Author: dino

Крилото на Вардар, Димитар Димитриоски, кој на вчерашниот меч со Пекинг во ракометната СЕХА лига забележа шест голови, потенцираше дека помладите мора да ја искористат секоја шанса и да покажат дека можат да бидат на теренот. „Одигравме како што бараше тренерот иако бевме малку нервозни. Добро е што младите играчи добиваат шанса, треба тоа да го искористиме и да покажеме дека не сме само резерви. Мораме да учиме од играчи како Дибиров, Чупиќ и Шишкарев “- нагласи Димитриоски. Вардарци по стартната победа во СЕХА сега ги очекува мечот од второто коло и тоа на теренот на Мотор Запорожје.

Read More

Ракометарите на Вардар успеаа да ги прокнижат првите бодови во новата сезона во регионалната СЕХА конкуренција откако денеска на домашен терен во СЦ Јане Сандански славеа против Пекинг Универзити со  37 спрема 23. „Црвено-црните“ кои се бранители на тронот очекувано имаа полесен трениг против дебитантот во лигата и уште во првиот дел направија голема предност од 19 спрема 12. Во победничкиот состав Димитриоски, Атман и Шишкарев постигнаа по шест голови додека Дисингер и Чупиќ погодија по пет пати. Вардар наредниот меч ќе го има в сабота и тоа кај Мотор Запорожје. .

Read More

Шарл Леклер со болидот на Ферари апсолутно доминираше на патеката –„Спа“ во Белгија и сосема заслужено се израдува на првата победа во Формула 1. Второто место го обезеди водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон од Мерцедес додека на третото место на пиедесталот се искачи вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Себастијан Фетел мораше да се задоволи со четвртото место. Алекс Алобон, кој од денеска вози за Ред Бул заврши како петти откако го помина Перез во последнито круг. Во бодови денеска уште освоија и:  Дани Квјат, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли и Ленс Строл. Почетокот на трката ја одбележа голем инцидент…

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертоген, кој го загуби првотимскиот статус во екипата на Почетино, ќе направи трансфер во германскиот тим Баер Леверкузен, велат последните информации од Англија. Неговиот договор со „Спарси“ завршува на крајот од 2020 година а според најавите од двете страни, деновиве треба да финализираат разговорите и Вертонген да се пресели во Леверкузен. Засега нема информации колку ќе изнесува целиот трансфер и под кои услови Вертоген ќе потпише со италијанскиот состав.

Read More

Фудбалерот, Матео Дармијан, од Манчестер Јунајтед има реални шанси да го напушти англискиот состав и да се пресели во редовите на италијанската Парма, објавија денеска медиумите во Англија. 29 годишниот дефанзивец се поврзуваше со неколку италијански клубови како Јувентус, Интер и Рома, но, никој не сакаше да плати 10 милиони евра колку што бараше Јунајтед за неговиот трансфер. Сега „Газета дело Спорт“ објави дека луѓето од Парма и претставниците на Дармијан имале конструктивни преговори и дека Дармијан набрзо може да го напушти стадионот –„Олд Трафорд“. Крајниот термин е втори септември кога официјално ќе заврши преодниот рок. Дармијан во 2015 година…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Марибор, Дарко Миланиќ, по вчерашното реми на домашен терен со Лудогорец (2:2) што значеше и елиминација од Лигата на Европа, посочи дека неговите фудбалери имале шанса за победа. Првата средба во Бугарија заврши 0:0 а по реваншот одигран во Словенија, екипата на Лудогорец си обезбеди место во групната фаза благодарение на правилото за постигнат гол на гостински терен. „Противникот ги казни нашите грешки во првиот дел. Бевме нервозни и не ги најдовме вистинските решенија во нападот. Во второто полувреме одигравме многу подобро, постигнавме два гола и бевме блиску до пресврт, но, за жал не успеавме“ –…

Read More

Фудбалскиот состав на Манчестер јунајтед ќе биде без Антони Марсиал и Лук Шо за четвртата рунда во Премиер лигата кога „црвените ѓаволи“ ќе играат со Саутемптон. Сепак, клубот не објави информација колку долго ќе бидат двајцата отсутни, велејќи дека повеќе детали ќе има стратегот, Оле Гунар Солскјаер, за време на неговата денешна прес-конференција. Шо и Марсиал се здобиле со повреди за време на мечот со Кристал Палас одигран во изминатиот викенд. Медиумите на островот посочија дека левиот бек ќе отсуствува најмалку еден месец додека сè уште е нејасно колку е сериозна повредата на Французинот.

Read More

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Зејдел, вели дека очекува подобрување на перформансите на автомобилот за сезоната 2020 бидејќи работата на новиот болид е започната уште сега. „Техничките прописи остануваат исти за наредната година, така што ќе разговараме повеќе за еволуцијата отколку за револуцијата“ –рече Зејдел. „Имаме добра база и научивме многу од сегашното возило, ги увидовме слабостите. Знаеме на што ќе се фокусираме„ – потенцираше тимскиот шаф на Мекларен во Формула 1.

Read More

Атлетичарката, Елејн  Томпсон, која има два златни медала од Олимписките игри во Рио во 2016 година, најави дека ќе го пропушти митингот во Брисел на 6 септември кој е дел од Дијамантската лига, но, дека ќе трча на наредните два собира. „Ќе се обидам да се забавувам. Тоа ќе биде мојата последна трка пред Доха. Ќе трчам на патеките од 100 и 200 метри на Светското првенство„ – вели Томпсон. „Се надевам дека ќе постигнам одлични резултати на големиот собир“ – изјави атлетичарката од Јамајка која настапува во спринтерските дисциплини.

Read More

Шпанскиот фудбалски стратег, Луис Енрике, ги шокираше сите со објавата дека починала неговата деветгодиша ќерка Шана. Тој пред извесен период со кратко објаснување дека има приватни проблеми си даде оставка на селекторското место кај „црвената фурија“. Сега работи излегоа на видели откако Енрике на Твитер ја објави тажната вест. -Шана пет месеци беше тешко болна и водеше битка со ракот на коската. Но, за жал не успеа да излезе како победник. По неговата објава се огласија многу познати чичности а меѓу првите кои тоа го направија се Лео Меси, Суарез и Пике.

Read More