Author: dino

Дефанзивецот, Дејан Ловрен, ќе се пресели од Ливерпул во италијанскиот состав Рома, објави „Лондонскиот вечерен стандард“. Наводно, клубовите од Англија и Италија  се согласиле за трансфер на Хрватот. Претходно, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, го изостави Ловрен од составот за денешниот дуел со Челзи во Супер-купот на УЕФА. Ловрен кој игра за Ливерпул од 2014 година досега има реалзирано повеќе од 100 натпревари. 30-годишниот дефанзивецот со хрватската репрезентација стигна до второто место на Мундијалот во Русија во 2018 година.

Read More

Доцна вечер на стадионот на Бешикташ во Истанбул ќе биде реализиран Супер купот на Европа меѓу освојувачот на Лигата на шампионите во претходната сезона , Ливерпул и победникот во Лигата на Европа, Челзи. „Црвените“ предводени од тренерот Јирген Клоп, по шести пат ќе се борат за пехарот на УЕФА додека „сините“ од Лондон по четврти пат ќе играат во Супер Купот. Ливерпул последен пат играше во 2005 година кога го победи составот на ЦСКА Москва со 3:1 додека Челзи во 2013 година загуби од Баерн Минхен со 5-4 по изведувањето на пеналите откако мечот во регуларнито дел заврши 2:2 Денешниот…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, објасни дека неговиот инстинкт го поттикнал да потпише нова долгорочна соработка со клубот. 24-годишниот фудбалер во текот на летово ја продолжи соработката со „црвените“ откако му истече претходниот договор. „Дојде моментот кога морав да седнам на маса и да разговарам со клубот за да дознаам дали сакаат да го продолжат мојот договор. На крајот, мојот внатрешен глас ми рече дека морам да останам во Ливерпул“ – изјави Ориги. „Нашиот тим е составен од многу талентирани фудбалери а позитивната енергија е сконцентрирана во целиот клуб. Имаме многу натпревари и секој од играчите е гладен за победи.…

Read More
NBA

Карим Абдул Џабар една од најмаркантните личности во историјата на НБА лигата и во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, излезе со поддршка за сегашната кошаркарска ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс. „Леброн нема потреба да се докажува пред никого и не треба да ги слуша мислењата на другите. Реално гледано, тој сам не може да ја донесе титулата во Лос Анџелес и затоа му треба помош. Мислам дека сега ја доби во лицето на Ентони Дејвис“ – рече Карим Абдул Џабар во последното интервју. „Ако тој е здрав а другите играат на нивото на кое можат, не верувам дека пласманот во…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, на последната прес-конференција најави дека нема да отстапи од планот да вклучува во составот  млади играчи. „ Одредувам состав кој треба да ни донесе позитивен резултата, возраста не е значајна. Играта во неделата не беше лоша, но, мора да извлечеме поуки од поразот“ – вели Лампард откако неговиот тим загуби на теренот на Манчестер Јунајтед со убедливи 4-0. „Немаме вистинска замена за Азар кој беше лидер на теренот, но, ќе мора да го заборавиме и да одиме напред. Челзи и во минатото останувал без големи ѕвезди, но, секогаш одел напред кон нови успеси“…

Read More

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на Националниот Куп во Врбас кој има меѓународен карактер од А категоријата. Нашава земја ќе има тројца боксери: Илхан и Ајхан Озмен кои живеат  и тренираат во Германија и Ардијан Аземи,  кој годинава победи на престижниот турнир – „Емил Жечев“ во Бугарија а беше дел и од ЕП во Галати. Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 кг, Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. а Ардијан Аземи во категоријата +80 кг. Улогата на тренери ќе ја имаат  Васко Цубалевски и Насер Харуни а во делегацијата е вклучен и националниот судија, Стефан Цубалевски.…

Read More

Македонската кадетска ракометна репрезентација предводена од Костески кој е прв стрелец на Мундијалот по групната фаза со 40 погодоци и Серафимов кој го следи со 37 голови, денеска ја очекува мечот во првата елиминациска фаза. Наш противник во осминафиналето ќе биде Португалија која направи фанатстичен ефект во групната фаза откако оствари 5 победи и тоа во дуелите со Германија, Исланд, Србија, Тунис и Бразил. Мечот Македонија – Португалија ќе се одигра вечер со почеток во 20.45 часот во спортскиот центар Борис Трајковски.

Read More

Александер Албон кој ќе добие шанса да го вози болидот на Ред Бул на патеката во Белгија на местото на Пјер Гасли, вели дека е пресреќен што ќе добие нова шанса да ги покаже неговите квалитети. Британецот со тајландско потекло преку социјалните мрежи истакна дека не е реално што добил таква огромна поддршка од Ред Бул. „Благодарност до сите, сега ќе се насочам кон првата трка во Формула 1. Секогаш може да се научи нешто ново на патеката“ – вели Албон. Тој доби покана да се активира во екипата на Ред Бул откако во 2018 година направи импресивна сезона во…

Read More

Лидерот на кошаркарската репрезентација на Русија, Алексеј Швед, нема да игра на Светското првенство во Кина. Тој поради повреда ќе направи пауза од најмалку четири недели што значи дека селекторот, Сергеј Базаревич, остана без уште еден квалитетен кошаркар. Познато е дека Димитри Кулагин поради повреда на окото исто така нема да биде дел од експедицијата во Кина. 27-годишниот играч поради мерки на претпазливост го откажа учеството и нема да игра за Зборнаја“. Русија на кошаркарскиот Мундијал ќе настапи во групата „Б“ заедно со Аргентина, Јужна Кореја и Нигерија.

Read More

Директорот на Ајакс, Марк Овермарс, изјави дека очекува Дони ван де Бек да остане дел од холандскиот гигант уште најмалку една сезона. Одличниот фудбалер беше многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но, преговорите се искомпликуваа по што Овермарс е оптимист дека Ван де Бек и во наредниот период ќе продолжи да го носи дресот на „копјаниците“. „За кратко време ќе дознаеме дали сум во право, одредивме краен датум и не планираме да носиме нови фудбалери. Како што стојат работите, Ван де Бек ќе остане кај нас“ – истакна Овермарс. Ван де Бек го носеше дресот на Ајакс на вчерашниот…

Read More