За ракометарите на Вардар нема одмор. По мечот со Кијелце во ЛШ сега ги очекува дуелот со Мотор Запорожје во рамките на СЕХА конкуренцијата. Украинците ќе гостуваат в среда во СЦ Јане Сандански а тренерот на Вардарци, Едуард Кокшаров, најави одредени ротации во тимот. „Мотор не доаѓа во најсилен состав. Ние исто така нема да бидеме комплетни бидејќи неколку од играчите ќе одмораат“ – вели тренерот Кокшаров. „Не можеме да зборуваме многу за тоа кој ќе играл. Имаме повредени и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Јас бил задоволен кога би настапиле комплетни“ – изјави Кокшаров на денешната прес-конференција.
Author: dino
Нашата најдобра фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат последните два врзани меча од квалификациите за ЕП против Австрија ( гости) и Израел (дома). Селекторот, Игор Ангеловски, најави дека на двата дуела ќе атакуваме на победа. „Со Австрија нема да играат Несторовски, Муслиу, Николов но, ќе ги имаме Барди и Велковски. Повикани се Ѓорѓев и Аврамовски кои се во добра форма. Не ни е сеедно како ќе заврши мечот во Виена. Се наоѓаме во ситуација да мора да размислуваме и за полу-финалето на Лигата на Нациите против Косово“ – изјави Ангеловски. Македонија в сабота од 20.45 прво гостува кај Австрија…
Фудбалерите на Реал Мадрид со убедливата победата на теренот на Еибар со 4:0, успеаа да се изедначат со Барселона на челната позиција во Примера Дивизион. Стратегот на клупата на „кралевите“, Зинедин Зидан, вели дека поразот од Мајорка бил пресвртница за клубот. „Тешко го прифатиме тоа, но, дефинитвно продолживме да работиме напорно. Сега постепено се подобруваме во сите сегменти“ – вели францускиот стратег. Бидејќи во наредниот период ќе бидат активни репрезентациите, наредното коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија ќе се одигра на 23 ноември. Тогаш Реал Мадрид ќе се сретне со Реал Сосиедат додека Барселона ќе излезе на мегдан со Леганес.…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед по победата на дуелот со Брајтон успеаа да прогресираат кон врвот на табелата во Премиер лигата. Веднаш по мечот одигран на стадионот – „Олд Трафорд“, тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер, истакна дека сега не го гледа рангирањето и дека има други работи кон кои мора да се насочи. „Убав натпревар, треба да постигнуваме повеќе голови. Позицијата на табела во моментов нема значење. Мора да напредуваме. Марсијал беше одличен. Морам да го пофалам и младиот Вилијамс“ – изјави тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата против Манчестер Сити во големото дерби на Премиер лигата, вели дека неговиот тим бил максимално фокусиран на теренот и дека е тоа главната причина што излезе како победник. „Моравме да се браниме со се што имаме, но, дадовме и убави голови. Тешко беше да се игра под притисок. Моите момци беа комплетно фокусирани и сконцентрирани“ – вели Клоп. „Само со таква игра можете да го совладате Сити кој покажа одличен фудбал. Сега имаме добра предност, но, ништо не е завршено“ – вели тренерот на „црвените“ кои остануваат на челната позиција на табелата.
Легендарниот тренер на фудбалскиот состав Арсенал, Арсен Венгер, кој беше специјален гостин и стручен експерт на „БеИН Спортс“ во студиото во Доха, го искоментира вчерашниот дерби меч во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Сити. „Секогаш е тешко кога ќе се загуби значаен натпревар. Ги видовме реакциите на двајцата менаџери. Тие покажаа колку им значат победите“ – вели Венгер. „Мислам дека девет бодови се голема предност за Ливерпул во однос на Сити иако се одиграни само 12 кола “ – потенцираше Французинот.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашниот пораз на теренот на Ливерпул вели дека неговиот состав покажал шампионска игра и дека нема за што да биде разочаран. „Начинот на кој игравме беше фантастичен. Горд сум на мојот тим повеќе од било кога. Да играш така против еден од најсилните тимови во Европа, не е мала работа“ – вели Гвардиола кој не сакаше да ги коментира спорните ситуации кога неговиот тим не доби два пенала. „Прашајте го Мајк Рајли и луѓето кои се во ВАР-собата. Игравме одлично, сакам да зборувам за изданието на мојот тим затоа што тоа…
Голманот, Калиба Гедбан и крилото на Вардар, Тимур Дибиров, влегоа во топ 5 во седмото коло во Лигата на шампионите во традиционалниот избор на ЕХФ. Интернационалецот од Алжир имаше серија на бравурозни интервенции во финишот на мечот со Кијелце во СЦ Јане Сандански а токму една од нив го однесе до петтото место во изборот на најдобрите одбрани. Луцидниот Дибиров со еден од неговите голови реализирани во контра, успеа да го запоседне четвртото место во изборот за најубав погодок во седмата рудна од елитната конкуренција на стариот континент.
Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, со погодокот во 77 минута го реши вчерашното дерби против Милан кое беше одиграно во рамките на 12-то коло во Серија А. Аргентинецот повторно беше човек за одлука на теренот а таму влезе во 55-та минута кога беше повлечена првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.Токму замената што ја направи тренерот, Маурицио Сари, се покажа како одлична иако според медиумите во Италија дефинитивно го навлече бесот на Португалецот кој наводно го напуштил стадионот уште пред да заврши натпреварот. „Природно е играчот да биде незадоволен кога излегува од теренот посебно ако вложил голем напор да биде таму.…
Србинот, Новак Ѓоковиќ, со максималната победа во два сета против Матео Беретини го започна настапот на завршниот АТП тениски турнир кој се реализира во Лондон. Вториот светски рекет за само 60-на минути успеа да дојде лесен триумф против младиот тенисер од Италија откако го доби првиот сет со 6-2 а вториот со 6-1. Со тоа ја забележа првата победа во групата вo која се уште и Роџер Федерер од Швајцарија и Домик Тим од Австрија. Ѓоковиќ токму преку собирот во Велика Британија ќе се обиде да се врати на челната позција на АТП листата на која во моментов е Шпанецот,…
