Себастијан Фетел и Шарл Леклер му донесоа еден-два победа на Ферари на денешната трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Сингапур. Одличната стратегија на италијанскиот тим му помогна да дојде убедливо до првите две места откако неговите ривали не успеаа да го издржат темпото. Третото место на подиумот го пополни Макс Верстапен со болидот на Ред Бул. Потоа следуваа Луис Хамилтон и Валтери Ботас а бодови уште запишаа и: Алекс Албон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Антонио Џованика. Што се однесува до генералниот пласман кај возачите, Британецот, Луис Хамилтон е лидер пред Ботас и…
Author: dino
Весникот –„Марка“ најави дека шпанскиот фудбалски гигант Барселона во текот на зимскиот трансфер период ќе се обиде да ги продаде Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Артуро Видал. Хрватот по доаѓањето на Де Јонг остана да ја грее клупата, Умтити во континуитет се соочува со повреди додека Видал не добива вистинска шанса од страна на тренот и затао самиот најави дека сака да си оди. ‘Според весникот, каталонците во јануари нема да купуваат туку ќе се обидат да ги продадат тројцата фудбалери со што драстично би ги намалиле давачките за плати и бонуси на споменатите фудбалери.
Марко Џампаоло кој во текот на летото седна на кормилото на Милан, вели дека неговите фудбалери со големо нетрпение го очекуваат утрешното градско дерби со Интер во рамките на Серија „А“. „Имавме значајна победа против Верона, добро е што ја подобруваме играта од меч во меч. Нашата цел е победа против Интер. Сакаме да ги израдуваме фановите“ – вели Џампаоло. „Ги следам настапите на Интер во тековнава сезона. Мислам дека можеме да обезбедиме поволен резултат иако сите велат дека сме аутсајдери. Ние во секој случај ги сакаме трите бода“ – потенцираше тренерот на „росонерите“ пред утрешното дерби на Милано.
Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џавел Мекги, треба да биде лидер во неговиот состав во наредната сезона иако „езерџиите“ го ангажираа Двајт Хауард. Мекги кој беше во стартната петорка на 62 меча во претходната сезона иимаше во просек по 12,0 поени и 7,5 скокови. „Размислував за мојата улога во тимот. Бев носител на играта и очекувам тоа да продолжи. Сепак, не зависи тоа од мене туку од тренерот. Подготвен сум да докажам дека треба да бидам во првата постава на ЛА Лејкерс “, рече Мекги. Што се однесува пак, до Двајт Хауард, тој и претходно беше дел од тимот на…
Шефот на стручниот штаб на Челзи, Франк Лампард, пред неделното дерби си лидерот на Премиер лигата, Ливерпул, вели дека двајца негови првотимци може да се вратат на теренот откако ги санирале повредите. „Има големи шанси Маунт да игра. По мечот со Валенсија работите изгледаа многу лошо, сега е подобро, ќе видиме како ќе се чувствува пред мечот“ – нагласи Лампард на средбата со новинарите. „Што се однесува до Нголо Канте, сите знаеме колку значи за нашата екипа. Останува дилемата дали е подготвен за игра бидејќи подолг период немаше активности. Во секој случај, добро е што се врати во тренинг процес…
Поранешниот англиски фудбалски судија, Марк Клатенберг, вели дека Феликс Брих сосема оправдано покажал на белата точка по стартот на Робертсон врз Калјехон на вчерашниот меч меѓу Наполи и Ливерппул во рамките на Лигата на шампионите. Иако англичаните жестоко реагираа на одлуката на главниот арбитар кој не сакаше да го искористи ВАР системот туку остана на одлуката, Клатенбург, вели дека Германецот бил во право. „За жал за навивачите на Ливерпул, тоа беше пенал. Ендрју Робертсон се обиде да ја одземе топката од Келјехон во шеснаесетникот, но, направи контакт со противникот” – изјави Клатенберг за „Дејли Меил”.
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, верува дека клубот напредувал од минатата сезона. Тој додаде дека тренерот, Оле Гунар Солскјер, е главната причина за успесите на тимот. Норвежанецот пред да биде назначен за постојан менаџер забележа 13 победи на 19 натпревари. „Од моментот кога пристигна, тој веруваше во мене. Од првата минута тој имаше огромно влијание врз тимот. Мислам дека победивме 10 од 11 натпревари„ – вели Де Геа. „Навивачите стојат зад него и го сакаат бидејќи тој е менаџер кој добро го познава клубот. Ние напредуваме во одбраната и токму тоа ни помага да се подобриме во целина…
Ѕвездата на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, ќе му помогне на навивач од САД кој успеал да ја добие битката со „канцерот“, да допатува во Англија и да гледа меч на „црвените ѓаволи“. Имено, 21-годишниот напаѓач добил молба од Мет Вејмонт кој напишал на Твитер: „Мојот пријател во САД, Џон, го победи ракот во стадиум 3! Тој е доживотен обожавател на Манчестер Јунајтед а никогаш не бил во Англија или на – Олд Трафорд. Сега имаме доволно финансии да го однесеме во Велика Британија, но, ни треба помош да обезбедиме влезница за мечот против Брајтон!“ На тоа Рашфорд брзо…
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) додаде трета зона за користење на „ДРС“ системот на претстојната Гран-при трка во Формула 1 која ќе биде реализирана на патеката –„Марина Беј“. Промената е дизајнирана за да ја зголеми можноста на пилотите да направат повеќе претекнувања на неделната трка. Новиот „DRS“ се наоѓа помеѓу 13-ти и 14-тиот свиок а возачите ќе можат да го активираат системот на вкупна должина од 78 метри . Другите две зони што се користеа во претходните години остануваат непроменети. ФИА со најавениот потег сака да дозволи повеќе атракција и возбудувања на патеката во Сингапур. Возачите ќе можат да ги користат…
Луис Скола кој ја однесе селекцијата на „гаучосите“ до финалето на кошаркарскиот собир во Кина и кој беше издвоен како еден од најдобрите играчи на Светското првенство, може да направи трансфер во Реал Мадрид. Според медиумите, 39-годишниот ветеран кој преговар со „кралевите“ подолг период, сега може да ја добие посакуваната понуда. Хуан Карлос Санчез, кој е директор на кошаркарскиот тим, Реал Мадрид, никогаш не ги криел дека му се допаѓа стилот на игра на Скола и дека со задоволство би го ангажирал. Скола во периодот од 1998 до 2007 година играше во Шпанија бранејќи ги боите на тогашна ТАУ Керамика.…
