Фудбалскиот тим на Њукасл во последен момент се одлучи да го ангажира искусниот напаѓач, Енди Керол, кој ќе се врати на местото на кое се промовираше како одличен голгетер. Тој по цели осум години се враќа на „Ст. Џејмс Парк“ во тимот кој го предводи менаџерот, Стив Брус. Според најавите, соработката меѓу двете страни ќе биде само една сезона, но, постои можност истата да биде продолжена доколку управата на Њукасл биде задоволна од постигнатиот ефект на фудбалерот. „Моите пријатели и семејството се тука. Се вратив дома, се надевам дека ќе продолжам каде што застанав пред да направам трансфер во Ливерпул“…
Author: dino
Кириан Тирни потпиша договор за пет години со екипата на Арсенал откако шкотскиот Селтик ја прифати понудата на „топчиите“ која претствува рекорд за трансфери гледано во шкотскиот фудбал. Англичаните за левиот бек мораа да платат 25 милиони евра откако Селтик претходно одби две нивни понуди за 22-годишниот играч. Репрезентативецот на Шкотска кој на „Емирати“ ќе го носи дресот со бројот три, во изминатиот период се соочуваше со повреда а последен пат играше за Селтик на 4. мај Тој со Селтик освои четири титули во Премиер лигата на Шкотска, два Купа и два Лига Купа.
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Александар Ѓоргевиќ избра 14 кошаркари кои ќе отпатуваат за Кина на Светското првенство. Србија утре на домашен терен ќе игра пријателски меч против Литванија а потоа на 12 август ќе гостува кај истиот противник. Од 16 до 18 август избраниците на Ѓорѓевиќ ќе настапат на турнир во Грција, на кој ќе се сретнат со домаќинот, Италија и Турција. Список на репрезентативци: Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Драган Милосављевиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Марко Симоновиќ, Немања Бјелица, Стефан Бирчевиќ, Мирослав Радуљица и Немања Милутинов.
Македонската ракометна репрезентација до 19 години го забележа првиот триумф на СП во Скопје. Кадетите во крајно интересен финиш славеа против селекцијата на Нигерија со 37-34. Костески со 13 и Серафимов со 10 голови беа најдобри во нашиот табор. Во другите два меча во групата „ Ц“ , Јапонија – Бахреин 27-24 и Аргентина – Данска 19-29. Нашите ракометари утре во рамките на третото коло ќе одат на мегдан со Бахреин кој има една победа и еден пораз. На табелата води Данска со 4 бодови пред Бахреин, Македонија, Јапонија и Аргентина кои имаат по 2 бода додека Нигерија е последна…
УЕФА денеска ги објави номинираните фудбалери по позиции за претходната сезона во Лигата на шампионите. Најдобрите ќе бидат прогласени на 25 август во Монте Карло кога воедно ќе се дознае и наследникот на Лука Модриќ кој го доби признанието МВП за сезоната 2017/18. Еве кој се учествува во рангирањето, голмани: Алисон Бекер (Ливерпул), Марк Андре Тер Штеген (Барса), Уго Лорис (Тотенхем). Најдобар играч во одбраната: Вирхил Ван Дајк и Александер Арнолд (Ливерпул), Матајс Де Лихт (Ајакс). Најдобар играч од средниот ред: Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Френки Де Јонг (Ајакс). Во конкуренција кај напаѓачите се номинирани Лео Меси (Барса) Кристијано Роналдо (Јуве)…
Еден Азар и Оливие Жиру од Челзи и Лука Јовиќ од Ајнтархт Франкфурт, се номинирани за наградата за најдобар фудбалер во Лигата на Европа што ја доделува Европската фудбалска федерација -УЕФА. Во финалето во претходната сезона одиграно во Баку, Челзи го победи Арсенал со 4 спрема 2 и сосема е логично признанието да заврши во рацете на Белгиецот, Азар, кој имаше блескави партии во текот на целата сезона и кој во летниот транфер период го напушти Челзи и замина во Реал Мадрид. Ќе потсетиме дека во сезоната 2017/18, признанието на УЕФА заврши во рацете на Антоан Гризман кој тогаш настапуваше…
Поранешниот светски шампион во Ф1, Мика Хакинен, проценил дека Ред Бул ќе биде подобар од Ферари во тековнава сезона. Скудерија е пред Ред Бул во првенството на конструкторите, но, тоа се должи на прилично слабата изведба на Пјер Гусли кој пропушти многу поени. „ Фетел во Унгарија, заврши на третото место а Ферари имаше проблеми. Тие ќе се вратат во првите редови на Спа и Монца иако е јасно дека нивниот автомобил не е конкурентен на секоја трка“ – напиша Хакинен. „Не само што не успеаја да го совладаат Мерцедес, туку тие се дури и зад Ред Бул Хонда. Очекувам…
Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, може да игра на утрешниот меч од Премиер Лигата против Норвич. Сенегалецот се врати во Англија во почетокот на работнава недела откако направи подолга пауза поради учеството на Африканскиот фудбалски куп кога неговиот тим стигна до финалето. Иако тренира само два дена, состојбата на Мане е добра и тој може да влезе во комбинација за мечот против Норвич, откри менаџерот на тимот, Јирген Клоп, на денешната прес-конференција. „Садио имаше само две недели одмор, не загуби многу од формата. Тој изгледа целосно подготвен и ќе го имам како опција за утрешниот дуел. Тој имаше слободен ден…
Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, кој не се појавил на закажаниот тренинг откако користел денови за одмор, најверојатно ќе добие казна од клубот, информираа медиумите во Англија. Репрезентативецот на Белгија кој наводно ги има договорени личните услови со Јувентус и се обидува да им „помогне“ на Италијанците да ја спуштат цената од 85 милиони евра, сега се соочува со парична санкција од 400.000 фунти поради неоправдано отсуство од тренинг. Во дел од медиумите се наведува дека луѓето од „Олд Трафорд“ не можеле да стапат во контакт со црномурестиот фудбалер по што настанала паника дали тој воопшто ќе…
Легендарниот фудбалер на Уругвај, Диего Форлан, ќе стави крај на блескавата кариера. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Уругвај кој има 40 години проценил дека е време да се повлече од тревнатите терени. „Одлучив да престанам да играм професионално фудбал. Неодамна ми понудија нов договор, но, како што доаѓаат годините тоа станува претешко“ – вели Форлан кој моментално игра за Кичи од Хонг – Конг. Форлан во 2011 успеа да ја освои Копа Америка а една година претходно играше и во полу-финалето на СП во Јужна Африка. Тој имаше импресивна кариера додека настапуваше во Европа за екипите на Атлетико…
