Author: dino

Лео Меси доби забрана за настап на три меча за селекцијата на Аргентина и дополнителна парична казна од 50.000 американски долари поради навредите упатени кон органзиаторот на годинашново издание на Копа Америка. Првата ѕвезда на „гаучосите“ откако доби црвен картон на мечот со Чиле изјави дека Копа Америка е наместена за Бразил со што го влијаеше на интегритетот на натпреварувањето и на Јужноамериканската Фудбалска Федерација. Меси откако ќе ги пропушти пријателските натпревари со Чиле, Мексико и Германија, повторно ќе му биде на располагање на селекторот на Аргентина за наредниот циклус квалификации за Мундијалот во 2022-та кои ќе стартуваат догодина во…

Read More

Бразилскиот интернационалец Малком кој не влегува во плановите за наредната сезона на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ќе му биде продаден на рускиот состав Зенит за 40 милиони евра, објавија денеска медиумите во Шпанија. Фудбалерот кој во претходното лето направи сензационален трансфер на стадионот – „Камп Ноу“, не ги исполни очекувањата на Каталонците и затоа беше ставен на трансфер листата. Според информациите, Малком во екипата од Санкт Петербург ќе добива годишно по шест милиони евра.

Read More

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, се осврна на најавениот трансфер на Хари Мегваер.„Црвените ѓаволи“ упорно се обидуваат да дојдат до потписот на дефанзивниот фудбалер на Лестер иако „лисиците“ ги одбиваат сите понуди. „Мислам дека Хари е добар играч, тој многу напредуваше и сега е главен играч како во Лесте така и во репрезентацијата на Англија. Мислам дека ќе биде одлично засилување ако го донесеме“ – нагласи Вејн. Според најавите од Англија, Манчестер доколку сака да се засили со Мегваер ќе треба да плати рекордна сума кога станува збор за одбранбен фудбалер.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид кои вчера загубија од Тотенхем со минимални 1:0 на „Ауди Купот“ во Минхен,  денеска ќе играат за третото место против турскиот Фенербахче. Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, кој се соочува со повреди на неколку фудбалери и кој беше видно изнервиран по мечот, очекувано доби прашања поврзани со Герет Бејл и Хамес Родригез. „Не знам што ќе се случи со Хамес. Ние сме во Минхен, тренираме и играме – само тоа ме интересира. Бејл? Тој не дојде со нас затоа што не беше подготвен. Не се чувствуваше добро и откако разговаравме со лекарите решивме дека е најдобро…

Read More

Младиот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне, од денеска ќе го носи дресот на англискиот состав Вулверхемптон, потврдија медиумите на Островот. 21-годишниот напаѓач кој доцна синоќа потпишал договор за наредните четири сезони, ќе претставува одлично засилување за  клубот од стадионот -„Мoлинкс“. „Многу сум задоволен што сум тука. Среќен сум и сакам да го дадам максимумот. Фантастично е што ќе игра во дресот на Вулверхемптон во Премиер лигата“ – потенцирал Кутроне кој набрзо ќе има и официјална промоција пред новинарите во Англија.

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по вчерашниот пријателски натпревар со Кристијанштад кој му припадна на неговиот тим со минимални 1-0, потврди дека младиот, Ерик Бејли, имал операција и дека ќе паузира во наредните 5 месеци. Репрезентативецот на Брег Слонова Коска кој пред три години го напушти шпанскиот Вилјареал и се пресели на „Олд Трафорд“, заработи потешка повреда на коленото на контролниот натпревар против Тотенхем одигран во рамките на летните подготовки. Бејли кој се вбројува меѓу најдобрите млади стопери не успеа вистински да се наметне во тимот бидејќи во континуитет се соочуваше со посериозни повреди и поголем дел од…

Read More

Марија Шарапова доби специјална покана за учество на силниот тениски турнир во Синсинати, соопштија организаторите. Русинката која се наоѓа на 82. место на ВТА листата во тековнава сезона се појави само на 11 меча во кои забележа седум победи и претрпе четири порази. Шарапова поради повредата на рамото не играше од јануари до јуни а последниот турнир на кој се појави беше на терените на „Вимблдон“ кога го предаде мечот уште во првото коло. Шарапова која беше и на челната позиција на ВТА листата, последен пат учествуваше на турнирот во Синсинати во 2014-та а го освои во 2011 година.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Наполи се обидуваат да го убедат Мауро Икарди да потпише за нивниот тим откако Интер јасно му посочи на голегетерот дека нема шанси да му дозволи да замине во екипата на Јувентус. Новиот клуб на нашиот интернационалец, Елиф Елмас откако не успеа да го купи Пепе кој се определи за Арсенал а  Реал во меѓу време ги стопираше преговoрите за Хамес Родригез, сега се насочува кон Аргентинецот кој е на излезната врата од Интер. Според најавите од Италија, претставниците на Наполи водат интензивни преговори и со Ванда Нара, (сопруга и менаџерка на голгетерот) за да…

Read More

Советот на град Битола денеска ја разгледуваше платформата на РК Еурофарм Работник кој бара да ги откупи 100% акции од РК Пелистер. Целта на платформата е да се направи еден европски  состав и уште еден кој ќе биде база за млади ракометари и ќе игра во Супер лигата. Советот откако прифати поголем дел од платформата имаше и одредени корекции со кои се предлага двата клуба да бидат со еднаква сопственичка структура, 75% на Еурофарм, 25% на Општина Битола, натпреварите од СЕХА и Лигата на шампиони да се играат во салата во Битола а грбот на дресовите да биде зелен. Според…

Read More

Македонската кошаркарска селекција до 18 години ја совлада Словачка со 83:58 и ја продолжи триумфалната серија на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Романија. Избраниците на селекторот, Тони Симиќ, кои се сигурно први во групата, доколку победат и во последната рунда со Данска, тогаш со максимален ефект ќе влезат четврт-финалето. На денешниот меч со Словачка најефикасни беа Дарио Митевски и Андреј Јакимовски со по десет кошеви. Утрешниот меч со Данска во рамките на последното коло ќе започне во 19 часот и 45 минути.

Read More