Првите луѓе на Бостон се определија да го ангажираат црномурестиот, Тако Фол, кој со неговата височина од 231 сантиметар и тежина од 141 килограм, изгледа застрашувачки под обрачите. Сенегалецот откако не беше одбран на годинешниов драфт, максимално ја искористи шансата во летната лига во дресот на „Селтикс“ и затоа доби можност да се појави во наредната сезона во НБА. Фол кој има идентична височина со легендарните кошаркари, Мануте Бол и Геоге Мурешан, на 16 годишна возраст се преселил во САД и веднаш започнал да тренира со поранешната НБА ѕвезда, Хаким Олајџувон. Фол во летната лига имаше просек од 7.2 поени,…
Author: dino
Кавај Ленар и Пол Џорџ беа официјално претставени како нови играчи во кошаркарскиот состав Л.А. Клиперс. На нивната промоција Ленард имаше можност да објасни зошто ги одбрал токму „Клиперси“. „Во НБА играм осум години а моето семејство го гледам практично само по три месеци во текот на летото. Сега ќе може и тоа да доаѓа на моите мечеви. Бев многу близу до потпис со Лејкерси, но, завршив на другата страна“ – вели Ленар. Џорџ пак, беше краток пред новинарите. „Како дете бев навивач на Клиперс и за мене е остварување на сонот да играм за нив. Тоа е шанса која…
Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси, откако во текот на летово го напушти тимот од Рим, се определи да ја продолжи кариерата во дресот на аргентинскиот великан, Бока Јуниорс. Тој денеска на аеродромот во Буенос Аирес беше пречекан во еуфорична атмосфера од поголем група навивачи на „сино-жолтите“ кои го искористија секој миг да се фотографираат со големиот фудбалски борец. 36-годишниот ветеран кој веднаш за Франческо Тоти е на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за „римската волчица“, имаше понуди да заигра и во :Милан, Фиорентина и Лос Анџелес Галакси.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, во наредната сезона ќе игра како позајмен во екипата на Арсенал без опција да се откупи неговиот договор, објавија денеска медиумите во Англија. 22-годишниот фудбалер кој дефинитивно не влегува во плановите на тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се одлучи да ја промени времено средината за да може да добие соодветна минутажа. Шпанскиот тим не сакаше дефинитивно да ја прекине соработката со Себаљос и затоа му дозволи да замине во Англија, но, само за една сезона. Според објавеното на веб-порталот на „топчиите“, тој ќе го носи дресот со бројот 8.
Манчестер Јунајтед ја забележа и четвртата победи по ред на летната турнеја откако го совлада Тотенхем со 2 спрема 1 на стадионот „Хонкоу“ во Шангај, но, остана без Ерик Баји кој заработи потешка повреда. Дефанзивниот фудбалер влезе на местото на Смолинг во второто полувреме но, по само 10 минути принудно излезе. Репрезентативецот на БС Коска откако го свитка коленото во обидот да спречи шут на напаѓачот на Тотенхем, мораше со патерици да го напушти теренот. „Не изгледа добро. Проблем е коленото. Ќе направиме тестови па ќе видише за што се работи“, изјави тренерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер веднаш…
Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, им се придружи на видните спортски личности кои му даваат поддршка на членот на Ферари, Себастијан Фетел, кој пак, јавно е критикуван за бројните грешки што ги направи во текот на сезонава. Шпекулациите одат дури до таму што велат дека Фетел не е среќен во Ферари и дека може да се врати во Ред Бул. На тоа реагира Ралф Шумахер, брат на легендарниот Михаел, со потенцирање дека целата вина е во Ферари а не кај Фетел. „Формула 1 стана покомплексна а Ферари не се адаптираше на условите. Болидот е тежок за управување и тоа…
Елиф Елмас кој го напушти турскиот Фенербахче и вчера потпиша со италијанскиот фудбалски гигант Наполи, вели дека е максимално подготвен за новиот предизвик во неговата кариера. Тој ќе се обиде да покаже колку вреди во еден од најсилните шампионати на светов. „Многу сум среќен што ќе го носам дресот на Наполи. Тоа е голема можност за мене да видам колку вредам и да се докажам во една од најквалитетните лиги“ – потенцираше нашиот фудбалски „бисер“. Елмас потпиша договор за наредните пет години со калчо-лигашот а неговиот претходен тим Фенербахче, ќе добие 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Шпанецот, Марк Гасол, ја забележа најуспешната сезона во кариерата откако стана шампион во НБА со тимот на Торонто Рапторс. Тој во интервју за Агенцијата на новинари во Европа, обелодени дека не сакал да го напушти претходниот тим – Мемфис Гризлис, но, дека е сега благодарен што неговата желба била игнорирана. „Има само неколку играчи во историјата на НБА кои настапувале во само еден тим во текот на нивната кариера. Ако се зависеше од мене јас немаше да направам трансфер бидејќи верував во успех со Мемфис. Сега, можам да кажам дека сум му исклучително благодарен на раководството на „Гризли“ што не ми ја…
Џанфранко Ѕола кој влегува меѓу легендарните фудбалери на англискиот состав Челзи се осврна на најавениот трансфер на Ромелу Лукаку во редовите на италијанскиот Интер. Според најавите, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, има реална шанса да се активира во Серија „А“ доколку двата тима успеат да се договорат околу трансферната сума. Интер нуди одредена сума на пари плус еден фудбалер додека тимот од „Олд Трафорд“ инсистира да добие 75 милиони евра за да му дозволи на Лукаку да потпише за Интер. „Лукаку има идеалните карактеристики за да игра за сегашниов тим на Интер предводен од Конте. Тренерот го има потребното искуство и…
Фудбалскиот состав на Њукасл го обезбеди потписот на бразилскиот напаѓач Жолингтон кој беше купен од германскиот Хофенхајм. Клубот од Англија иако ја потврди веста, не сакаше да ја открие вредноста на трансферот. Сепак, според медиумите, членот на Премиер лигата ќе плати од 40 до 45 милиони евра со што ќе биде надминат рекордот од мината сезона кога за Мигел Алмирон беа издвоени 25 милиони евра. Жолингтон во дресот на Хофенхајм во изминатата сезона одигра 28 натпревари во кои постигна седум голови.
