Белгискиот фудбалски репрезентативец, Кевин де Бруин, кој настапува за англискиот елитен состав Манчестер Сити, откри дека има голема желба да настапува за екипата на Андерлехт. Искусниот играч кој дејствува во средината на теренот со офанзивни задачи, потенцирал дека откако ќе ја заврши кариерата во Премиер лигата сака да се врати во татковината. 28-годишниот играч од средниот ред кој потекнува од школата на Генк, се надева дека ќе работи повторно со Винсент Компани кој во текот на летово ги напушти „граѓаните“ и ја доби улогата на в.д. тренер во тимот на Андерлехт.
Author: dino
Жан Тод, претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација кој е близок пријател на Мајкл Шумахер, го посети седумкратниот шампион во Формула 1 кој е хоспитализиран во болницата во Париз. Возачот во Ф1 кој во почетокот на годинава наполни 50 години, се наоѓа на експериментално лекување со матични клетки. Посетата на Тод во болницата –„Жорж Помпиду“, ја објави авторитетниот француски весник –„ Паризиен“. Претседателот на ФИА вчера присуствуваше на погребот на 22-годишниот возач, Антоан Хуберт, кој загина во трагичната несреќата на патеката –„ Спа“. На погребот присусутвуваше и Мик Шумахер, синот на легендарниот Мајкл.
Ѕвездата на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, нема да игра на саботниот меч со Валенсија на „Камп Ноу“ во рамките на четвртото коло од Шпанското првенство, пренесува каталонскиот весник – „Спорт“. 32-годишниот Аргентинец не е во максимален тренинг процес и затоа ќе мора да паузира и во наредниот период. Меси заработи повреда на потколеницата на тренинг на 5 август и се уште не може да ја санира. Натпреварот со Валенсија доаѓа рано за Аргентинецот кој најверојатно ќе се врати за почетокот на Лигата на шампионите. Каталонците во вторник ќе гостуваат кај Борусија Дортмунд. Доколку Меси не игра на тој меч…
Првиот човек на мак-фудбалот, Муамед Сејдини, им честиташе на нашите најдобри фудбалери за освоените бодови на терените во Бер Шева и во Рига. Избраниците на Ангеловски по мечевите со Израел и Летонија прокнижија четири бодови и се вратија во трката за челните позиции во групата – „Г“. „Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за успешните настапи во Израел и Летонија. Уживавме во убави фудбалски денови. Убеден сум дека ќе ја задржиме скромноста и натпреварувачкиот дух. Благодарност до сите што препознаваат „срце на терен“ во овој тим“ – потенцираше претседателот на нашата фудбалска репрезентација. Нашите фудбалери наредниот предизвик ќе го имаат…
Кошаркарите на Аргентина први обезбедија место во 1 / 2 финалето на Светското првенство во Кина откако успеаа да ја совладаат селекцијата на Србија со 97 спрема 87. Со тоа четата на Александар Ѓорѓевиќ, која се вбројуваше меѓу главните фаворити за медал, неочекувано беше запрена уште во четвртфиналната фаза. „Гаучосите“ денеска предводени од Скола кој постигна 20 кошеви и Кампацо кој застана на 18 поени, одлично го отворија дуелот и континуирано имаа предност. Во селекцијата на Србија во поглед на реализација се одвоија Богдановиќ со 21 кош и Бјелица кој постигна 18. Аргентина во полу-финалето ќе се сретне со победникот…
Тешкото крило, Крис Сингелтон, во наредната сезона ќе го носи дресот на екипата на Анадолу Ефес. 29-годишниот Американец откако потпиша договор со финалистот во претходната сезона во Евролигата, за прв пат во кариерата ќе настапува во шампионатот на Турција. Тој во изминатата сезона ги бранеше боите на шпанската Барселона. Сингелтон има богато искуство од Европа бидејќи играше за Панатинаикос- Грција и Локомотив Кубан во Русија. Договорот меѓу Сингeлтон и Анадолу Ефес ќе биде само за една сезона. Во истиот има клаузула дека соработката може да продолжи за уште една година. Поранешниот кошаркар на Вашингтон во екипата на Барселона имаше во…
Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Емерсон Палмиери, кој има потекло од Бразил, ги започнал преговорите за продолжување на договорот со екипата на Челзи, објавија денеска медиумите во Англија. „Сините” сакаат на подолг период да го задржат фудбалерот кој во текот на летото се најде на радарот на повеќе европски гиганти. 25-годишният лев бек во 2018 година ја напушти Рома и се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Неговиот сегашен договор е валиден до летото во 2022 година.
Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, вели дека младиот играч на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, не може да биде класичен напаѓач. „Рашфорд не е типична „деветка“. Оле Гунар Солскјаер го користи Антони Марсијал во врвот на нападот додека Рашфорд игра по страничните позиции“ – вели Ширер. „Мислам дека тоа е одличен потег. Ми се чини дека Маркус се чувствува многу подобро кога настапува покрај левата странична позиција“ – вели Ширер.
Македонската фудбалска репрезентација славеше против Летонија со 2 спрема 0 со што се врати во конкуренција за второто место во квалификациската група „Г“ за пласман на Евро-шампионатот во 2020 година. Избраниците на Ангеловски влегоа мотивирани за успех и за само 3 минути од 14 –та до 17-та направија одлична предност. Прво капитенот Пандев погоди од 5 метри по одлично додавање од Еламс а веднаш потоа Барди во негов стил испрати прецизен „проектил“ во долниот десен агол на голманот Ванинис. До крајот на мечот двете селекции имаа по неколку шанси за погодок, но, резултатот остана непроменет. Во другите два меча во…
Ракометарите на Вардар пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите ја имаат седмата позиција во рангирањето на ЕХФ. Листата ја предводи унгарскиот состав Веспрем кој според проценките е главниот фаворит за освојување на ЛШ. На второто место е Барселона пред ПСЖ, Кил, Киелце, ПИК Сегед, Вардар, Флензбург, Монпелје и Мешков Брест. Вардарци кои се актуелни шампиони првиот меч во новата сезона ќе го одиграат на 14 септември на теренот во Франција кај Монтпелје. Во објавата на ЕХФ има посебен дел наменет за „црвено-црните“. „Вообичаено е првото место да му припаѓа на бранителот на тронот, но, за жал, Вардар…
