Нашата најдобра фудбалска репрезентација направи прогрес за едно место во новото рангирање на ФИФА и сега го држи 68-то со вкупно 1.344 бодови. Ние во последните два квалификациски меча имавме една победа и еден пораз што беше доволно да скокнеме за една позиција. Што се однесува до нашите противници во тековните квалификации за Континеталниот собир, лидерот во групата Полска е на 21-то место, Австрија е 25-та, Израел е 89-ти а Летонија се наоѓа на 143-то место. На листата на ФИФА, фудбалерите на Белгија се на челната позиција следени од Франција, Бразил и Англија.
Author: dino
Во текот на ноќта беа одиграни 11 средби во кошаркарската НБА лига а во преден план излезе Кајри Ирвинг кој реалзираше 50 кошеви во дебитантскиот меч за Бруклин. Тој со постигнaтиот ефект успеа да собори неколку рекорди. Прво, стана најефикасниот дебитант во дресот на Бруклин, второ, се промовираше како кошаркар со најмногу поени во НБА на деби меч за некој тим и трето, влезе во историјата како еден од шесторицата кошаркари што ја почнале сезоната во НБА со 50 или повеќе поени. Еве ги сите резултати од ноќешните мечеви одиграни во НБА лигата. Шарлот – Чикаго 126:125, Индијана – Детроит…
Францускиот фудбалски шампион ПСЖ сака да ја засили голманската позиција.Тимот од Париз ќе се обиде да дојде до потписот на Андре Онана, кој во континуитет покажува блескави партии во дресот на Ајакс. Француските медиуми пишуваат дека агентот задолжен за трансфери на 23-годишниот голман реализирал две одвоени средби со преставниците на францускиот елитен состав. Првата била во текот на летото а втората пред само десетина дена. Онана има договор со холандскиот тим до 2022 година. Камерунецот кој претходно беше дел од младите категории на Барселона, се определи во 2015 година да ја напушти Шпанија и да потпише за „копјаниците“.
Генералниот директор на руската Антидопинг агенција (РУСАДА) – Јуриј Ганус, не верува дека спортистите од неговата земја ќе добијат зелено светло да се појавата на Летните Олимписки игри во Токио како и на Зимските Игри во Кина. Според него, Русија може да има претставници на ЛОИ доколку одредени спортисти добијат посебна покана како што се случи на претходните Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ќе потсетиме дека Русија беше инволвирана во системскиот допинг организиран од страна на државата по што ВАДА ја суспендираше од сите значајни натпреварувања. Руските спортисти добија забрана за настап на Олимпијадата во Рио и на неколку други…
Фудбалерот на бразилскиот состав Гремио, Евертон Соареш, може да добие понуда да се пресели во Англија во екипата на Тотенхем, најавува денеска – „Скај Спортс“, повикувајќи се на извори од клубот. Играчот на бразилците и претходно се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата во составот на Манчестер Јунајтед, но, тоа не се случи. Соареш во еден период беше интересен и за првите луѓе на Реал Мадрид, но, тие се откажаа од идејата да го ангажираат на „Сантијаго Бернабе“. Сега ако се остварат најавите, 23-годишниот фудбалер може да дојде во Европа и да ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Тоа може…
Саудискиот принц, Мохамед бил Салман, не се откажува од намерата да го купи фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед. Според последните наводи од Англија, познатиот милијардер е подготвен да испрати фантастична понуда до семејството Глејзер и да го откупи мнозинскиот пакет од акциите. Американските сопственици на „црвените ѓаволи“ кои го купија клубот во 2004 година за 790 милиони евра, сега може да добијат многу повеќе доколку се определат да ја прифатат понудата. Синот на саудискиот крал, Абдулазиза Ал Сауда, е еден од најбогатите и најмоќните луѓе на планетава.
Првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси со вчерашниот гол на теренот на Славија Прага во 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони, направи нов рекорд кога станува збор за елитата на стариот континент. Аргентинецот стана првиот играч кој во 15 сезони во серија постигнува барем по еден гол на секој натпревар. Неговата гол-серија започна од сезоната 2005/2006 кога погоди против Панатинаикос. Тој до денеска постигнал погодок против 33 различни клуба со што израмни рекордот кој го имаат двете легенди на Реал Мадрид, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо. Кога станува збор лидерската тројка според ефикасноста во ЛШ, тука Роналдо е прв…
Денеска на осум стадиони во Европа не очекува завршницата на третото коло во фазата по групи во Лигата на фудбалските шампиони. Два меча привлекуваат посебно внимание. Бранителот на тронот Ливерпул ќе гостува кај Генк додека Интер ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Еве го денешниот распоред. Група Е, Салцбург – Наполи и Генк – Ливерпул. Група Ф Интер – Борусија Д и Славија П. – Барселона. Група Г (18.55) Лајпциг – Зенит и Бенфика – Олимпик Лион. Група Х (18.55) Ајакс – Челзи и Лил – Валенсија. Средбите од Лигата на шампионите ќе можете да ги следите во специјализираната вечерна програма…
Меѓународната атлетска федерација ги објави имињата на атлетичарките кои ќе конкурираат за наградата – најдобра во 2019 година. Во преден план се наметнуваат спринтерката Дина Ашер-Смит (Велика Британија) која има три златни медали и светската шампионка на 1500 и 10.000 метри Сифан Хасан. Во потесната конкуренција влегуваат и светската шампионка во скок во височина, Марија Ласиткене, како шампионката од СП во Доха во скок со стап, Малејка Михамбо. Свеченото прогласување на најдобрите ќе биде реализирано на 26 октомври на церемонија во Талин (Естонија).
Новата сезона во кошаркарската НБА лига започна со победа на бранителот на тронот, Торонто и со триумф на Клиперси во градското дерби против ЛА Лејкерс. Актуелниот шампион одбраната на титулата ја започна со триумф од 130-122 против Њу Орлеанс и тоа по едно продолжение откако мечот заврши нерешено во регуларниот дел 117:117. Во победничкиот состав Паскал Сијакам забележа 34 поени и направи 18 скокови. Фред ван Влит реализираше исто така 34 поени, додека Кајл Лаури застана на 22 поена. Кај Пеликанс најдобар беше Брендон Инграм со 22 коша. Во локалното дерби во Лос Анџелес, составот на Клиперси славеше протв Лејкерс со…
