Author: dino

Ракометниот тим на Вардар ги пушти во продажба влезниците за наредните два меча во СЦ Јане Сандански.  Станува збор за средбата  со Порто во Лигата на шампионите  и  мечот со Нексе во СЕХА-конкуренцијата. „Црвено-црните“ кои ја започнаа одбраната на титулата во ЛШ со победа на теренот на францускиот Монпрелје, првиот  меч на домашен терен ќе го одиграат в недела од 17.00 часот со екипата на Порто. Цената на билетите е 350 денари за трибина и 400 денари за Блок А. За мечот со Нексе во регионалната конкуренција, влезниците  чинат симболични 50 денари. Сите фанови на Вардарци и воопшто на ракометот…

Read More

Давид де Геа по многу долги преговори и убедувања, успеа да издејствува нов побогат договор со челниците на фудбалскиото тим Манчестер Јунајтед, објавија денеска медиумите во Англија. Чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи“ ја продолжи соработката со англискиот елитен тим  до 2023 година и стана најплатениот играч на „олд Трафорд“ со неделна плата од 375.000 фунти. „Кога дојдов не можев ниту да помислам дека ќе одиграм преку 350 натпревари. Сега кога иднината ми обезбедена, сакам да му помогнам тимот повторно да ги освојува трофеите“ – изјави шпанскиот голман.

Read More

Корпулентниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, откако го загуби местото во првата постава кај тренерот, Маурицио Сари, сега се подготвува за нов предизвик во кариерата, најавија италијанските медиуми. Репрезентативецот на Хрватска ќе се пресели во Катар во тимот на Ал Гарафа и ќе заработува по шест милиони евра во наредните три сезони. Јувентус за продажбата на 33-годишниот играч ќе инкасира 10 милиони евра. Трансферот најверојатно ќе биде комплетиран до крајот на месецов.

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, најверојатно ќе биде подготвен за средбата со германскиот елитен тим Борусија Дортмунд на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Медиумите во Шпанија денеска, тврдат, дека Аргентинецот кој поради повреда не играше воопшто во сезонава, сега ќе биде подготвен за дуелот со „милионерите“.  Според проценките,  Меси најверојатно ќе влезе во вториот дел доколку има потреба. Барселона во Лигата на шампионите се наоѓа во група со Борусија Дортмунд, италијанскиот Интер и чешкиот состав, Славија Прага.

Read More

Светската фудбалска организација (ФИФА) го објави распоредот по кој ќе се реализираат мечевите на претстојното Светското клупско првенство. Европскиот шампион Ливерпул во неговиот дел од шемата ќе стартува од полу-финалето. Претходно во неговиот дел ќе играат домаќинот Ал Сад и шампионот на Океанија, Хен Ген. Победникот од тој меч во 1 / 4 финалето ќе игра со мексиканскиот Монтереј. Од другата страна на ждребот освојувачот на Копа Либертадорес ќе игра директно во полу-финалето и тоа со победникот од мечот меѓу шампионот на Азија и африканската екипа Есперанса Тунис.Значајниот фудбалски собир во Катар ќе се реализира од 11 до 22 декември…

Read More

Таткото на Лионел Меси имал средба со претставниците на клубот – Интер Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, пренесува денеска авторитетниот весник – „Дејли Мирор“. Легендарниот играч од средниот ред на Англија и на Манчестер Јунајтед се обидува да ја привлече аргентинската ѕвезда во неговиот проект во САД. Интер Мајами доби лиценца и официјално ќе и се приклучи на МЛС лигата во наредната сезона. Меси кој игра за Барселона од 2004 година досега освои 10 титули во примера Дивизион, осум пати се израдува на пехарот во шпанскиот Супер куп а шест пати го подигна вредниот трофеј од Купот…

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Давид Алаба, нема да игра во наредните неколку недели поради потешка повреда на  левата нога, соопшти денеска германскиот елитен состав. Австрискиот репрезентативец се повреди на загревањето пред вчерашното дерби во Бундеслигата против РБ (Лајпциг).  Лекарот на тимот од Минхен, Питер Блубакер, денеска соопшти дека левиот бек ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи и дека ќе биде надвор од терените на подолг период. Тоа дефинитивно ќе му направи проблеми на тренерот, Нико Ковач, кој ќе мора да бара алтeрнатива за левата бековска позиција за наредните мечеви меѓу кои влегува и средбата со Црвена…

Read More

Шампионот на Шпанија, Барселона, вчера славеше убедливо на домашен терен против Валенсија со 5 спрема 2. На стадионот „Камп Ноу“, неверојатна вечер имаше младиот, Ансу Фати, кој  веднаш доби пофалби од тренерот, Ернесто Валверде. „Никој не може лесно да се адаптира на стилот на Барселона, посебно не така младо момче како што е Ансу Фати. Не е нормално да погодува со првиот допир на топката а да асистира со вториот“ – вели Валверде кој не крие дека е импресиониран со играта на 16 -годишното чудо од дете кое погоди во втората минута а само неколку минути подоцна му асистираше на…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера загубија на теренот на Норич со 3 спрема 2 а тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, иронично го искоментира заостанувањето од 5 бодови зад лидерот Ливерпул кој немаше тешка задача и славеше против Њукасл со 3:1. „Пет бодови се пет бодови, но, се уште е септември. Што треба да направам? Можеби да кажам: Честито Ливерпул, шампиони сте. Во ниту една секунда не се сомневам во моите играчи“- вели шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити. „Моите играчи се обични луѓе и сосема е нормално да се прават грешки. Во фудбалот се може да се случи“ –…

Read More

Кошаркарите на Франција го пополнија третото место на пиедесталот на Светското првенство во Кина откако во решавачкиот меч за бронзата направија голем пресврт и победија против Австралија со 67:59. Репрезентацијата од петтиот континент иако во еден дел од мечот успеа да направи предност од 15 поени, на крајот мораше да им честита на „триколорите“ кои имаа импресивна завршница и сосема заслужено се израдуваа на победата. Денеска светот ќе го добие и новиот кошаркарски владател откако ќе биде реализирано големото финале меѓу Аргентина и Шпанија.

Read More