Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, нема да го планира во новата сезона дефанзивецот, Даниле Ругани, кој добил зелено светло да ги напушти редовите на „старата дама“. „Тутоспорт“ денеска објави дека 25-годишниот играч од одбраната ќе биде испратен на позајмица во Рома а во неговиот договор ќе има клаузула дека „римската волчица“ ќе може да му ги откупи правата на крајот од сезоната за околу 25 до 30 милиони евра. Според најавите од Торино пред излезната врата се наоѓаат и : Марио Манџукиќ, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала.
Author: dino
Тајрон Лу ќе му биде помошник на тренерот Док Риверс во екипата на Лос Анџелес Клиперс откако двете страни конечно се договорија. Поранешниот кошаркарски шампион на НБА со екипата на Кливленд Кавалирс беше блиску до преселба кај Лејкерси, но, на крајот успеа да издејствува соработка со управата на градскиот ривал. ЛА Клиперс во текот на летово успеа да ги ангажира Каваи Ленард и Пол Џорџ, со што покажа дека има големи амбиции во наредната сезона.
Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, се раздели со француското крило Кевин Нкуду, објавија денеска медиумите. 24-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ а двата клуба набрзо треба да го објават договорот. Лондончаните сега ќе добијат 5 милиони евра и процент од наредната продажба а самиот фудбалер ќе биде врзан четири сезони со екипата од Турција. Нкуду не се наметна во редовите на „Спарси“ а остави блед впечаток и со настапите како позајмен во Монако откако одигра само три натпревари во Лигата 1. Тој претходно краток период помина и во екипата на Барнли. Нкуду со тимот на Бешикташ ќе може да…
По повод претстојниот меѓународен турнир – „ ФИС Ролер ски куп Тоше Проески“, денеска беше реализирана средба со новинарите на која зборуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, потпретседателот на Скијачка федерација на С.Македонија, Васил Сокле и селекторот на македонската репрезентација, Ѓоко Динески. „ Мило ми е што АМС заеднички со скијачката федерација за многу краток период успеаа да го подигнат – „ ФИС Ролер ски купот Тоше Проески“ на нивото со другите меѓународни манифестации во регионот. Потврда за тоа е што од година в година имаме многу повеќе натпреварувачи од различни земји“ – изјави Каевски. Потпретседателот…
Нашиот ракометен вице-првак, Еурофарм Работник, од денеска ќе го започне настапот на силниот меѓународен турнир – „Добој 2019“ кој се одржува во Босна и Херцеговина. Македонскиот состав кој се подготвува за дебитантската сезона во Лигата на шампионите и во СЕХА конкуренцијата, ќе биде во групата „А“ заедно со Пекинг Универзити (Кина), Кринс (Швајцарија) и домаќинот Слога. Нашиот тим првито меч ќе го одигра вечер од 21.00 часот против Швајцарците. Во Група Б ќе се играат: Татран (Словачка), Шартр (Франција), Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Војводина (Србија). 51-то издание на традиционалниот ракометен турнир во Добој има одличен награден фонд. Победникот ќе добие 10 илјади евра,…
Бразилскиот медиум – „Глобо“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус подготвиле одлична понуда за да го ангажираат Нејмар кој инсистира по секоја цена да си замине од редовите на ПСЖ. Иако Бразилецот се поврзуваше со враќање во Барселона па дури и со трансфер во Реал Мадрид, сега италијанците можат да излезат во преден план доколку биде прифатена нивната понуда. Бразилскиот весник тврди дека Јуве ќе му го понуди на ПСЖ фудбалерот, Паоло Дибала и плус 100 милиони евра за да го добие потписот на Нејмар. Ако се знае дека францускиот состав од претходно беше заинтересирани за ангажман на аргентинскиот…
17-годишната тенисерка од САД, Аманда Анисимова, нема да се појави на последниот годинашен Грен Слем кој ќе се реализира на терените во Њујорк. Младата надеж на американскиот тенис го откажа настапот поради смртта на нејзиниот татко кој и беше воедно и тренер. Анисимова која го има 24-то место на светската ВТА ранг -листа се наметнува како една од најталентираните млади тенисерки. Таа во тековнава сезона дојде до полу-финалето на терените на „Ролан Гарос“ додека во 2017 година триумфираше во игра на двојки на Отвореното првенство на САД.
Италијанските медиуми денеска објавија дека првите луѓе на Арсенал и на Рома се договориле околу трансферот на Шкодран Мустафи во редовите на „римската волчица“. Тоа значи дека поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија ќе настапува како позајмен играч една сезона во дресот на Рома. По доаѓањето на Давид Луиз во редовите на „топчиите“, Мустафи го загуби местото во тимот по што тренерот, Унаи Емери, дал зелено светло за негов трансфер. Во исто време, „Газета дело спорт“ напиша дека Рома во наредното лето ќе може да му го откупи договоротна Мустафи за 25 милиони евра доколку челниците на тимот бидат задоволни од…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера одиграа нерешено на теренот на Вулверхемптон 1 спрема 1 а првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Пол Погба, не успеа да реализира удар од белата точка. Тоа за Французинот е беше четвртиот промашен пенал гледано од почетокот на претходната сезона. Легендата на тимот Гери Невил, вели дека со таква статистика, Погба не смее да шутира пенали посебно што Рашфорд во првото коло против Челзи беше сигурен реализатор. „Не сум сигурен дали Рашфорд во првото коло му го превзема пеналот на Погба и затоа сега тој му го направи истото на Рашфорд. Погба промаши четири пенали во…
Фудбалскиот интернационалец од Швајцарија, Стефан Лихштајнер, кој во текот на летово го напушти тимот на Арсенал сега ќе го носи дресот на германскиот состав , Аугсбург, потврди денеска бундестимот. „Сакав да играм во Германија. Мислам дека можам моето исксутво да им го пренесам на помладите во тимот. Со нетрпение го чекам настапот во Бундес-лигата“ – изјави дефанзивецот. 35 годинишниот ветеран кој потпиша договор за една сезона, досега настапувал за Грасхоперс, Лил, Лацио и Јувентус.
