Author: dino

Спортско радио 90,3 ФМ в пресрет на новата ракометна сезона во СЕХА Газпром лигата, ја продолжи соработката со челниците на регионалната елитна конкуренција. Екипата на нашиот медиум денеска оствари средба со Томислав Маџерчиќ, претставник на СЕХА Газпром лигата од Загреб (Хрватска), кој потенцираше дека е задоволен од досегашната соработка. Интервјуто што го направи колегата ,Тони Митев, со г-дин Маџерчиќ, ќе може да го слушате во 16.45 часот на нашата програма. Новите возбудувања во СЕХА Газпром лигата ќе стартуваат на 2 септември а Спортско радио 90,3 ФМ ќе продолжи да ги следи и со специјализираните емисии како што беше и во…

Read More

Боксерската федерација на Македонија по одличните настапи на нашите претставници на силниот турнир во Врбас и освоените три медали, денеска организираше средба со новинарите. Претседателот на Федерацијата, Примислав Димовски, потенцираше дека големиот успех на боксери се преклопува со периодот кога нашата селекција ангажираше нов тренер од Куба кој деновиве работи во кампот за младите боксери во Струга. „Направивем голем успех во Врбас во силна конкуренција. Со новиот тренер од Куба кој има големо искуство и како боксер и како тренер, очекувам подобри времиња за македонскиот бокс“ – нагласи Димовски. Тренерите, Васко Цубалевски и Насер Харуни, кои ги водеа боксерите: Ардијан…

Read More

Организаторите на трката – „Скопје трча 10 километри“ објавија дека денеска по 10.00 часот започнува пријавувањето за четвртото издание кое ќе биде во организација на тимот на Виз Ер Скопски маратон и Сојуз на спортови на Скопје. Тие што ќе се пријават денеска и утре ќе може да го одберат стартниот број за трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри кои ќе се реализираат на 6. октомври 2019. Секој учесник може да купи и „dry fit“ маица со логото на трката а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели. „Skopje…

Read More

Откако ФИБА непосредно пред кошаркарскиот Мундијал во Кина на првото место на ранг листата ја стави селекцијата на Србија, дојдоа првите реакции од страна на репрезентативците САД кои традиционално се наметнуваат како фаворит за златото. „Не можам да разберам што се пишува за нас, како да сме собрани од улица, ние сме сепак НБА-играчи“ – истакна членот на Бостон, Џејсон Тејтум. Во тој правец размислува и Кемба Вокер, кој треба да биде лидер на така наречениот „дрим-тим“ кој реално гледано, остана без главните ѕвезди на НБА. „Мислам дека сме доволно добри, немаше да бидеме тука ако го немавме потребниот квалитет. Мислам…

Read More

Интернационалецот од Костарика во редовите на Реал Мадрид,  Кејлор Навас, дефинитивно е определен да го напушти стадионот  „Сантијаго Бернабе“ објави денеска – „Марка“. Според наведеното, голманот на „белите“ кој не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан, сака да има поголема минутажа и затоа побарал да си замине. 32-годишниот фудбалер во претходната сезона во дресот на „кралевите“ се појави само на 21 меч. Навас  има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година а неговата трансферна вредност се проценува на околу 10 милиони евра.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец во редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој вчера се израдува на победа против норвешкиот Розенборг со 2:0 во првиот меч од последната елиминациска фаза Лигата на шампионите, вели дека е задоволен од постигнатиот ефект. „Бевме добри, навистина добри и одлично го одигравме мечот. Тоа што имаме два гола предност не смее да не опушти. Сега ни треба концентрација и агресивност и ќе одиме во ЛШ“ – вели Адеми. Неодамна хрватските медиуми објавија дека Адеми за пласман во ЛШ ќе добие премија од околу 100.000 евра бидејќи заедно со уште неколку соиграчи има најголема минутажа во тековниве…

Read More

Елитниот англиски фудбалски состав Тотенхем преговара со белгискиот Бриж за трансфер на дефанзивниот играч од средниот ред, Виктор Ванјама, јавуваат британските медиуми. 28-годишниот кениски репрезентативец има договор за уште две сезони со лондончани, но, се поретко добива шанса да игра бидејќи се соочува со повреди или е во лоша форма. Ванјама кој пред три години беше купен од Саутемптон за 11 милиони фунти, најверојатно ќе биде испратен во екипата на Бриж доколку двата клуба успеат да најдат заеднички јазик. Бриж сака да го изнајми за една сезона додека Тотенхем инсистира да го продаде. Црномурестиот играч во претходната сезона се појави…

Read More

Корпулентниот белгиски фудбалски репрезентативец, Ромелу Лукаку, кој во текот на летово го напушти Манчестер Јунајтед и се пресли во редовите на италијанскиот Интер, проговори за периодот кој го помина на „Олд Трафорд“. „Во Манчестер Јунајтед имаше три жртвени јагниња. Едно бев јас а другите две беа Погба и Алексис. Мораше да се најде некој виновник. Ако не бев јас, беа Погба или Алексис. Многумина велеа дека јас не можам да бидам дел од новиот систем. Не ми е јасно како можам да бидам лош за тимот а да бидам добар во репрезентацијата“ – вели Лукаку. Напаѓачот кој пред две сезони…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој на саботниот натпревар против Селта го заработи првиот црвен картон во неговата кариера, ќе мора да паузира само еден меч во Примера дивизион. Хрватот на мечот одигран во Виго првично не доби никаква опомена од судијата по дуелот кој го имаше со Денис Суарез, но, потоа главниот арбитар доби инструкции од ВАР собата дека според новите правила Модриќ треба да биде исклучен поради стартот во пределот на ахиловата тетива. Модриќ сега ќе пропушти само еден натпревар а потоа во третото коло ќе може да игра на средбата со Вилјареал.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, донел одлука дека Пол Погба нема да изведува пенали за „црвените ѓаволи“ откако Французниот во понеделникот не реализираше од белата точка на гостувањето кај Вулверхемптон. Веднаш по мечот неколку поранешни играчи на екипата од „Олд Трафорд“ излегоа со коментар дека Погба не смее да шутира пенали бидејќи за една година имаше дури четири неуспешни обиди. Тоа на некој начин влијаело кај норвешкиот стратег да донесе одлука дека Погба нема да шутира пенали и дека таа улога ќе ја има Маркус Рашфорд кој погоди од 11 метри на мечот со Челзи одигран…

Read More