Откако фудбалерот, Пол Погба, не успеа да издејствува трансфер и ќе мора да остане во редовите на Манчестер Јунајтед, неговиот брат Матијас, вели дека Французинот сега целото внимание ќе го насочи кон теренот. „Пол знае дека мора да остане во Јунајтед и затоа максимално ќе се посвети на клубот. Не е лесно, бидејќи има голема одговорност откако неколку добри играчи си заминаа од клубот. На негово ниво остана само уште Де Геа, кој е голман. Тоа значи дека од Пол се очекува најмногу“ – вели Матијас. Репрезентативецот на „галските петли“ ги одигра сите четири натпревари во новата сезона во Премиер…
Author: dino
Македонските фудбалери ја прекинаа лошата серија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година откако вечерва одиграа нерешено 1:1 на теренот на Израел во Бер Шева. На стадионот „Јаков Тарнер Тото“ во тежок и главно изедначен меч, домаќинот поведе преку Захави во 55 минута додека изедначувањето дојде со голот на Адеми во 64 минута по одличниот цент-шут на Алиоски. Во самиот финиш на мечот Пандев одигра фантастична топка до слободниот Елиф кој пропушти шанса да погоди за евентуална победа. Другите два меча од нашата група меѓу Австрија – Летонија и Словенија -Полска ќе бидат одиграни утре. Нашата селекција по гостувањето…
Атлетичарот, Мајкл Норман, одлучил да трча само на патеката од 400 метри на Олимписките игри во Токио во 2020 година. 21-годишниот спринтер кој има одлични резултати на 200 и 400 метри, вели дека сака да се фокусира само на една дистанца и да биде сигурен дека ќе освои медал. „Јас навистина верувам дека ќе го земам медалот на 400 метри. Секако дека тоа може да се постигне “ – рече Американецот. Досега само двајца атлетичари се појавија на патеките од 200 и 400 метри на една Олимпијада . Тоа се Мајкл Џонсон во 1996 година и Алисон Фликс во 2016…
Кошаркарите на Австралија ја совладаа Литванија со 87 спрема 82 во директен дуел за првото место во групата „Х“ на СП во Кина. Тренерот на „кенгурите“, Андреј Леманис, беше задоволен од постигнатиот успех против тешкиот противник. „Натпреварот беше убав. Се соочивме со силен тим. Беше тешко. Мислам дека е совршен момент да им честитам на моите асистенти кои вложија толку многу напор за да успееме во нашите стратегии. Им честитам на моите играчи“ – рече селекторот Леманис. Австралија и Литванија во новоформираната група „Л“ ќе стартуваат в сабота. Тогаш Австралија ќе игра со Доминиканската Република додека Литванија ќе излезе на…
Челниците на фудбалскито состав Вест Хем ќе направат обид да го ангажираат голгетерот на Јувентус, Мари Манџукиќ, кој не влезе на списокот на тренерот, Мауро Сари, за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Според вестите од Англија, репрезентативецот на Хрватска кој има понуди и од Катар, најверојатно во зимскиот трансфер период ќе го напушти клубот. Како што пренесуваат англиските медиуми, за услугите на корпулентниот напаѓач сериозно се заинтересирани луѓето од Вест Хем кои прво ќе се обидат да го доведат Манџукиќ на позајмица а потоа на крајот на сезоната ќе одлучат дали ќе му го откупат договорот.
Медиумите во Англија напишаа дека Манчестер Јунајтед во текот на летово не добил ниту една понуда за Пол Погба иако тренерот, Оле Гунер Солскјер, бил расположен да се раздели со Французинот. Според информациите, неколку екипи се обиделе да направат контакт за евентуален ангажман на репрезентативецот на „триколорите“, но, вистинска понуда никогаш не пристигнала. Тоа само потврдува дека претходните најави за евентуален трансфер на Погба во Шпанија во Реал Мадрид биле чиста шпекулација и дека „кралевите“ никогаш не испратиле конкретна понуда.
Фудбалерот, Мауро Икарди, кој во финишот на летниот преоден рок направи трансфер во редовите на ПСЖ, вели дека повлекол добар потег откако не успеа да остане во Интер иако инсистираше за такво нешто. „Направив голем чекор напред и имам добра шанса да останам во елитниот фудбал. Токму затоа го одбрав ПСЖ. Беше клучно кога управата ме контактираше и ме побара да дојдам во нивниот тим“ – вели Аргентинецот. „ Се познавам со Кавани и Нејмар, убаво е што ќе играм со такви играчи. Уверен сум дека ќе се вклопам перфектно во составот“ – потенцираше напаѓачот кој ќе игра една сезона…
Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој беше еден од најзаслужните за освојувањето на Лигата на шампионите во изминатата сезона и кој беше прогласен за играч на годината од страна на УЕФА, доби уште едно признание. Дефанзивецот на „црвените“ го имал најбрзото движење на теренот откако на дуелот со Барса остварил брзина од 34.5 километри на час. Тоа е побрзо од Сане, Вокер или Бејл, кои се препознатливи токму со нивната брзина. Како пример е посочен стартот на Сане на мечот со Хофенхајм кога достигнал брзина од 34,4 километри на час.
Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го имаат дебитантскиот настап во СЕХА лигата и тоа против екипата на Спартак Москва која исто така за прв пат се вклучува во регионалното натпреварување. Во нашиот тим се убедени дека на мечот со Русите може да се прокнижат првите бодови во новата натпреварувачка сезона. Средбата од групата „Б“ меѓу Битолчани и гостите од Москва ќе започне во 20.45 часот во салата –„Боро Чурлевски“. Во групата на Еурофарм Работник се одиграа првите два меча. Веспрем славеше кај Мешков Брест со 28-27 додека Загреб победи кај Металопластика со 28-25.
Тенисерот од Бугарија, Григор Димитров, влезе во полу-финалето на Отвореното првенство на САД откако го елиминираше петкратниот освојувач на титулата, Роџер Федерер, кој во еден дел од мечот побара медицински третман поради повредата на грбот. Димитров во маратонски меч кој траеше повеќе од три часа успеа да победи со 3:2, по сетови (3:6, 6:4, 3:6, 6:4, и 6:2). Димитров кој е на 78-то место на АТП листата сега го очекува пресметката со Русинот, Данил Медведев.
