Author: dino

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Денис Марфи, кој помина седум сезони на „Енфилд“, верува дека неговиот некогашен тим ќе ја добие трката за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити. „Мислам дека Ливерпул е во предност, тие ќе ја освојат титулата. Само еден клуб ја има освоено титулата три пати во низа, сега мислам дека тоа нема да се случи со Манчестер Сити. Тие се насочени и посебно фокусирани на Лигата на шампионите и мислам дека тоа е предност за Ливерпул“ – вели Марфи. „ Затоа ќе одам со Ливерпул како шампион, Сити втор а Тотенхем трет. Типувам дека Манчестер Јунајтед…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, кој не успева да се наметне за првиот тим кај тренерот, Диего Симеоне, може да направи трансфер во италијанскиот гигант Милан. „Росонерите“ во текот на летово континуирано притискаат да дојдат до потписот на 24 годишниот напаѓач кој има трансферна вредност од 50-ет милиони евра. Токму високото обештетување што го бараат Шпанците за да го ослободат Кореа, досега беше главна пречка да се реализира најавениот трансфер. Сега пак, медиумите тврдат дека Милан по долгите преговори ќе испрати последна понуда од околу 40-ет милиони евра која би требало да биде прифатена од првите луѓе…

Read More

Тенисерот од Јужна Африка, Кевин Андерсон, поради повреда на коленото се повлече од Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави кое утре попладне ќе стартува на терените во Њујорк. 33-годишниот тенисер пред две сезони направи вистински подвиг откако успеа да влезе во полу-финалето на собирот во САД.  Отсуството на Андерсон кој игра добро на тврда подлога, може да биде олеснителен фактор за Србинот, Новак Ѓоковиќ,  кој се наоѓа токму во тој дел на „костурот“ и се наметнува како главен фаворит за победничкиот пехар. Андерсон во првото коло требаше да се сретне со домашниот тенисер, Захарија Швајда, кој се наоѓа на 410…

Read More

Директорот на фудбалскиот состав ПСЖ, Леонардо, свесен дека Бразилецот , Нејмар, набрзо ќе си замине од тимот, се обидува да пронајде негова замена иако понудата на трансфер пазарот е скромна. Според наводите на „Дејли Мирор“, Французите имаат намера да го ангажираат напаѓачот на Кристал Палас,  Вилфред Заха, кој во текот на летово јавно побара да го напушти тимот, но, тоа не му беше дозволено. Сега работите се многу поразлични бидејќи екипата од „Паркот на принцовите“ доколку го продаде Нејмар ќе може да одвои поголема сума за да го плати трансферот на Заха. Наводно луѓето од ПСЖ деновиве се во Лондон…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, вчера во Гелзенкирхен на теренот на Шалке го забележа првиот хет-трик во новата сезона во Бундес лигата. Интернационалецот од Полска беше стрелец на трите гола за убедливата победа на неговиот тим од 3 спрема 0. Интересно е тоа што голгетерот досега ги даде сите погодоци за Баварците ако се гледа и стартното коло кога Баерн одигра дома нерешено со Херта 2 спрема 2. „Секогаш може да бидам уште подобар  бидејќи имам потенцијал за напредок. Сакам да и помогнам на екипата бидејќи таа освојува титули. Индивидуалните резултати не носат успех за тимот“ – потенцираше Левандовски.

Read More

Шпанскиот весник  – „АС“ по вчерашното реми на фудбалерите на Реал Мадрид на домашен терен со Валјадолид, тврди, дека Жозе Мурињо е многу блиску до враќање на клупата на шпанскиот состав бидејќи првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, нема да ги толерира слабите резултати. Мадридскиот весник пишува дека Зинедин Зидан може брзо да добие отказ доколку „белите“ не влезат во победничка серија. Наводно и поголем дел од акционерите во клубот ја загубиле довербата во Французинот кој имаше лоши резултати и во фазата на подготовки. Реал Мадрид во наредните кола на Примера го очекуваат два дерби меча со Атлетико Мадрид и Барселона.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години го освои третото место на 26-тото издание на силниот меѓународен турнир –„ Вацлав Јежек“  откако во битката за третата позиција беше подоба од Унгарија со 3 спрема 0. Нашата  репрезентација во групниот дел го освои второто место откако загуби од Украина сo 2:1 а славеше против Словачка со 3:2. Селекторото, Шкумбин Арслани, во изјвата за сајтот на ФФМ, не крие дека е задоволен со постигнатиот ефект на собирот во Чешка во конкуренција на домаќинот, Украина, Словачка, Летонија  и Унгарија. „Фудбалерите покажаа дека имаат квалитет кој допрва ќе дојде до израз. Верувам во момчињата и знам…

Read More

Французинот, Аксел Рејмонд, победи на традиционалниот Охридски пливачки маратон кој е дел од серијата на ФИНА. Тој растојанието од 25 километри го мина за 5 часа, 20 минути и 55 секунди.Второто место му припадна на нашиот Евгениј Поп Ацев кој заостана осум секунди, но, со освоените бодови се проби на првата позиција во светското рангирање. Трет низ целта помина Италијанецот, Франческо Џетини. Во женска конкуренција наjбрза беше Италијанката, Аличе Франко, која забележа време од 5 часа, 41 минута и 15 секунди.

Read More

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма, последен отпадна од списокот на селекторот на САД, Грег Поповиќ, кој денеска го соопшти конечниот избор за Светското првенство во Кина од 31 август до 15 септември. Боите на САД ќе ги бранат: Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Палми (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон) и Дерик Вајт (Сан Антонио). Селекцијата на САД која се наметнува како еден од фаворити за освојување на златниот медал, во првата групна фаза ќе биде со Турција,…

Read More

Шпанецот, Марк Маркез, со моторот на Репсол Хонда, ја обезбеди првата позицијата за утрешната 12-та сезонска трка во Мото ГП шампионатот која ќе биде возена на патеката  – „Силверстон“. Актуелниот бранител на тронот ја обезбеди  осмата сезонска пол-позиција и тоа со мала предност пред Валентино Роси со моторот на Јамаха. Во првиот ред  ќе  уште и Џек Милер кој вози за „Дукати“. Во подолните редови ќе бидат :Фабио  Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Андреа Довициозо, Франко Морбидели, Кал Крачлоу и Такаки Накагама. Трката на Силверстон ќе се вози утре од 14 часот.

Read More