Author: dino

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, денеска ќе се појави на стадионот –„Етихад“ на натпреварот против Манчестер Сити во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. Неговиот Динамо Загреб на стартот на сезоната во ЛШ успеа да слави убедливо против Аталанта додека англичаните поминаа триумфално на теренот на украинскиот Шахтор Доњецк. Адеми пред денешната средба во Англија вели дека неговиот тим не се плаши од четата на Пеп Гвардиола која е влезена во старшен голгетерски ритам. „ Дали се плашам од Сити? Да се плашев ќе останев во Загреб. Подготвени сме за борба, сакаме скапо да ја продадеме нашата кожа“ –…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, може да го пропушти денешниот натпревар  со Динамо Загреб во рамките на второто коло Лигата на фудбалските шампиони. Белгискиот репрезентативец кој има дадено 2 гола и направено 9 асистенции во 9 мечеви од почетокот на сезонава, се повреди по дуелот со Јери Мина на саботната средба со Евертон и принудно го напушти теренот во 80-та минута.  Првичните лекарски прегледи утврдија дека Де Бруин има мала повреда на десниот глужд и дека мора да мирува извесен период. Интересно е тоа што на вчерашната средба со новинарите, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола,…

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген , кој пропушти неколку мечеви во почетокот на сезонава, изјави, дека не е загрижен за неговата иднина. 32-годишниот фудбалер чиј договор истекува на крајот на сезоната, се надева дека англискиот тим ќе му понуди нова соработка. „Свесен сум за мојата возраст, но, се чувствувам прилично млад. Сакам да играм што е можно повеќе . Јас сум многу амбициозен и се надевам дека можам да му дадам уште многу на мојот тим“ – вели Вертонген. Во екипата на Тотенхем има група од неколку фудбалери што ја реализираат последната сезона од тековните договори. Покрај белгискиот интернационалец во…

Read More

Шпанските медиуми објавија дека легендарниот фудбалер на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој настапува за ЛА Галакси, изразил желба да го облече дресот на аргентинскиот гигант, Бока Јуниорс. Наводно, неговиот агент стапил во контак со челниците на Бока кои се веднаш се израдувале на идејата на Ибра и потенцирале дека нема никаков проблем да се реализира трансферот. Се претпоставува дека финансискиот момент ќе биде лесно решен бидејќи Бока Јуниорс има солиден финансиски фонд. Тоа го нагласи и Жорге Анро, кој е дел од раководната гарнитура. „Ибрахимовиќ сака да игра за Бока а ние сме во можност да го донесеме. Клубот е силен…

Read More

Хелмут Марко кој со неговите совети и размислувања има големо влијание во Формула 1, вели дека Себастијан Фетел нема иднина во Ферари.  На трката во Сочи на Фетел му беше сугерирано дека мора да го запре болидот и да се повлече. „Немаше потреба Ферари така да реагира и да ја решава трката, тоа само може да придонесе да се налутат возачите поради тимските наредби“ – вели поранешниот прв човек на Ред Бул. „Ферари неколкупати го жртвуваат Фетел иако е најбрз на патеката. Поради тоа мислам дека тој нема иднина во екипата “ – вели Австриецот кој имаше успешна менаџерска кариера…

Read More

Карлос Родригез, поранешниот тренер на Џастин Хенин и на тенисерката од Кина, На Ли, сега ќе се грижи за формата на големата надеж на САД, Аманда Анисимова, објавија во текот на денов специјализираните портали кои го следат светскиот тенис. Ќе потсетиме дека годинава на 18 август почина таткото на тинејџерката кој воедно ја имаше и улогата на нејзин личен тренер. 18-годишната Анисимова, која во јуни стигна до полу-финалето на Ролан Гарос, сега котира на 29 место на светската ранг-листа.

Read More

Данило Брестовац кој го има главниот збор во нашите машки ракометни селекции, сениори, млади, кадети, денеска го одреди списокот на кадетската селекција која треба да се појави на претстојниот меѓународен турнир во Бугарија. Таму во периодот од 11 до 13 октомври на – „Balkan Men’s Youth Championship“ кој ќе се одржи во  салата “Неврокоп Арена”, покрај домаќинот и  Македонија, ќе настапат и селекциите на Турција, Косово и Црна Гора. На списокот на Брестовац за играчи родени 2002/2003 година се најдоа 19 ракометари кој на 7 октомври треба да се јават на првиот собир закажан за 08.00 часот во СС Мајка Тереза во Скопје.…

Read More

Двајца фудбалерите на Манчестер Јунајтед за кои се очекуваше да го пропуштат денешното дерби со Арсенал, сепак се дел од екипата на „Олд Трафорд“. Тоа се Маркус Рашфорд и Пол Погба, кои попладнево биле присутни во хотелот во кој тимот традиционално се среќава со фановите пред домашните натпревари. Денеска двајцата успешно ги поминаа клупските фитнес-тестови и затоа влегоа во последен миг на списокот на Солскјер. Тоа дефинитивно го израдува норвешкиот стратег кој практично остана само со еден напаѓач во лицето на 17-годишниот Мејсон Гринвуд.  Што се однесува до Антони Мартиал  тој не успеа да ја санира повредата и затоа ќе…

Read More

Откако стратегијата на Оле Гунар Солскјер да им даде поголема минутажа на младите фудбалери не вроди со плод на стартот на сезоната, тренерот на Манчестер Јунајтед, планира да донесе засилувања во текот на јануарскиот трансфер период. Според најавите во медиумите во Англија, норвешкиот стартег го пикирал напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, кој има одлична сезона во Лига 1. Весникот „Дејли Мејл“ дознава дека скаутите на Јунајтед го следеле фудбалерот на три натпревари во шампионатот на Франција. Дембеле во тековнава сезона на шест средби постигна исто толку голови.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, кој во континуитет седи на клупата и му е замена на Кун Агуеро, вели дека полека го губи трпението и дека сака да добие поголема минутажа. Неодамна тренерот на „граѓаните“, Пап Гвардиола, изјави дека Бразилецот е свесен дека мора да му биде резерва на разиграниот напаѓач од Аргентина кој во континутет ги тресе противничките мрежи. „ Преку глава ми е од теории и од фразата дека треба да ја чекам мојата шанса. Тука сум три години и ја играм четвртата сезона. Тешко е да се натпреварувате за место со Агуеро, играч кој е најголема…

Read More