Author: dino

Легендарниот фудбалски напаѓа на Англија и на Манчестер Јунајтед,  Мајкл Овен, вели дека сегашниов тим го нема потребниот капацитет за да оствари значајни резултати како во Премиер лигата така и во меѓунароните конкуренции. „Работите стануваат полоши од ден на ден. Во тимот има само тројца-четворица играчи што навистина вредат. Јунајтед не успеа да ги купи вистинските засилувања што ги посакуваше“ – вели Овен. „Сите можеме да шпекулираме за тоа што е погрешно. Солскјер треба добро да го погледне тимот и да види дека работите се влошуваат. Играчите ја губат нивната вредност, стануваат се полоши“ – заврши Овен.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја забележа третата победа во квалификациите за ЕП со што остана во конкуренција за второто место на табелата. Македонија денеска славеше заслужено против Словенија на Арената – „ Тодор Проески“ со 2 спрема 1 со што остана во самиот врв на табелата во групата „Г“. Во 50-та минута капитенот Горан Пандев прекрасно асистираше до Елиф Елмас кој успеа да го матира голманот, Јан Облак, за голема радост на трибините во Скопје. Фудбалерот на Наполи ги покажа врвните квалитети и во 68 минута кога по втор пат успеа да погоди во мрежата на Словенија за убедливо водство од…

Read More

Нашите млади фудбалери (У21) ја остварија и втората победа во групата 6 во квалификациите за Европското првенство. Избраниците на слекторот, Благоја Милевски, денеска поминаа триумфално на тренеот на Црна Гора со 2 спрема 1. Домаќините поведоа во 10 минута со голот на Скендеровиќ, но, нивната радост тареше кратко бидејќи Атанасов изедначи веќе во 14 минута. Во 33 минута беше досуден пенал за нас а Атанасов не ја пропушти шансата по втор пат да го матира домашниот голман. Македонија наредниот меч од квалификациите ќе го одигра на домашен терен на 15 октoмври против селекцијата на Казахстан.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Лион, Жан Мишел Ола, изјави дека Португалецот, Жозе Мурињо, не ја прифатил неговата понуда да седне на клупата на „лавовите“. „Си разменивме неколку прилично ласкави пораки преку СМС. Беше убаво за сите. Ама тој не ја прифати нашата понуда за состанок бидејќи имал одбрано друг клуб“ -истакна Ола. Ќе потсетиме дека „специјалниот“ извесен период е без ангажман откако во текот на зимата заработи отказ од Манчестер Јунајтед.

Read More

Првиот голман на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон Бекер, реализира  дополнителни тренинзи за да се подготви за враќање во игра. Бразилецот кој се повреди во првото коло во Премиер лигата, најверојатно ќе може да брани на  дербито со Манчестер Јунајтед кое ќе биде реалзирано на 20 октомври на „Олд Трафорд“. Враќањето на Алисон автоматски ќе значи дека вториот голман Адријан кој остави многу добар впечаток во првите осум кола од Премиер лигата сега ќе се пресели на клупата. Фудбалерите од средниот ред на „црвените“, Адам Лалана и Алекс Окслејд-Чемберлен исто така се во посебна фаза на рехабилитација и најверојатно ќе бидат…

Read More

Раководството на фудбалскито состав, Манчестер Јунајтед, не планира во догледно време да го отпушти тренерот Оле Гунар Солскјер доколку загуби од Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми. И покрај очајниот старт на сезоната кој го има тимот од „Олд трафорд“, раководните лица  имаат доверба во Норвежанецот кој упорно работи на подмладување на екипата. Според одредени шпекулации, Солскјер планира да ги ангажира Рајс од Вест Хем и Санчо од Борусија Дортмунд.

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој неодамна го критикуваше Ромелу Лукаку и даде максимална согласност за негова продажба во Интер,  сега ја менува приказната. „Црвените ѓаволи“ во неколку преодни рока останаа без Фелаини, Лукаку, Санчез, што значајно се одрази на ефикасноста на тимот. Челниците иако се обидоа да пронајдат соодветни замени, тоа сепак не ги донесе посакуваните резултати. Тоа го увиде и Невил. „Сега нема квалитет и Манчестер Јунајтед се врати чекор назад. Тие ќе беа подобри со Фелаини, Лукаку и Санчез, без сомневање“ – потенцираше Гери Невил

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, јасно стави до знаење дека ја има поддршката од претседателот на клубот, Даниел Леви. Финалистот во Лигата на шампионите од претходната сезона сега се наоѓа дури на деветтата позиција во Премиер лигата. Тоа на некој начин ги донесе првите шпекулации дека тренерот може да биде заменет. „Јас секогаш му кажувам на Леви дека го имам како пријател, иако тој е мојот шеф. Треба да учиме од нашите грешки. Секогаш треба да ги прифатите резултатите со достоинство без оглед дали се добри или лоши “ – изјави аргентинскиот стратег кој е дел од тренерската…

Read More

Нашите најдобри фудбалери утре на Арената во Скопје ќе го реалзираат мечот со Словенија во рамките на квалификациите за ЕП во 2020 година. Нашиот селектор, Игор Ангеловски, вели дека неговите избраници се подготвени за значајниот дуел. „Можам да ветам дека сите се подготвени и ќе се борат за секоја педа од теренот за да дојдеме до победа. Ние играме одлично на мечевите иако имаме одредени проблеми со ростерот. Не се сомневам дека тие што ќе добијат шанса ќе ја искористат максимално“ – вели Ангеловски. Словенечката репрезентација требаше во 11 часот да полета кон Скопје, но, поради технички проблеми на авионот…

Read More

Дури 64,4 од навивачите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед сакаат тренерот Оле Гунар Солскјер да си замине откако тимот влезе во серија на лоши резултати во Премиер лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ има освоено само осум бодови од осум мечеви што претставува крајно неочекуван ефект со оглед на реномето и амбициите на „црвените ѓаволи“. Затоа не изненадува што во анкетата на британски весник -„Сан“ големи 64,4 проценти од навивачите сакаат заминување на 46-годишниот Норвежанец. Другите 35,6 проценти од испитаниците му дале поддршка на тренерот. Во истражувањето биле вклучени 4.400 фанови на Манчестер Јунајтед. Ќе потсетиме дека неодамна и првите луѓе…

Read More