Ракометарите на Вардар по двата врзани пораза во Лигата на шампионите сега се насочуваат кон неделниот дуел со Мешков Брест кој ќе биде одигран во СЦ Јане Сандански со почетокот во 17.00 часот. Тренерот на нашиот тим, Едуард Кокшаров, очекува токму на тој меч да биде прекината лошата серија. „Знаете дека Мешков Брест е добра екипа .За секоја промена треба повеќе, не може работите да се менуваат преку ноќ. За Атман и Горпишин денеска ќе добиеме информација дали ќе можат да играат. Столе имаше операција и имаше долго опоравување, потребно е време да влезе во натпреварувачки ритам“ вели тренерот, Кокшаров.…
Author: dino
Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, кој настапува за италијанскиот состав Џенова, заработи казна по натпреварот одигран со Јувентус во рамките на Серија „А“. Тимот на Пандев го загуби мечот со минимални 2:1 а нашиот репрезентативец доби парична казна од 1.500 евра поради честите навреди упатени кон главниот судија, Марко Гвида. Полошо од Пандев помина тренерот на џеновјани, Тиаго Мота, кој зарабoти забрана да го води тимот во наредните два меча. Идентична казна доби и резервниот голман на Џенова, Федерико Маркети, кој нема да може да биде на списокот за наредните две средби во италијaнскиот шампионат.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, мора по секоја цена да обезбеди уште еден напаѓач кој ќе им биде конкуренција на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал и воедно ќе може да ја пополни празнината доколку некој се повреди. Иако во изминатиот период често се споменува името на Марио Манџукиќ, легендарниот играч на „црвените ѓаволи“, Пол Инс, проценува дека подобро сценарио би било евентуално враќање на Златан Ибрахимовиќ. „ Ако Ибра се врати на „Олд Трафорд“, тоа ќе биде полн погодок за сите. Ќе ги научи младите играчи и ќе има неверојатно влијание како на теренот така и надвор од…
Ракометарите на Еурофарм работник денеска од 16.30 во салата во Прешов ќе го одработат официјалниот тренинг пред утрешниот меч со Татран во рамките на групата „Ц“ во Лигата на шампионите. Битолчани на средбата во Словачка ќе ги немаат Милорад Кукоски кој се повреди на тренинг и Никола Маркоски кој не е целосно заздравен по повредата на прстот. Со екипита не замина ниту десниот бек, Михајло Петровски. Утрешниот натпревар меѓу Татран и „Фармацевтите“ ќе започне од 18:00 часот а ќе го судат Французите, Карим и Рауф Гасми.
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој сигурно чекори на АТП Мастерсот во Париз и со двете победи против Кореан и Едмунд влезе во четврт-финалето, откри дека има здравстени проблеми и дека не ја покажува посакуваната игра. „Поради здравствени проблеми се уште не сум максимално подготвен. Мислам дека денеска сепак одиграв добро и среќен сум поради тоа. Му честитам на противникот за првиот сет, одлучија еден или два поен“ – вели Ѓоковиќ по триумфот против Едмунд. Тенисерот од Србија денеска го очекува дуел со Стефанос Циципас.
Фудбалскиот клуб на Интер заработи казна од 5000 евра од страна на италијанската фудбалска фередерација откако фановите на „нероаѕурите“ го навредуваа некогашниот играч на тимот Марио Балотели кој сега настапува за Бреша. Црномурестиот напаѓач беше соочен со многу навредливи скандирања од навивачите на Интер иако тие немаа расистичка содржина. Токму тој момент на некој начин донесе поблага казна за екипата од Милано бидејќи нема елемент на расизам. Балотели во негов стил не им остана должен на тифозите на Интер и им покажа среден прст. Тој досега не е санкциониран за неговиот непримерен потег.
Откако аргентинската фудбалска ѕвезда, Лео Меси, ги демантираше шпекулациите дека има нарушени односи со напаѓачот, Антоан Гризман, кој во текот на летото се пресели во редовите на Барселона, сега со видување околу целата ситуација излезе и Пике. „Лео и Гризман одлично се согласуваат, тоа е исто како и односот меѓу Лео и Дембеле, Педро или Вилја. Со Суарез тие се како браќа“ – вели Пике. „Тоа што нема таков однос и Гризман не значи дека имаат лоша комуникација. Медиумите претеруваат“ – изјави фудбалерот на Каталонците.
Во организација на УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија во Скопје се одржува првата регионална конференција за спречување на користење на пиротехника на фудбалските терени. Значењето на настанот го потенцираше Михаел Ван Праг, член на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Холандската фудбалска Асцоцијација. „Во име на УЕФА и нашиот претседател, Александар Чеферин, изразувам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за заедничкото огранизирање на оваа важна конференција.Нашата одговорност е да се обидеме да најдеме правилен метод за соочување и справување со овие проблеми, бидејќи голема е загриженоста од зголемувањето на нивото на инциденти на фудбалските натпревари а безбедноста на…
Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, најави дека нема да настапи на АТП Купот кој е предвиден да се реализира во почетокот на наредната година. „Жалам што се повлекувам. Кога решив да играм во претходниот месец, тоа беше тешка одлука затоа што значеше дека ќе имам помалку време за моето семејство. Откако разговарав со луѓето од тимот за плановите за наредната сезона, решив да поминам две недели дома. Тоа ќе биде од голема корист за моето семејство и за мојата кариера“ – вели Федерер. „Ме боли што нема да бидам дел од новиот турнир. Жал ми е што ги разочарав навивачите, но,…
Македонскиот олимписки комитет го одби барањето на Инцијативниот одбор кој пред извесен период јавно ја презентираше иницијатива за промени во составот на МОК. „ Во врска со барањето за свикување на Вонредно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, Ве информираме дека истото нема правна основа бидејќи не ги исполнувате условите согласно Статутот на МОК“ –стои во соопштението на нашиот Олимписки комитет. „Во исто време ве информираме дека Вашето барање за дополнување на Статутот на Македонскиот олимписки комитет се уважува и земајќи ги в предвид строгите и прецизни напатствија од страна на Меѓународниот олимписки комитет, Ве информираме дека промената ќе биде направена…
