Фудбалерот, Мауро Икарди, игра како препороден откако по многу перипетии го напушти составот на Интер и замина како позајмен во ПСЖ со можност да му биде откупен договорот на крајот на сезоната. Неговите блескави парти и серијата на постигнати голови, најверојатно ќе ги натераат „светците“ да го задржат на подолг период. И додека Аргентинецот ги радува наваивачите на „Паркот на принцовите“, неговата сопруга, Ванда Нара, која му е водено и менаџер за траснфери, објави дека постоела реална можност тој да се пресели во Милан. „Имавме можност Мауро да замине во Милан. За мене тоа ќе беше подобро, но, ПСЖ беше…
Author: dino
Фудбалерот на Фиорентина, Франк Рибери, ќе мора да паузира во наредните три меча откако на викенд дербито со Лацио турна еден од помошните судии и за таа реакција заработи црвен картон. Тоа значи дека ветеранот ќе ги пропушти натпреварите со Сасуоло, Парма и Калјари во Серија „А“ и ќе се врати на теренот кон крајот на Ноември откако ќе заврши кратката пауза поради репрезентативните активности. Неговиот тренер, Винченцо Монтела, исто така е суспендиран за еден меч поради реакцијата кон судиите на дуелот со лацијалите.
Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грелиш, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објавија вечерва медиумите во Англија. 24-годишниот играч во тековнава сезона во Премиер лигата има постигнато два гола и направено три асистенции на вкупно девет натпревари. Поранешниот шеф на Астон Вила, Шервуд, проценува дека Грелиш би бил одлично засилување за „црвените ѓаволи“. „Кога Манчестер Јунајтед се бори да купи играчи со креативна природа и плаќа 50 милиони фунти за некој како Фред, тогаш Џек Грелиш вреди најмалку 70 милиони фунти? Тоа е проста математика“ – потенцирал Шервуд.
Англискиот фудбалски состав, Манчестер Јунајтед, сака да направи рекорден трансфер за да го ангажира, Џејдон Санчо, кој се издвојува како еден од најголемите фудбалски таленти на Англија. Според медиумите на островот, „црвените ѓаволи“ решиле да го платат износот што го побара претходно Борусија Дортмунд. Од Германија беше објавено дека „милионерите“ поставиле цена од 100 милиони фунти за да го ослободат 19-годишниот Англичанец. Тоа значи дека добивката за Бундес-тимот ќе биде огромна бидејќи за него во 2017 година плати скромни 8 милиони фунти. Младиот фудбалер има постигнато 18 голови и направено 30 асистенции на вкупно 68 натпревари одиграни во дресот на…
Кошаркарите на Голден Стејт со два врзани пораза ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Бидејќи тоа не се случило во последнава деценија, Дејмонд Грин вели дека работите треба да се менуваат експресно. „Не верував дека ќе загубиме на таков начин. Работите се навистина лоши. Во моментов немаме идеја како да одиграме добро во одбраната. Реалноста е дека сме многу лоши во тој елемент“ – потенцирал Грин. Кошаркарот на „Вориорс“ на натпреварот со Оклахома Сити одигра 24 минути постигнувајќи ефект од 10 поени, 5 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки.
Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Бернард, е сериозно повреден и ќе биде надвор од терените подолг временски период. Бразилскиот интернационалец кој игра по страничните позиции ги оштетил лигаментите на десно колено на саботниот дуел со Брајтон реализиран во рамките на Премиер лигата. 27-годишниот играч во текот на работнава недела ќе мора да оди на дополнителни специјалистички прегледи за да се утврди точниот степен на неговата повреда. Медиумите претпоставуваат дека за таков вид на повреда треба да се реализира подолга рехабилитација. Бернард во досегашните 9 натпревари одиграни за англискиот состав успеа да постигне 2 гола.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, не се појавил на тренингот на тимот в пресрет на мечот со Леганес во рамките на Примера Дивизион. Тоа веднаш наметна одредени шпакулации во медиумите кои „кралевите“ експресно ги демантираа. Според соопштението на шпанскиот состав, интернационалецот од Велс добил дозвола времено да го напушти клубот и да се упати во Лондон. Се претпоставува Бејл, кој морал да замине од приватни причини кои не се откриваат во јавноста. Медиумите се сигурни дека неговото одење во Велика Британија нема никакви допирни точки со неговата повреда што ја заработи додека играше за Велс на мечот со Хрватска…
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, нема да стартува од првата позиција на денешната трката во Формула 1 која ќе биде возена доцна вечер (20.10) за Големата награда на Мексико. Тој иако имаше најдобро време во квалификациите беше казнет со три позиции поради непочитување на прописите кога се појави жолтото знаменце. Одлуката ја донеле стјуардите откако имале речи два часа разговори со Белгиецот. „Возачот на болидот 33 (Верстапен) призна дека е ја намалил брзината во моментот кога се вееше жолтото знаменце. Затоа ќе добие два казнени бода и ќе мора да стартува три места подолу“ – стои во објавата. Со…
Фудбалерите на Џенова вчера со комплетен пресврт ја совладаа Бреша на домашен терен со 3 спрема 1 со што ја прекинаа црната серија во Калчо-лигата. Последниот гол за домаќини го реализираше нашиот, Горан Пандев, откако со мајсторски удар го совлада голманот на Бреша. „ Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но, потоа покажавме дека имаме квалитет. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера“ изјави Пандев. Во второто полувреме Мота ги уфрли на теренот во Кевин Агудело, Горан Пандев и…
Марк Маркез дојде до 81-та победа во неговата кариера откако беше најбрз на трката возена за Големата награда на Австралија. Шпанецот на патеката –„Филип Ајланд“ дојде до петтата победа во серија или вкупно 11-та во сезонава откако во последниот круг падна, Маверик Вињалес. Светскиот првак влезе во голема битка со неговиот сонародник од Јамаха кој во последниот круг загуби контрола над моторот во обид да му возврати на Маркез. Второто место го освои Кал Крачлоу додека пиедесталот го пополни Џек Милер. Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе биде возена во наредниот викенд на патеката во Малезија.
