Раководството на кошаркарскиот состав Бруклин ги искористи клаузулите во договорите на Џерет Ален и Јанан Муса и им ја продолжи соработката до 2021 година. Алан беше избран како 22-ри пик на драфтот во 2017 година додека Муса беше регрутиран една сезона подоцна како 29-ти пик. Тој ја напушти Европа за да го засили составот од Њујорк. 21-годишниот Алан кој пропушти само два меча, имаше во просек 10,9 поени и 8,4 скокови на вкупно 80 натпревари. 20-годишниот Муса, пак, кој помина поголем дел од минатата сезона во Лигата за развој, одигра само девет мечеви со просек од 2,1 кош. Крилниот играч…
Author: dino
УЕФА ќе ја разгледа можноста да ја промени локацијата за финалето во Лигата на шампионите и да му го одземе домаќинството на турскиот град, Истанбул, потврди потпретседателот на федерацијата, Микеле Уве. Причина за евентуалната таква одлука е тековната офанзива на турската армија против Курдите стационирани во северна Сирија. Доколку тоа се случи, ќе има индиректно мешање на политиката во спортот. Ќе потсетиме дека Олимпискиот стадионот – „Ататурк“ во Истанбул на 30 мај во 2020 година треба да биде домаќин на големото финале на тековнава сезона на ЛШ. „Ние ќе ја исполниме нашата мисија за почитување на автономијата и независноста на…
Пилотот на Ферари, Чарлс Леклер, ја презеде вината за инцидентот со Макс Верстапен од Ред Бул во почетокот на трката за Гран-при на Јапонија. Контактот меѓу двете возила влијаеше на пласманот на двајцата возачи. 21-годишниот Леклер заврши на шестото место а Верстапен мораше да се повлече од патеката поради оштетување на предното крило. Верстапен уште пред да заврши трката, го обвини Леклаер за неодговорно пилотирање. „Имав лош старт и влегов во дуел со Фетел. Тогаш не го исконтролирав најдобро предниот дел од возилото. Имало такви слични ситуации, но, сега јас сум сум виновен” – искоментира Леклер за инцидентот со Верстапен.…
Богдан Богдановиќ ќе стане слободен играч со одредени ограничувања по завршувањето на сезоната 2019/2020, пренесуваат медиумите во Сакраменто. Српскиот кошаркар би можел да бидат ставен на трансфер пазарот во наредното лето доколку не добие продолжување на договорот од страна на „кралевите“. 27-годишниот српски интернационалец игра во главниот град на Калифорнија од 2017 година а во изминатата сезона забележа најмногу бодови во повеќето клучни статистики – 14,1 поен, 3,8 асистенции, 3,5 скока и 1,0 украдена топка. Во слична ситуација се наоѓа и Бади Хилд, кој исто така ќе има опција да го продолжи договорот со Сакраменто.
Поранешниот голман на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, се наврати на неуспешниот трансфер во Ливерпул во 2001 година. „Ја започнав кариерата во Ајакс и тогаш имав можност да се преселам во Англија или Италија. На крајот се решив да одам во Серија А и го одбрав Јувентус“ – вели легендарниот голман. „Во 2001 година, можев да одам во Ливерпул, малку се двоумев и затоа го одбрав Фулам. Потоа поминав прекрасен период во Манчестер Јунајтед. Кога го напуштив тимот имав 40 години. Мислам дека тогаш помина времето да одам во друг состав“ – потенцираше некогашниот голман на „црвените…
Екипата на Тотенхем која беше во големото финале во Лигата на фудбалските шампионите во претходната сезона, потпиша договор со голманот, Мишел Ворм. 35-годишниот Холанѓанец ќе остане во тимот до крајот на сезоната. Тој беше играч на Спарси до летото по што клубот го ослободи, но, сега реши повторно да го ангажира. Ворм досега поминал вкупно 5 години во дресот на Тотенхем. Лондонскиот елитен состав соочен со повредата на Уго Лирис по поразот на мечот со Брајтон, беше принуден да направи таков потег и да ангажира уште еден чувар на мрежата.
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја изненади фаворизираната Полска на гостувањето во Варашава во рамките на 8 коло во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година. По првото главно изедначено полувреме, домаќините заиграа поактивно во вториот дел и успеаа да ја продолжат победничката серија. Во 74 минута Франковски само што влезе во игра искористи невнимание на нашата одбрана и од само неколку метри успеа да го совлада Димитриевски. Само 6 минути подоцна, Милик со одличен шут од 20 метри донесе нова радост за домашните фанови. Во нашата група денеска Австрија оствари голема победа на гостувањето кај…
Ракометарите на Еурофарм работник се израдуваа на првата историска победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен беа подобри од финскиот состав Кокс со 31 спрема 30. Во крајно драмтичен и изедначен меч победникот беше решен во самиот финиш кога Митревски одбрани пенал а Олјески успеа да погоди од седум метри. Веднаш потоа домашниот голман ги собра сите аплаузи откако го одбрани и последнито шут на гостите. Во победничкиот тим се издвои Остроушко со осум погодоци додека Ојлески постигна пет. Граџан го заврши мечот со четири реализации. Веднаш по средбата тренерот на нашиот тим, Стевче Алушовски, не го криеше задоволството.…
Атлетичарката, Бригид Косгејт, постави светски рекорд за жени на маратонот во Чикаго. 25-годишната Кенијка го претрча 42-километарското растојание на една од најголемите трки во светот за 2 часа, 14 минути и 4 секунди, со што го подобри светскиот рекорд на Британката, Паула Редклиф од 2003 година за 1 минута и 24 секунди. Претходно годинава Косгејт го освои и маратонот во Лондон кога стана најмладиот победник во британската престолнина. Кенијката ја повтори победа од претходната година низ улиците на Чикаго откако успеа да ја добие битката со Абабел Јешанех и Гелети Бурка , две атлетичарки од Етиопија. Кај мажите, победи Кениецот,…
Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Чиле, Алексис Санчез, заработил повреда на левата нога, потврди денеска неговата матична фудбалска федерација. Тој се повреди во синоќешната контрола против Колумбија (0-0), кога мораше да го напушти принудно теренот во 88-та минута. Тоа значи дека Алексис ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Гвинеа закажан во вторник и ќе се врати во неговиот состав Интер. Таму под будното око на лекарите ќе направи обемни прегледи што ќе покажат колку долго ќе биде надвор од терените. Според одредени информации, Алексис може да оди и на операција.
