Англискиот фудбалскио состав Евертон ќе му плати на Јувентус 30 милиони евра плус бонуси и ќе го купи црномурестиот играч, Моизе Кин, објавија медиумите во Италија. 19-годишниот напаѓач ќе заработува по три милиони евра на сезона. Тој денеска го напуштил кампот на Јувентус и заминал за Ливерпул за да го комплетира трансферот. Кин ќе биде запаметен како прв фудбалер кој е роден по 2000 година што дал гол во една од петте најсилни европски лиги. Играчот на Јуве погоди во мрежата на Болоња на мечот одигран во месец мај во 2017 година. Кин во меѓувреме доби шанса да настапи и…
Author: dino
Некогашниот фудбалски репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер, кој во завршницата од кариерата настапи и во Мначестер Јунајтед, вели дека има решение за случајот на Пол Погба, кој истакна дека е можеби време да направи нов чекор во кариерата. „Доколку еден играч сака да си замине, тогаш клубот треба да му дозволи. Во еден тим сите играчи треба да бидат максимално посветени на работата. Тоа е единствениот начин со кој се опстанува на врвот“ – вели Германецот. Последните шпекулации велат дека Погба се наоѓа на радарот на Реал Мадрид и дека е прашање на време кога ќе потпише за екипата од…
Тенисерот од Шкотска, Енди Мареј, остави простор дека може да се појави и во поединечна конкуренцијата на турнирот во Синсинати откако претходно објави дека заедно со неговиот брат , Џејми, ќе играат во двојки. „Ако тоа се случи, треба да биде на турнир на кој се игра до три добиени сета. Има опција да играм во Синсинати“ – изјавил Мареј кој по операција на колкот полека се враќа во ритам. „Во поголемиот дел од времето тренирам индивидуално.Јас сум задоволен, досега играм само во двојки, верувам дека ситуацијата ќе биде подобра“ – потенцирал Мареј.
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, планира да испрати понуда за фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен откако пропаднаа плановите да се врати во тимот Пол Погба бидејќи Манчестер Јунајтед бара 150 милиони евра за францискиот плеј-мејкер. Данецот иако се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, најверојатно нема да се упати кон стадионот -„Сантијаго Бернабе“ бидејќи тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се премисли и бара друга алтернатива да го засили средниот ред. Лондонскиот клуб првично бараше преку 100 милиони фунти за Ериксен, но, сега цената е преполовена. Тоа може да го искористи „старата дама“ од Торино и да го купи луцидниот фудбалер.…
Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси беше нападнат во текот на забавата на Ибица, но, за среќа обезбедувањето реагираше и спречи поголеми инциденти. Еден од најдобрите играчи на светот прво влезе во вербален конфликт со еден неидентификуван маж кој потоа одлучи и физички да го нападне. Аргентинецот во таква тензична ситуација брзо си заминал. Според информациите, на забавата присуствувале уште неколку познати фудбалски имиња, како Луис Суарез, Жорди Алба, Цеск Фабрегас итн.
Актуелниот бранител на титулата во Формула 1, Луис Хамилтон, се наврати на вчерашната трка во Германија која ќе остане запаметена по лошото време и повеќето инциденти кои им донесоа полни раце работа на стјуардите. „Имав лош ден, лош викенд. Немам што да кажам, долго, долго време не сум имал толку лоша трка. Секој нов ден е лекција, не знам што точно се случи, но, мило ми е што се заврши. Се удрив во ѕидот и морав да чекам да ми се наместат гумите, што беше мој пропуст. Потоа ми беа ставени погрешни гуми“ вели Британецот. „Целиот лош настап е комбинација…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува кој да му биде наследник на Лерој Сане доколку напаѓачот се определи да ги напушти „граѓаните“ и да се активира во Баерн Минхен. Бидејќи Баварците се упорни во намерите да го ангажираат брзоногиот голгетер, шпанскиот стратег погледнува кон гледа ѕвездата на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, кој има договор до 2024 година. Се наведува дека луѓето од Манчестер Сити се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула вредна 75 милиони евра и да му понудат далеку поголема плата од таа што ја добива во Шпанија.
Фудбалерите на Ливерпул вчера пред околу 65 илјади гледачи на стадионот во Единбург загубија на пријателски мечод Наполи со 3-0. Тоа за актуелниот европски првак беше четвртиот подготвителен меч во кој не забележа победа. Четата на Клоп претходно играше и со Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон и Севилја. „Резултатите не се значајни. Мислам дека ќе бидеме во посакуваната форма кога ќе дојде време. Досега не бевме трпеливи а имавме и проблеми од физички аспект“ – потенцирал Клоп по поразот од италијанскиот тим. Искусниот тренер во досегашниот дел од подготовките ги немаше на располагање: Фирмино, Алисон, Мане, Салах, Кеита и Шакири.
Првите луѓе на фудбалскиот тим Арсенал, размислуваат да ја засилат дефанзивната линија со играчот на Јувентус, Даниеле Ругани. Се претпоставува дека ангжманот на Матијас Де Лихт во екипата од Торино ќе направи преголем конкуренција во одбраната и дека во таква ситуација Ругани ќе биде „вишок“. Во исто време, „топчиите“ останаа без Лоран Кошиелни кој побара да си замине и не се појави на летните подготовки. Тоа на некој начин го натера менаџерот, Унај Емери, да размисли за ангжман на Ругани кој би дошол на „Емирати“ како позајмен играч за една сезона.
Пилотот на Ред Бул во Формула 1, Макс Ферстапен, триумфираше на „лудата“ трката возена за Големата награда на Германија која ја одбележаа лошото време и големиот број инциденти. Младиот Холанѓанец благодарение на итрото возење во речиси ненормaлни услови успеа да се израдува на седмата победа во кариерата. Веднаш зад него трката ја завршија Себастијан Фетел од Ферари и Данил Квијат од екипата на Торо Росо. Денешната трка на „Хокенхајм“ ќе биде запаметена како една од најинтересните во последните неколку сезони бидејќи донесе неверојатни пресврти и драматични случувања. Во таквата слика лошо поминаа возачите на Мерцедес. Луис Хамилтон заработи казна и…
