Author: dino

Првите луѓе на фудбалскито состав Милан откако не ја реалзираа идејата да го ангажираат играчот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, сега се обидуваат да дојдат до потписот на  Анте Ребиќ кој ги брани боите на Ајнтрахт Франкфурт. За Хрватот кој има трансферна вредност од 40 милиони евра претходно беше заинтересиран и тимот на Интер, но, „нероаѕурите“ не успеаа да се договорат со германците. Ребиќ во досегашната кариера има искуство од Серија „А“ бидејќи настапувал за Фиорентина и Киево.

Read More

Главниот организатор на играта во српската кошаркарска репрезентација, Милош Теодосиќ, заработил потешка повреда на вчерашниот пријателски меч со Литванија по што ќе мора да го пропушти Мундијалот во Кина. Медиумите кај нашиот северен сосед пренесоа дека играчот на Клиперси ја обновил повредата на тетивата поради која во два наврата мораше да паузира во НБА и дека ќе оди на подолг процес на рехабилитација. Засега нема информација дали селекторот Александар Ѓорѓевиќ, ќе повика друг играч на местото на Теодосиќ кој дефинтивно отпана од комбинација за Мундијалот во Кина.

Read More

Женската ракометна кадетска репрезентација на Македонија денеска загуби од Белорусија со 40 спрема 36 и го освои шестото место на на  ЕХФ Шампионатот кој се игра во Италија. Нашите репрезентативки иако беа подобар противник во поголемиот дел од мечот, на крајот не успеаа да се израдуваат на победа. Во нашата селекција најпрецизна беше Ангела Јанкуловска која забележа 13 голови додека Ѓорѓиевска постига шест а Коларовска го заврши мечот со пет  голови.

Read More

Нашата машка ракометна селекција на тековното Светско првенство до 19 години што се реализира во Скопје, денеска од 20.30 часот во СЦ Борис Трајковски ќе излезе на мегдан со првиот фаворит во групата, селекцијата на Данска. Ние досега имаме ефект од две победи и еден пораз додека Данци остварија максимални три победи. Како стојат работите и двете земји можат да размислуваат за наредната фаза.  Нашиот селектор, Данило Брестовац, за мечот со Данска го отпиша играчот на Еурофарм работник, Бобан Каковски и на неговото место го вметна Глигор Гајиќ од екипата на Металург 2. Дуелот меѓу Македонија и Данска ќе се…

Read More
NBA

Кошаркарот од НБА лигата, Мајкл Бизли, доби забрана за настап на пет натпревари поради користење на недозволени сусптанци, објавија медиумите во САД. Некогашниот втор пик на драфотот кој во моментов нема клуб, ќе започне да ја издржува казната откако ќе обезбеди нов состав и ќе потпише договор за соработка. Бизли кој во изминатата сезона одигра 26 мечеви за  Лос Анџелес Лејкерс, имаше во просек 7 поени и 2,3 скока. Црномурестиот кошаркар во 11 сезони во НБА лигата настапувал за седум екипи.

Read More

Трансферот на Игор Карачиќ од Вардар во редовите на полскиот состав Кијелце е на првото место на најдобрите 12 трансфери според оценката на Европската ракометна федерација – ЕХФ. Хрватот по седум сезони поминати во Скопје и освоените две титули во Лигата на шампионите како и наградата МВП на последниот турнир во Келн, се определи да побара нов предизвик.  Покрај Карачиќ на Топ 12 листата се најдоа и уште неколку поранешни играчи на „црвено-црните“. Станува збор за Рожерио Мораеш и Вуко Боразан кои потпишаа за унгарскиот првак Веспрем како и за eкс вардарецот, Лука Циндриќ, кој замина од Кјелце и потпиша…

Read More

Рафаел Надал со победата против Аргентинецот, Гвидо Пеља, со резултат 2:0 по сетови 6:3 и 6:4, влезе во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Монтреал. Шпанскиот тенисер со тоа ја запиша 379 победа на Мастерс турнирите со што го надмина рекордот на Роџер Федерер. Швајцарецот досега се израдувал на 378 победи на турнирите од Мастерс серијата – 1000. Надал доколку го продолжи патот до финалето ќе се пробие и на второто место на АТП листата. негов противник во наредната рунда ќе му биде Италијанецот, Фабио Фоњини, кој во текот на ноќта го победи Адријан Манарино со 6:2 и 7:5.

Read More

Душко Николиќ кој пред две години се израдува на сребрениот медал на ЕП како помошник на селекторот на Србија, Никола Грбиќ, ќе влезе во стручниот штаб во нашата селекција која се подготвува за дебитантскиот настап на континеталниот собир. 45-годишниот Николиќ ќе биде нов асистент на селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ откако досегашниот Ратко Павличевиќ  поради клупски обврски набрзо ќе си замине. Николиќ заедно со Матијашевиќ ќе треба да ги „прочитаат“ противниците и да скројат победничка тактика за септемвриските мечеви во Словенија.

Read More

Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ, е на излезната врата од стадионот – „Џузепе Меаца“, објавија медиумите во Италија. Според наведеното, корпулентниот напаѓач влегува во плановите на Баерн Минхен бидејќи германците ќе се откажат од трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити откако репрезентативецот на „панцирите“ заработи потешка повреда на мечот со Ливерпул во „Комјунити шилд“. Поедини медиуми тврдат дека Хрватот води интензивни преговори со тимот од „Алијанц Арена“ кој сака да го ангажира на позајмица за една сезона со можност во иднина да ги откупи неговите права.

Read More

Агентите задолжени за трансфери на Лука Модриќ ги демантираа гласините дека освојувачот на „Златната топка“ ќе го напушти тимот на Реал Мадрид и дека ќе се пресели во редовите на ПСЖ. 33-годишниот хрватски интернационалец беше поврзан со можен трансфер во Франција како дел од договорот за ангажман на Нејмар во обратен правец, но, тоа според агентите на Модриќ нема да се случи. Играчот од средниот ред на „кралевите“ кој има и сребрен медал од последниот Светскиот шампионат, во 2012 година пристигна на  „Сантијаго Бернабе“ и досега одигра 303 мечеви во сите конкуренции. Модриќ во изминатите седум години освои дури 14…

Read More