Во групата „А“, Реал Мадрид ќе гостува кај Галатасарај. Двата тима освоија по еден бод во првите две кола што значи дека денеска мораат да одат на полн погок доколку сакаат да останат во трката за првите две места. На досегашните седум средби, три победи има Галатасарај а четири Реал. Зидан чија клупа веќе се „тресе“ поради лошите резултати, на денешниот дуел во Истанбул ќе остане без услугите на Асенсио, Бејл, Лукас, Модриќ и Начо . Добра вест е враќањето на Тони Крос, Еден Азар и Дани Карвахал. Во другиот натпревар во групата А, Пари Сен Жермен ќе се појави…
Author: dino
Италијанските медиуми се убедени дека Тијаго Мота ќе го наследи Аурелио Андреацоли на клупата на Џенова откако тимот на нашиот, Горан Пандев, има разочарувачка сезона и по осум одиграни кола е на претпоследното 19 место во Серија „А“. Мота откако во 2018 година се повлече од фудбалот, не успеа да обезбеди посериозен тренерски ангажман и работеше само во составот на ПСЖ до 19 години. Бразиелцот со италијански пасош добро ја познава Џенова бидејќи играше таму од 2008 до 2009 година. Интересно е тоа што Мота заедно со нашиот Пандев настапуваа во дресот на Интер кога „нероаѕурите“ ја освоија Лигата на…
Шпанскиот весник- „АС“, наведува, дека фудбалерот, Кристијан Ериксен, нема намера да ја продолжи соработката со Тотенхем во наредното лето и дека најверојатно во зимскиот трансфер период ќе пресели во Реал Мадрид. Сепак, Данецот за да го реализира најавеното, му поставил услов на тимот од – „Сантијаго Бернабе“. Според напишаното, играчот од средниот ред побарал од „кралевите“ да ја прекинат соработката со Иско и со Маријано Дијаз. Тоа веројатно нема да биде проблем бидејќи Иско игра под сите очекувања додека Мариано не добива воопшто минутажа.
Фудбалската репрезентација на Србија ќе мора да го одигра пред празни трибини мечот со Луксембург на 14 ноември во квалификациите за ЕП откако УЕФА ја казни со два меча без публика (вториот е условна казна), поради расистичките навреди упатени од трибините кон играчите на Португалија на мечот одигран на 7 септември. Во дисциплинскиот извештај на УЕФА наведени се повеќе причини меѓу кои и недозволено влегување на навивачи на теренот, користење на пиротехнички средства, расистичко однесување, недозволени скандирања, доцнење на почетокот на мечот и задоцнето излегување на селекторот Љубиша Тумбаковиќ од соблекувалната. Фдубалскиот сојуз на Србија ќе мора да плати и…
Селекторот, Данило Брестовац, се определи во рамките на ЕХФ неделата и мечевите со Турција и Италија, да им даде шанса на младите ракометари за да се наметнат за „А“ селекцијата. „Сите репрезентативци тренираат, но, немаат минутажа и тоа е катастрофа. Имаме проблеми, затоа сакаме да играме што е можно повеќе натпревари. Сакам да ги проверам младите играчи, ми требаат храбри и борбени кои ќе донесат цврстина во одбрана. Се надевам дека од нив ќе можеме да добиеме репрезентативци кои ќе може да играат на високо ниво“ – вели Брестовац. „Мора да внесеме свежа крв во репрезентацијата, ако не го направиме…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, иако има ѕвезден состав, вели дека неговите фудбалери не се подготвени да го подигнат победничкиот пехар во Лигата на шампионите. „Многу луѓе велат дека треба приоритет да ни биде Лигата на шампиони, но, ние не сме подготвени да ја освоиме. Изминатите две сезони постигнавме многу голови, но, мораме да се надградуваме“ – вели тренерот на „граѓаните“ пред утрешниот меч со Аталанта во групната фаза во ЛШ. Неговиот тим две сезони по ред ја освои Премиер лигата, но, не успеа да се наметне во трката за победничкиот пехар во елитната конкуренција на Стариот континент. Сити…
Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, пред мечот со Локомотив Москва во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека Маурицио Сари вовел сосема нов начин на игра кој многу повеќе му одговара на Португалецот. „Се променивме на подобро со Сари. Сега имам повеќе слобода а нашата игра е поразлична. Мислам дека добро напредуваме“ – вели Роналдо кој индиректно кажа дека не му се допаѓала стрaтегијата на претходниот тренер, Алегри. „Сега мојата позиција и улога е поразлична на теренот. Сакам да имам слобода во движењето и со Сари тоа го добив. Сакаме прво да ја освиме Серија „А“ а потоа и Лигата…
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, да го посочи главниот виновник за примениот гол на вчерашното дерби против Ливерпул во Премиер лигата (1:1) одиграно на „Олд Трафорд“. „Ван Бисака нема одиграно доволно натпревари во последниов период, ако беше во вистински ритам, сигурно ќе стигнеше да го затвори центар-шутот на Роберстон.Тоа што го направи Рохо е чудно. Тргна на играчот на Мегваер и го остави слободен неговиот дел од теренот и противничкиот играч“ – вели Гигс. „Јанг во ниту еден случај не беше блиску за да спречи било што. Ако го гледате Рохо, ќе заклучите дека тој имаше лоша координација…
Алфа Ромео ќе ја раскине соработката со Заубер и ќе ја напушти Формула 1, најавија денеска медиумите во Италија. Главниот спонзор на швајцарскиот состав кој се вклучи во Ф1 во 2018 година, не е задоволен од досегашните резултати и затоа се одлучил да се повлече од најголемиот циркус на тркала. Од друга страна се наведува дека луѓето од Заубер, наводно, започнале преговори со нов производител на мотори – Хонда. Ако најавите се реализираат, тоа може да донесе фузија како што сега ја имаме во екипата на Ферари Хонда.
Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи тениската Дејвис Куп селекцијата на Србија на завршниот турнир кој ќе се реализира во Мадрид. Селекторот, Ненад Зимоњиќ, практично ќе го има најсилниот состав во кој ќе бидат вклучени и: Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Виктор Троицки и Јанко Типсаревиќ. Србија во групната фаза ќе игра со Франција и Јапонија а победникот ќе оди во четврт-финалето. Еве го изгледот на другите пет групи. Група „Б“ – Хрватска, Шпанија, Русија . Група „Ц“ – Аргентина, Германија, Чиле, Група „Д“ – Белгија, Австралија, Колумбија, Група „Е“ – Велика Британија, Казахстан, Холандија и Група Ф – САД , Италија, Канада. Завршницата во Шпанија ќе…
