Тренерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард изјави дека пред неговата екипа е тешка задача затоа што во наредното коло во Карабао Купот на Англија ќе се сретне со Манчестер Јунајтед. „Само ја видов пенал серијата на Манчестер Јунајтед против Рочдејл, затоа не можам да го коментирам натпреварот. Сепак, јасно е дека не очекува тешка задача. Ќе се сретнат два големи клуба, очекувам добра игра“ – изјави Лампард. Дуелот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед во рамките на осмина-финалето од Лига Купот на Англија ќе бид одигран на 28-ми октомври.
Author: dino
Бразилскиот фудбалски интернационалец, Дани Алвеш, потенцира дека неговиот сонародник Нејмар треба да се врати во Барселона бидејќи таму најмногу му одговара стилот на игра. Искусниот дефанзивец верува дека е само прашање на време кога играчот на ПСЖ ќе се врати во Каталонија и повторно ќе го облече дресот на Барса. „Сигурен сум дека Нејмар може да се врати во Барсеона ако сака. Неговата среќа и понатаму е во Барселона. Мислам дека треба да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“. Неговиот кам-бек е само прашање на време“ -вели Алвеш.
Фудбалерите на Торино доцна синоќа на домашен терен успеаа да направат голем пресврт и да го совладаат Милан со 2 спрема 1 во рамките на 5 –то коло во Серија „А“. Гостите поведоа уште во 18 минута со погодокот на Пјатек од белата точка додека популарните „биковите“ се наметнаа во второто полувреме и со двата гола на Андреа Белоти во 72 и 77 минута успеаа да дојдат до нови бодови. Токму авторот на победа, Белоти, не го криеше задоволството по триумфот против „росонерите“. „Во првиот дел Милан беше подобар а ние игравме без идеја. На полувремето, се погледнавме едни со…
Селекцијата на Словенија која е ко-домаќин на европското одбојкарско првенство успеа да влезе во големото финале откако доцна синоќа славеше на мечот со Полска со 3 спрема 1 или по сетови (25:23, 24:26, 25:22, 25:23) . Словенија в недела од 17.30 ќе игра за златниот медал со побед никот од денешниот полу-финален дуел меѓу Франција и Србија кој ќе биде одигран во Париз. Одбојкарите на Полска ќе го чекаат мечот меѓу Србија и „триколорите“ за да дознаат кој ќе им биде противник во битката за бронза.
Нашите најдобри ракометарки со празни раце ќе се вратат од Скандинавија откако загубија на теренот на Шведска со 35 спрема 26 на стартот на новиот квалификацискиот циклус за место на Европскотo првенство во 2020 година. Домаќинките мечот го решија уште по првиот дел кога направија предност од седум голови или 20 спрема 13. Во вториот, двете селекции одиграа без притисок а домаќинот само ја зголеми предноста и славеше со 35 спрема 26. Во нашите редови најпрецизна беше Ристовска со пет голови додека Стојановска и Ливриниќ постигнаа по четири. Македонија првите бодови во групата ќе ги бара на домашен терн в…
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа влезе во четвртфиналето на фјучерс-турнир во Капошвар кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денеска во тежок меч успеа да ја победи Ванда Лукаш од Унгарија со 2-1. По нерешените 1:1, Ѓорческа рутински го доби третиот сет со 6-2 што беше доволно да влезе меѓу најдoбрите осум. Македонската тенисерка сега ќе се насочи кон дуелот со Емилијана Аранго од Колумбија која преку квалификaциите успеа да си обезбеди место на главната шема.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека неговиот тим не е влезен во криза како што пишуваат медиумите во Англија. Спарси ја започнаа сезоната неубедливо со само две победи на осум натпревари. „Разочарани сме бидејќи очекувавме многу повеќе триумфи. Има порази што треба да ги заборавиме. Во моментов се обидуваме да ја подобриме нашата игра и да ги добиеме резултатите што ги очекуваме“ – вели Почетино. „Мора да направиме добра атмосфера и енергија. На дел од натпреварите водевме, но, не успеавме да победиме. Мора да останеме мирни и да им помогнеме играчите да прикажат квалитетни игри“ – вели тренерот на…
Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира Агим Ибраими на 15 месеци или до 31 декември во 2020 година поради инцидентот на мечот со Дуделанж одигран во 2-то квалификациско коло во Лигата на шампионите. Фудбалерот на Шкендија на мечот во Луксембург прво вербално а потоа и физички го нападна главниот судијата по што заработи црвен картон. УЕФА немаше милост за играчот на тетовци и му изрече голема казна со која ќе го одалечи од стадионите на подолг период. Според правилата, Ибраими и неговиот клуб имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката на „дисциплинците“ на УЕФА.
Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, е избран од страна на ЕХФ за играч на второто коло во Лигата на шампионите. Хрватскиот интернационалец во редовите на „црвено-црните“ постигна седум голови на дуелот со Порто одигран во текот на викендот во СЦ Јане Сандански кој му припадна на домаќинот со 32 спрема 27. Крилото на Вардарци на стартот на новата сезона во елитната конкуренција на Стариот континент прикажува одлични партии а неговиот состав по две кола останува лидер на табелата со максимален ефект. Вардар кој е актуелен бранител на тронот во ЛШ, во третото коло на 29 септември ќе гостува во Украина…
Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски денеска оствари средба со Магомедгаџи Нуров кој со освоениот бронзен медал на Светското првенство во борење обезбеди и олимписка виза за Игрите во Токио во 2020 година. На средбата во МОК, Тупурковски го потенцираше значењето на успехот додека македонскиот репрезентативец откако се заблагодари на довербата и помошта што ја добиваше од МОК, нагласи, дека планира силни подготвки кои треба да го однесат до висок спортски резултат на ЛОИ ТОКИО 2020. Неговиот личен тренер Могамед, Ибрагимов, се заблагодари на МОК за целата досегашна поддршка и изрази надеж дека Нуров ќе оствари забележителен настап на претстојните…
