн Минхен не успее да ја исполни првичната цел да донесе атрактивно тренерско име, тогаш ќе го именува 37-годишниот Шпанец кој во богата кариера има настапувано за Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Борис Бекер кој се вбројува меѓу легендите во тенисот, проценува дека Роџер Федерер не може да се гледа како најдобар во историјата. Според него, повеќе играчи оставиле посебен печат на тениските терени и затоа е многу тешко да се одреди кој е најдобар. „Роџер според бројките е најуспешен во историјата. Можеби и Род Лејвер е најдобар. Освоил помалку титули но, неговата кариера беше пократка од таа на Роџер“ – вели Бекер. Германскиот тенисер кој освои шест грен-слем трофеи, неколку години беше дел од тренерскиот штаб на Новак Ѓоковиќ.
Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, може да го пропушти мечот со Кристал Палас закажан веднаш по кратката пауза во Премиер лигата поради репрезентативните обврски на фудбалерите. Играчот од земјата на пирамидите се повреди на неделното дерби со Манчестер Сити кога неговиот тим славеше со 3 спрема 1. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, 27 годишниот офанзивец кој деновиве ќе ги помине со репрезентативните колеги, ќе биде подложен на специјални медицински третмани. Уште еден играч на „црвените“ се соочува со повреда и ќе мора да оди на рехабилитација. Станува збор за , Енди Робертсон, кој ќе мора да ги пропушти наредните…
Кошаркарот, Стеф Кари, кој ја скрши раката на дуелот со Феникс Санс кон крајот на октомври, вели дека ќе го облече дресот на Голден Стејт Вориорс до крајот на тековнава сезона во НБА лигата. Членот на вице-шампионот кој мораше да оди на операција верува дека брзо ќе се врати во ритам и дека ќе му помогне на тимот. „Дефинитивно очекувам да играм. Не знам кога, се зависи од процесот на рехабилитација. Никогаш не сум имал таква тешка повреда. Мислам дека сезоната не е завршена за мене“ – потенцираше играчот на Голден Стејт кој во декември го очекува уште една операција.
Илкан Гундоган кој настапува за англискиот состав Манчестер Сити и воедно за селекцијата на Германија, го потенцираше фудбалерот кој најмногу го импресионирал. „Меси е најдобриот на светот. Тој има талент и секогаш успева тоа да го покаже на теренот. Тој секогаш има инстинкт да донесе правилна одлука“ – вели играчот на „граѓаните“. „Никој друг нема толку квалитет како Лионел Меси. Тој е ѕвездата на нашата генерација и најголем фудбалер на сите времиња“ – нагласи Гундоган.
