Дефанзивниот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити, ги негираше сите наводи дека е заинтересиран да си замине од стадионот –„Камп Ноу“ и да направи трансфер во англскиот елитен тим Арсенал. Иако во текот на летото се појавија одредени вести дека младиот стопер има намера да се активира во Премиер лигата бидејќи не е задоволен од условите во Шпанија, сега Французинoт демантираше дека имал желба да си замине од Барселона. „Му кажав на мојот агент дека нема потреба да разговара со мене за било каков трансфер. Јас не сум заинтересиран за ништо“ – потенцирал одбранбениот играч на Барселона.
Author: dino
Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, ќе го продолжи договорот со екипата од –„Олд Трафорд“ , објави денеска весникот „Гардијан’ повикувајќи се на извори блиски до клубот. Според наведеното, шпанскиот интернационалец со новиот долгорочен договор ќе заработува 290.000 фунти неделна плата и ќе ја добие капитенската лента. Со тоа е ставен крај на сите шпекулации дека одличниот чувар на мрежата може да направи трансфер во екипата на Јувентус.
Тенисерката од Австралија, Ешли Барти, од денеска го има првото место на светската ВТА ранг листа додека досегашниот лидер, Наоми Осака падна на четвртото место. Сензационалната победничка на терените во Њујорк во текот на викендот, Бјанка Андреску, очекувано направи голем скок од 10-ет позиции и сега фигурира на петотто место. Еве како изгледа Топ 10 кај тенисерките. Ешли Барти (Австралија) – 6501 бод, Каролина Плишкова (Чешка) – 6125, Елина Свитолина (Украина) – 5032, Наоми Осака (Јапонија) – 4846, Бјанка Андреску (Канада) – 4835, Симоне Халеп (Романија) – 4803, Петра Квитова (Чешка) – 4326, Кики Бертенс (Холандија) – 4325, Серена Вилијамс…
Кошаркарите на Чешка го пополнија последното место во 1 / 4 финалната фаза на Светското првенство во Кина. Чесите во директен дуел за пласман во наредната рунда загубија од Грција со 84:77, но, пресуди вкупната кош разлика во групата. Грците требаше да слават со 12 поени предност за да одат понатаму. Во вториот меч во групата САД славеше против Бразил со 89-73 и завери првото место во групата. Во другата група, Австралија ја победи Франција со 100:98 по што двете земји поминаа во наредната рунда додека Литванија ја совлада Доминиканската Република со 74:55. Четвртфинални дуели: Аргентина – Србија, САД –…
Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во новата сезона во СЕХА конкуренцијата. Бранителот на тронот загуби во второто коло на теренот на дебитантот Мотор Запорожје со 32 спрема 31 иако Чупиќ во самиот финиш имаше можност да донесе барем бод доколку реализираше удар од седум метри. Во нашиот состав Тимур Дибиров беше најефикасен со шест голови додека Кристопанс и Атман реализираа по пет. Вардарци по стартниот триумф против Пекинг и денешниот пораз во Украина, сега се насочуваат кон Лигата на шампионите и првиот меч на гостински терен кај Монпелје закажан на 14 септември.
Македонските најдобри ракометарки ги очекува новара квалифиакциска рунда за пласман на Евро-шампионатото во 2020 година. Ние сме во групата со Шведска, Чешка и Португалија а првиот предизвик ќе ни биде мечот во Скандинавија. Селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелот против Швеѓанките на гостински терен на 26 септември (четврток). Два дена подоцна ќе играме дома во Скопје против селекцијата на Чешка а првопласираните две селекции ќе одат на ЕУРО 2020. СЕРАФИМОВА МАТЕЈА ДАНСКА 2. АНТИЌ НАТАША ШВЕДСКА 3. ПЕТКОВСКА ДРАГАНА ДАНСКА 4. САЗДОВСКА ЈОВАНА ГЕРМАНИЈА 5. НИКОЛОВСКА СИМОНА ГЕРМАНИЈА 6. РИСТОВСКА САРА РУСИЈА 7. НОЛЕВСКА НАТАША…
Селекторот на кошаркарите на Франција, Венсен Кол, в пресрет на втората фаза на СП во Кина, потенцира дека неговите кошаркари главно ги штеделе силите на дуелот со Диминикана кој решаваше само за првото место во групата. „Го започнавме мечот силно. Ги ограничивме грешките и продолживме да играме максимално сериозно“ -рече Кол. Франција и Доминикана ќе продолжат во новата група со Австралија и Литванија. Првите дуели се в сабота. Австралија и Доминиканска Република ќе играат од 10:00 часот а Франција и Литванија започнуваат во 14:00 часот.
Диего Армандо Марадона ќе се врати во тренерските води, објавија медиумите во Аргентина. Легендата на светскиот фудбал ќе седи на кромилото на Гиманзија која има разочарувачка сезона во Супер-лигата. Марадона кој се враќа во родната земја по речиси десет години откако беше селектор на „гаучосите“, потпишал договор за една сезона со екипата на Гиманзија. Како стојат работите, Марадона ќе има тешка задача да избори опстанок во елитата бидејќи неговиот тим по пет кола има само еден освоен бод и се наоѓа закован на дното на табелата.
Англискиот фудбалски состав Арсенал во текот на летово направил обид да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, но, „кралевите“ веднаш ја одбиле понудата. Бразилските медиуми пренесоа дека техничкиот директор на „топчиите“, Еду, имал намера да издејствува трансфер на неговиот сонародник, но, добил негативен одговор од шпанскиот состав. Според наведеното, англичаните имале намера да го земат 19- годишниот офанзивен фудбалер на позајмица а потоа доколку бидат задоволни од неговиот ефект да му го откупат и договорот.
Српскиот фудбалски интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој неодамна јавно потенцираше дека не е задоволен бидејќи ја грее клупата и не добива шанса на теренот, сега упати порака до тренерот, Оле Гунар Солскјер. „Ако не освоиме ништо, тој ќе мора да ја понесе одговорноста бидејќи го формира тимот и одлучува кој ќе игра. Сега сум на клупата, но, му реков на тренерот дека не сум задоволен“ – изјави Матиќ . По четири кола во новата сезона во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер Јунајтед се наоѓаат на осмото место на табелата.
