Author: dino

NBA

Кошаркарот, Двејн Вејд, кој на крајот на претходната сезона се прости од активно играње во НБА лигата издвои интерсни факти во последното интервју дадено за – „Сан Сентинел“. 37-годишниот играч изјави, дека сè што му се случило во кариерата буквално ги надминало неговите најлуди очекувања. „Се чувствувам исполнето бидејќи си заминав како што посакував без некој да ме натера на тоа. Мојата кариера ги надмина и најлудите очекувања што ги имав. Јас направив сè што сакав, дури и повеќе од тоа“ – откри трикратниот шампион кој помина цели 16 години под обрачите во НБА лигата и беше добитник на повеќе…

Read More

Бразилскиот фудбалер, Нејмар, поради казната од претходната сезона мораше да го пропушти првиот меч на ПСЖ во новиот шампионат на Франција. Популарните „светци“ вчера на „Паркот на принцовите“ го совладаа Ним со 3 спрема 0 а домашните фанови го искористија дуелот да му покажат на Нејмар дека не го сакаат во клубот. Тие скандираа со погрдни зборови кон напаѓачот и истакнаа транспаранти со навредлива содржина кои ги фокусираа и ТВ-камерите. Нејмар го навлече бесот како на фановите така и на челниците на тимот бидејќи јавно побара да се врати во Барселона иако одредени шпекулации го поврзуваат и со трансфер во…

Read More
NBA

Кошаркарот, Расел Вестбрук, кој во 2017 година беше прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, ќе се откаже од загарантираните 38 милиони долари за да може неговиот тим Хјустон да купи нови засилувања. Плејмејкерот кој има петгодишен договор вреден 207 милиони евра, нема да ги земе последните загарантирани 38 милиони за да му помогне на тимот да доведе нови ѕвезди за да може да биде поконкурентен во трката за шампионскиот пехар. Вестбрук кој има 30 години и според многумина е специјалист за „трипл-дабл“ ефект, сега ќе се насочи кон тимскиот успех.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, вели дека доаѓањето на новиот тренер, Карло Анчелоти, може за краток период да му ги донесе на тимот посакуваните трофеи од Серија „А“ и од Лигата на шампионите. Лаурентис очекува дека во наредните две години неговиот тим ќе биде максимално конкурентен во сите натпреварувања. „Потребен е детален план. Верувам дека сегашниот состав на Наполи за две години ќе може да го достигне тоа ниво. Да биде најдобар во Италија и да ја освои Европа“- потенцираше Аурелио де Лаурентис.

Read More

Хари Мегваер кој за рекордни 93 милиони евра кога станува збор за дефанзивен фудбалер го напушти Лестер и се активираше во Манчестер Јунајтед, вчера беше прогласен за играч на мечот против Челзи. Најскапот засилување кое во текот на летово пристигна на „Олд Трафорд“, покажа зошто тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер, го планирал уште од месец февруари. „Воодушевен сум што Хари  е наш играч. Тој секогаш беше мојата прва цел. Во февруари кога игравме против Лестер одлучив дека сакам да го имам во тимот. Секогаш е мирен со топката и тоа ни дава нова димензија во играта“ – изјави Норвежанецот…

Read More

Манчестер Јунајтед вчера славеше против Челзи со убедливи 4-0 на стартот на новата фудбалска сезона во Премиер лигата на Англија а првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Пол Погба, веднаш по мечот најави дека може да си замине од тимот. „Знам дека беа кажани одредени работи за мое заминување. Времето ќе покаже. Има голем знак прашалник. Во моментов сум играч на Манчестер јунајтед, се забавувам со соиграчите, секогаш сакам да победувам и секогаш се обидувам да го прикажам најдоброто од себе на теренот““ – вели Погба кој е трансферна цел на Реал Мадрид. Погба на вчерашниот меч со „сините“ повторно беше…

Read More

Шпанецот Рафаел Надал успеа да го совлада Данил Медведев од Русија  со 2 спрема 0 по сетови 6:3 и 6:0 и да го освои  „Роџерс купот“ во Монтреал кој е дел од Мастерс серијата 1000 на светската тениска асоцијација. Надал го искористи отсуството на неговите главни конкуренти, Ѓоковиќ и Федерер и успеа по петти пат да го подигне победничкиот пехар. Претходно тоа го направи и во 2005, 2008, 2013 и во 2018 година. Надал со триумфот во Канада го обезбеди  35-ти трофеј од Мастерс серијата и се проби на второто место на АТП листата веднаш зад лидерот Новак Ѓоковиќ (Србија).…

Read More

Францускиот фудбалер, Франк Рибери, кој во текот на летово го напушти германскиот шампион, Баерн Минхен, очигледно нема намера да се пензионира. Легендарниот играч на Баварците и на селекцијата на Франција иако има 36 години планира и понатаму да биде активен на тревнатиот терен. Неговото име деновиве се поврзува со различни екипи практично од целиот свет, се споменуваат тимови од МЛС, Саудиска Арабија, Холандија а Русија а дел од медиумите во  Италија напишаа дека за неговиот потпис била заинтересирана и екипата на Фиорентина. Рибери во дресот на Баерн Минхен одигра 425 натпревари со ефект од 24 голови и 182 асистенции.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера реализираа пријателски натпревар со Рома а нивниот тренер, Зинедин Зидан, излезе со изненадувачки коментар за иднината на Герет Бејл и Хамес Родригез. Иако репрезентативецот на Велс и младиот голгетер од Колумбија во текот на летото беа континуирано поврзувани со трансфери во други тимови, сега францускиот стратег очигледно ја променил одлука и не сака да се ослободи од нивните услуги. „Хамес и Бејл се дел од екипата. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но, тие се дел од Реал. Јас ги планирам сите фудбалери со кои располагам“ – изјави Зидан.

Read More

Андреа Довицозо од Дукати победи на денешната трка во најсилната класа во Мото Гран при шампионатот која беше возена за големата награда на Австрија. Тој на патеката Ред Бул Ринг, успеа да ја издржи битката во последните кругови со шампиониот, Марк Маркез, кој го пополни второто место на подиумот. Третото му припадна на Французинот, Фабио Квартараро, со моторот на Петронас Јамаха. По 11 трки, Маркез е лидер со 230 бодови пред Довициозо со 172 и Данило Петручи од Италија кој има 136 бодови. Наредната трка од Светскиот шампионат во Мото Гран при конкуренцијата ќе биде реализирана на 29 август на…

Read More