Стефано Пиоли и официјално е нов тренер на фудбалскито состав Милан откако денеска во друштво на легендите, Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои се дел од менаџерскиот тим, го стави потписот на договорот кој ќе биде валиден во наредните две години. Пиоли ќе седне на клупата на „росонерите“ на местото на Џампаоло кој заработи отказ поради серијата на лоши резултати. Пиоли кој има богата тренерска кариера досега работел во 12 клубови меѓу кои се : Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Сасуоло…итн.
Author: dino
Фудбалерите и претставниците на Црвена Ѕвезда не добија дозвола да влезат на Косово и да го одиграат денешниот меч со екипата на Трепча. „Црвено-белите“ во рамките на Купот требаше да му гостуваат на ФК Трепча, тим кој се натпреварува српската лига иако се наоѓаат на косовска територија поточно во Северна Митровица. За целиот настан веднаш се огласи Генералниот директор на белграѓани, Звездан Терзиќ кој со приватен автомобил ја водеше делегацијата до административниот преминот Јариње. „Имаме забрана за влез на територијата на Косово. Причината не ја знаеме. Забраната ја издала владата на Косово“ – изјави Терзиќ пред новинарите. Делегацијата и навивачите…
Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два значајни меча во квалификациите за Европското првенство. Прво ќе бидеме домаќини на Словенија а потоа ќе одиме на теренот на Полска. Селекторот на А-репрезентацијата, Игор Ангеловски,фокусот го става на средбата со Словенија во Скопје. „Прогнозите за Барди се остварија, изгубивме уште еден член. Ќе го немаме и суспендираниот Бејтулаи за првиот меч, затоа се одлучив да повикам двајца нови фудбалери. Столиов долго време игра во нашата лига, тој е лидер на Академија Пандев. Што се однесува до Младеновски, на само 19 години одигра на врвно ниво на дербито со Шкендија. Верувам дека со максимална борбеност…
Каратистите на Макпетрол во текот на викендот настапија на силниот интернационален турнир – ,,Кроација опен,“ кој се одржа во Ријека, Хрватска. Тие освоија вкупно четири медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен. Со медали се враќаат : Абдурахим Идризи, бронзен медал сениори -60 кг, Витомир Трајковски Златен медал кадет -70 кг , Сара Радичевска, сребрен медал сениорки -61 кг и Анѓела Мојсовска, сребрен медал (У21), -68 кг . На турнирот учествуваа 1917 спортисти од 25 држави а тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, вели дека неговите каратисти прикажале одлични борби. „Многу сум задоволен бидејќи нашата каратистка Анѓела Мојсовска…
Напаѓачот на Барселона , Осман Дембеле, иако одигра фантастичен меч против Севилја и постигна феноменален гол, направи глупост во самата завршница и заработи црвен картон откако му се обрати на главниот судија, Лахоз. Ако дисциплинската комисија процени дека станува збор за понижување, Дембеле ќе паузира од два до четири меча што значи дека ќе го пропушти големото „Ел Класико“ со Реал Мадрид. Тренерот на Барса, Ернесто Валверде, на прес-конференцијата вели дека е зачуден од судискиот записник, бидејќи колку што знае, Дембеле речиси и да не зборува шпански. „Искрено, ме чуди тоа, јас имам проблеми да зборувам со него, тешко е…
Селекцијата на САД освои најмногу медали на Светското првенство кое во изминатиот период се реализираше во Катар. Американците обезбедија вкупно 29 медали од кои 14 златни и 11 сребрени. Втора е Кенија со пет злата од 11 медали додека Јамајка освои вкупно 12, но, само три златни. С елекциите на САД (мажи и жени) немаа конкуренција во вчерашните завршни трки на 4 пати по 400 метри. Американките победија пред Јамајка и Полска додека во машката штафета распоредот беше САД, Јамајка и Белгија. Од завршните настани на СП во Катар ќе ја издвоиме победата на Лилиса Десиса во маратонската трка. На…
Легендата на Манчестре Јунајтед, Рајан Гигс, проценува дека на тренерот, Оле Гунар Солскјер му требаат уште најмалку пет-шест нови фудбалери за да биде конкурентен во трката за шампионската титула во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаат има освоено само девет бодови од осум мечеви што претставува најлош старт на сезоната во последните 30 години. Норвешкиот тренер е под притисок а Гигс вели дека Хери Мегваер, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс, не се доволни за да се остварат поскауваните резултати. „Им требаат уште четири – пет фудбалери. Солскјер купи тројца, но, му требаат вкупно седум-осум. Тоа не можете да го направите…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашниот пораз на теренот на Њукасл, вели дека е запалено црвеното светло во тимот. „Нормално дека сме разочарани од текот на сезоната. Иако ни недостасуваат неколку првотимци, тоа не треба да биде оправдание за слабите резултати. Создаваме шанси, но, не ги реализираме“ – потенцира норвешкиот тренер. „Сега ќе има пауза за натпреварите на националните тимови што значи дека ќе имаме доволно време да ги анализираме првите осум кола. Очекувам да се вратат и неколку играчи што се соочуваа со повреди“ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“. Неговиот тим по осум…
Фудбалерите на Челзи во текот на викендот славеа на теренот на Саутемптон а нивниот тренер, Франк Лампард, вели дека главна алка во тимот е Вилијан кој полека се претвора и во лидер на теренот. „Мислам дека погодивме во вистинското време и потоа можевме да играме многу полесно. Да се постигнат четири голови на гости не е мала работа. Чувството е убаво. Вилијан се покажа во блескаво издание иако и другите фудбалери беа на висина на задачата. Не чека долга сезона, но, верувам дека можеме да играме многу подобро и да го задржиме ритамот“ – вели тренерот на „сините“. Неговиот тим…
Екипата на Олимпијакос по поразот од Асвел на стартот на кошаркарската Евро-лига, се одлучи да ја прекине соработката со искусниот тренер, Дејвид Плат. „Имавме долги разговори и заклучивме дека треба да се разделиме. Имаше респект од двете страни. Многу ќе ми значи времето што го поминав во Грција. Сакам да им се заблагодарам на луѓето тука кои покажаа максимално почитување за мојата работа. Сакам да им се заблагодарам и на играчите, стручниот штаб и управата на Олимпијакос“ – потенцираше Блат. Неговото место времено ќе го заземе, Кестудис Кемзура, кој ќе седи на клупата на мечот со Валенсија во рамките на…
