Ракометарите на Еурофарм работник в недела во Битола од 17.00 часот ќе го одиграат мечот со Татран Прешов во рамките на 5 коло во групата -„Ц“ во Лигата на шампионите. Тренерот на нашиот тим, Стевче Алушовски, се надева и на втората победа во елитната конкуренција. „Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, играчи од Шпанија, Хрватска, секоја година играат во Лигата на шампионите и СЕХА. Сите шест екипи се изедначени, секој секого може да победи и против ниту една екипа не можете да кажете дека сте фаворит“ – вели Алушовски. „Екипата е освежена, малку се одморивме од…
Author: dino
Претставниците на кошаркарските и ракометните клубови од нашава земја кои се дел од второлигашките конкуренции, денеска на заеднички состанок, најавија, дека ќе ги бојкотираат активностите на спортските терени додека не се реши проблемот со вредносните ваучери кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт. Дарко Петровски претставникот на ракометарите, нагласи, дека уште од февруари им било ветено дека ќе ги добијат ваучерите од АМС додека Благоја Кечовски кој ги претставуваше кошаркарите, потенцираше дека многу наши репрезентативци настапуваат во второлигашката конкуренција и во младинските лиги и дека не треба да бидат потценети. Петровски и Кечовски апелираа побрзо да се реши проблемот…
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој има реализирано најмногу мечеви во Серија „А“ кога станува збор за интернационалците, доби прашање поврзано со Елиф Елмас. Нашиот млад играч кој во текот на летото го облече дресот на Наполи, брзо ги собра симпатиите на фудбалската јавност на „Чизмата“. „Елмас е многу силно момче а роден е во 1999, има голем карактер, тоа го покажува и во Наполи и во националниот тим. За Македонија покажа дека станува лидер, тоа е момче кое сака да победува. Наполи доби големо засилување. Тој е среќен е таму и се надева дека набрзо ќе освои…
Марин Чилиќ со победата против неговиот сонародник од Хрватска, Иво Карловиќ, на турнирот во Москва, влезе во Топ 10 рангирањето на тенисерите кои оствариле најмалку 500 победи на елитните собири. Некогашниот трет светски рекет кој го има освоено и „Ју Ес Опен“ во 2014 година, стана 10-тиот активен тенисер кој направи таков ефект. Еве ја комплетната листа на играчите што имаат најмалку 500 победи на турнирите под капата на АТП. 1. Роџер Федерер – 1.229 победи 2. Рафаел Надал – 967 победи, 3. Новак Ѓоковиќ – 878 победи,4. Енди Мареј – 666 победи 5. Томаш Бердих – 640 победи, 6.…
Компанијата специјализирана за спортска опрема –„Адидас“, денеска на социјалните мрежи постираше фотографија на топката која ќе се користи на Европското фудбалско првенство во 2020 година. Иако официјалната промоција на топката е закажана во ноември, Адидас објави фотографија за да ја види реакцијата на фановите. Топката наречена Унифорија ЕУРО 2020 е изработена по истата формула и материјал како и „Телстар 18“, – топката со која се одиграа натпреварите на СП во 2018 година. Наредниот континентален собир ќе прв во истријата што ќе се реализира во повеќе од две земји или поточно домаќини ќе бидат стадионите во 12 држави. Големото финале ќе…
Во неколку каталонски градови со денови траат жестоките протести поради уапсените девет политичари кои се вложуваат за независност на автономната покраина. Таа ситуација очигледно се одразува и во спортот пред се во фудбалот. Имено, дел од играчите на Барселона одбиле да тренираат, подржувајќи ги протестите. Тоа се Осман Дембеле и Жерард Пике. Наводно двајцата го пропуштиле денешниот последен тренинг пред гостувањето кај Еибар.
Весникот – „АС“ пишува дека првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, го имаат ставено на списокот за засилувања играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез. Шпанскиот фудбалер е еден од шестмината кои се потенцијални кандидати да се преселат во текот на зимата на „Олд Трафорд“. 24 годишниот Саул прет стартот на претходниот шампионат потпиша договор за осум сезони со „јорганџиите“ иако за неговите услуги беа заинтересирани повеќе екипи меѓу кои и Барселона.
Челниците на кошаркарскиот состав Сакраменто Кингс му понудиле на играчот, Бади Хилд, нов договор за наредните четири години вреден 90 милиони долари, но, тој веднаш ги одбил бидејќи проценил дека неговиот потпис вреди многу повеќе. „Понудата ме навреди. Вредам повеќе од тоа. Велат дека сакаат тимот да го градат врз мене и тоа треба да го покажат на дело а не со зборови. Сакам да останам тука, тоа е мојот дом“ – потенцираше кошаркарот кој бара најмалку 110 милиони долари за четири сезони. Хилд на 23 јуни во 2016 година беше избран од Сакарменто како шести пик на драфтот.
Фудбалскиот репрезентативец на Австрија, Жулиан Баумгартлингер, го продолжи договорот со елитниот германски клуб Баер Леверкузен до летото во 2021 година, објавија медиумите во неговата татковина. 31-годишниот играч од средниот ред ја започна четврта сезона кај „фармацевтите“. Тој досега реализирал 90 натпревари за германскиот состав на кои постигнал 1 гол и запишал 4 асистенции. Баумгартлингер претходно настапувал за екипите на Минхен 1860, Австрија Виена и Мајнц 05. Тој во месец јули во 2016 година за 4 милиони евра го напушти Мајнц и се пресели на „Бај Арена“.
Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, размислуваат да го ангажираат на тренерското столче, Масимилијано Алегри, како замена за Оле Гунар Солскјер, објавија денеска медиумите во Англија. Кон тоа води и последната изјава на италијанскиот стратег кој ги коментираше шпекулациите што го поврзуваат со клупата на „црвените ѓаволи“ како и најавата дека Марио Манџукиќ во текот на зимата ќе се пресели на „Олд Трафорд“. „Се уште не говорам добро Англиски, меѓутоа учам. Манџукиќ беше многу значаен за мене бидејќи со начинот на кој игра многу ни помогна на мечевите во фазата кога се решаваше победникот“ – нагласи Италијанецот.
