Денеска во Нион беа извлечени паровите за новото квалификациско коло за Лигата на шампионите кое ќе донесе пресметка на македонските репрезентативци, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Стефан Спировски (Ференцварош). Победникот од двомечот меѓу хрватскиот и унгарскиот состав во последниот елиминациски филтер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Марибор (Словенија) и Розенборг (Норвешка). Еве ги и другите мечеви: АПОЕЛ/Карабах – ПАОК/Ајакс, Јанг Бојс – Црвена Ѕвезда/Копенхаген, Истанбул Басакшехир/Олимпијакос – Краснодар/Порто, Базел/ЛАСК – Клуб Бриж/Динамо Киев, Клуж/Селтик – Славија Прага. Првите натпревари од последното квалификациско коло се играат на 20 и 21 август.
Author: dino
Нашиот фудбалски шампион Шкендија потврди дека репрезентативецот, Висар Муслиу, ќе замине во редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар за кој настапува и Бобан Николов. Тетовци денеска потврдија дека преговорите се успешно финализирани, но, не излегоа со детали околу трансферот. Муслиу кој во минатото го носеше и дресот на Вардар, во екипата на Шкендија помина само година и половина и за тој краток период успеа да се израдува на три трофеји.
Србинот, Новак Ѓоковиќ, ја предводи новата ранг листа на АТП пред најголемите конкуренти Рафаел Надал (Шпанија) и Роџер Федерер (Швајцарија). Ѓоковиќ кој ја започнува 263 недела како лидер во светското рангирање, сега се наоѓа на петтото место на вечната листа. Пред него се Федерер со 310 недели, Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс со 268 недели. Ѓоковиќ на лидерската позија има 12.415 бодови или дури 4.470 повеќе од Надал и 4.955 од Федерер. Во Топ 10 уште влегуваат и: Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Александар Зверев, Карен Хачанов, Данил Медведев и Кевин Андерсон.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, размислува да го засили средниот ред со нов кретатор на играта. Според медиумите на Апенините, Конте има две желби. Првата е Иван Ракитиќ од Барселона. Стратегот се надева дека тимот од „Камп Ноу“ деновиве ќе ги спушти финансиските барања за Ракитиќ. Втората опција за „нероаѕурите“ е членот на Олимпик Марсеј, Кевин Стротман кој има искуство од Серија „А“’ бидејќи настапуваше за Рома. Се претпоставува дека Интер може да издвои за Ракитиќ околу 40 милиони евра додека за Стротман таа сума треба да се движи максимум до 20 милиони. .
Голманот, Симон Мињоле, по шест години поминати во дресот на Ливерпул се определи да се врати во татковината. Белгиецот од вчера е нов фудбалер на Клуб Бриж кој за неговиот потпис ќе плати 7 милиони евра со можност сумата да дојде до 9 милиони ако се вклучат сите предвидени бонуси. Мињоле кој во претходната сезона забележа само два настапа за Ливерпул и тоа во купот, вчера беше на клупата на „црвените“ на мечот со Манчестер Сити одигран на „Вембли“ а само неколку часа подоцна замина во Бриж.
Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, по вчерашната трка за Големата награда на Унгарија, вели дека на неговиот тим дефинитивно му треба летниот одмор. „Немавме што да загубиме. Се обидовме максимално да ги искористиме гумите и мислам дека успеавме. Имав можност и ја искористив, треба да бидеме задоволни“ – вели Фетел. „Добро е што ќе има пауза и што ќе можеме да ги наполниме батериите во наредните две недели. Се надевам дека ќе бидеме подобри во втората половина од сезоната“ – потенцираше Германецот кој има четири титули.
Младиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, јасно ставил до знаење дека сака да остане во редовите на италијанскиот тим откако побарал преголема плата од Манчестер Јунајтед со што практично ги откажал Англичаните да преговараат за негов ангажман. Италијанските медиуми тврдеа дека тој не е заинтересиран за трансфер и дека клубот инсистира на такво нешто по што Дибала одлучил да му ја отежне работата на Јувентус и побарал плата која англискиот клуб не сакал да ја прифати. Според најавите, Дибала во текот на денов заедно со соиграчите ќе тренира под диригентската палка на новиот тренер, Маурицио Сари.
Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Ливерпул на „Вембли“ во „Комјунити Шилд“ и го подигнаа првиот пехар во новата натпреварувачка сезона. Тренерот на „граѓаните, Пеп Гвардиола, верува дека новиот шампионат на Англија ќе биде поразличен од претходниот и дека повеќе екипи ќе се борат за пехарот за разлика од претходната сезона кога во трката останаа само неговиот тим и „црвените“ од „Енфилд“. „Не знам дали ќе биде како во изминатата сезона со само двајца кандидати за пехарот во Премиер лигата. Мислам дека Јунајтед со Мегваер и другите што се засилија, Арсенал, Челзи и Тотенхем, сега ќе направат многу поголема…
Нашиот кошаркар, Андреј Јакимовски, влезе во идеалната петорка на Европското првенство Дивизија „Б“ кое вчера заврши во Орадеја во Романија. За МВП на шампионатот е прогласен израелскиот репрезентативец, Ноам Шимон Доврат а во идеалната петорка место обезбедија и Матеус Казовски (Полска), Давид Бом (Чешка) и Пеле Ларсон (Шведска). Нашите јуниори не успеаа да се пласираат во А дивизијата за наредното Европско првенство иако имаа серија од 6 победи. Во полу-финалето загубивме од Израел додека во битката за третото место бевме совладани од Чешка.
Нашиот фудбалер, Елиф Елмас, со само 45 минути одиграни во дресот на Наполи веднаш се појави на насловната страница на реномираниот италијански весник – „Кориере дело Спорт“. Тој на вчерашниот пријателски меч со Олимпик Марсеј покрај асистенцијата за победничкиот гол прикажа одлична игра како во одбраната така и во нападот по што доби одлични оценки од седмата сила. Новинарите ја потенцираа неговата одлучнос, интелигинција и потегот кој практично ја донесе победата против Французите. По мечот „Кориере дело Спорт“ на насловна страница само кратко напиша -„Елмас го маѓепса Анчелоти!“. „Има играчи кои уште треба да работат како Фабијан Руиз и Елиф…
