Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, вчера се соочи со неговиот претходен тим Јувентус во дерби мечот на седмото коло во Серија „А“. Гостите од Торино победија со минимални 2:1 а искусниот стратег на „нераѕурите“ иако го призна поразот не ја пропушти шансата да ги пофали неговите фудбалери. „Мечот беше главно изедначен, но, не смееме да се лажеме дека сме на истото ниво со Јуве. Ќе треба да поминеме многу пат за да ги стигнеме“ – вели Конте кој претходно цели 13 години беше активен во тимот на Јуве. „ Ќе треба да ја подобриме пас-играта како и реализацијата.…
Author: dino
Фудбалската репрезентација на Словенија ќе допатува ослабена во Скопје на мечот против Македонија во квалификациите за ЕП откако двајца играчи отпаднаа од списокот на селкторот, Кек. Тоа се Лука Захович (Марибор) и Домен Чрнигој (Лугано). Захович го повреди мускулот на вчерашниот дуел со Мура во домашниот шампионат додека Чрнигој очекувано не се појави на денешниот натпревар со Сион во швајцарскиот шампионат бидејќи не ја санирал повредата заработена на последниот квалификациски меч со Полска. Се остава простор дека селекторот, Кек, соочен со отсуството на двајцата фудбалери може да повика дополнително нови играчи за мечот со Македонија кој ќе биде одигран на 10…
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Рома, Џанлука Петраки, не крие дека е бесен на главниот судија, Давиде Маса, кој и поништи погодок на „волчицата“ на денешниот меч со Калјари кој заврши 1 спрема 1. Домаќините преку Никола Калиниќ ја погодија мрежата на гостите во самиот финиш, но, судијата процени дека напаѓачот го турнал дефанзивецот на гостите кој потоа се судри со голманот. Судијата се постави многу лошо од самиот почеток. Ние од коло во коло сме жртви на судиски неправди“ – изјави Петраки. „Одлуката да се поништени голот е смешна. Писканте не падна туку налета на голманот, се судри и…
Швајцарскиот ракометен состав Винтертурн денеска славеше убедлива победа против нашиот Пелистер со 39 спрема 16 во рамките на ЕХФ Купот. Домаќинот практично го реши мечот во првото полувреме кога направи голема предност од 22 спрема 5. За Битолчани какво –такво оправдување за катастрофалниот пораз може да биде лошата состојба во клубот гледано од секаков апсект. Во нашиот тим најпрецизен беше Дарио Петровски со шест голови. Реваншот кој ќе биде има само формален карактер по денешнта убедлива побед ана Швајцарците ќе биде одигран во нареднот викенд во Битола.
Кошаркарите на МЗТ Скопје со убедливата победа против Слобода Тузла со 110 спрема 88 ја отворија новата сезона во АБА 2 лигата. Нашиот шампион во СЦ Јане Јандански главно имаше контрола врз играта и резултатот и на крајот сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Екипата од БИХ која располага со млади и перспективни кошаркари успеа во еден период да направи 58:58, но, немаше сила за комплетен пресврт. Во нашиот тим најпрецизен беше Омот кој постигна 33 поени пред Стојановски со 16 и Крстевски со 13 кошеви. Популарните „штркови“ на 8 октомври ги чека мечот од второто коло и тоа ќе…
Масимилијано Алегри има реална шанса да се врати во тренерските води и да преземе клуб од Англија, објавија дел од медиумите. Искусниот стратег бил виден на мечот меѓу Тотенхем и Баерн Минхен во Лигата на шампните што само ги подгреа шпекулациите дека може да го наследи Маурисио Почетино на клупата на „Спарси“. Лондоначни играат катастрофално во домашни рамки а така поминуваат и во Лигата на шампионите што само по себе наведува дека челните луѓе мора да започнат да размислуваат за одредени промени. Тука секогаш во прв план излегува тренерскиот пост. Втора опција за 52-годишниот Италијанец е екипата на Манчестер Јунајтед.…
Италијанецот, Валентино Роси, ќе направи одредени промени во неговиот личен тим се со цел да дојде до јубилејната 10-та титула во Мото Гран при шампионатот. Легендарниот возач објасни дека за наредната сезона ќе го ангажира Давид Муноз на местото на Силвано Галбусер. Муноз работел главно во помалите класи Мото 2 и Мото 3 и нема искуство во кралската класа. „Дејвид е многу млад и има добри идеи. Го познавам и веднаш се сетив на неговото име откако Силвано и јас решивме да ја прекинеме соработката” – рече Валентино. Што се однесува до иднината на Галбусер, тој ќе остане дел од…
Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал, доби интересен предизвик да го оформи идеалниот тенисер. Шпанецот кој е на второто место на светската АТП, листа, одбра различни елементи од различни тенисери и ги спои во идеална личност која би доминирала на терените. „-Најдобриот ритерн? Веројатно Ѓоковиќ. Најдобриот сервис го има Иво Карловиќ, форхенд – Федерер а брзината- Гаел Монфис“ – вели Надал со потенцирање дека според психичката стабилност во моментов се издвојуваат тројца играчи. „ Во тој сегмент од играта најдобри се Рожер, Новак и јас“ – потенцираше Надал
Откако првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хосеп Марија Бартоме имаше средба со дефанзивецот, Жерард Пике, кој претходно упати критики кон раководните гарнитури, сега се огласи и потпретседателот на Каталонците, Жорди Кордонер. „Точно е дека имаше состанок меѓу претседателот и Пике по што работите се вратија во нормала. Вчера сите покажаа дека екипата има поддршка“ – вели Кардонер кој се осврна и на работата на тренерот, Ернесто Валверде. „По поразите во Ливерпул и во Рим, можеби настана мала тензија околу работата на нашиот тренер. Сепак, ние од раководниот тим заедно со претседателот, му даваме целосна поддршка. Тој може да направи…
Кошаркарите на МЗТ Скопје утре со дуелот против Слобода Тузла во рамките на стартното коло во АБА 2 лигата ќе ја отворат новата натпреварувачка сезона. Тренерот на популарните „штркови“, Ѓорѓи Кочов, вели дека победите на контролните мечеви ќе немаат никакво значење доколку квалитетот не се потврди и на официјалните мечеви. „ Ќе играме со екипа составена од млади и талентирани кошаркари. Можеби ние ќе ја имаме фаворитската улога, но, во секој случај очекувам тежок натпревар“ – вели Кочов. Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, верува дека екипата ќе одигра маскимално борбено и дека ќе дојде до првиот сезонски триумф во…
