Author: dino

Нашата кошаркарска репрезентација ќе биде во групата „Б“ заедно со Русија, Италија и Естонија во претстојните квалификации за  Европското првенство во 2021 година. Еве го изгледот и на другите групи: „А“ : Шпанија, Полска, Израел, претквалификант. Група Ц: Литванија, Чешка, Белгија, претквалификант, група Д: Хрватска, Турција, Холандија, Шведска, ГРУПА Е: Србија, Финска, Грузија, претквалификант, Група Ф:  Словенија, Украина, Унгарија, Австрија, група Г: Франција, Германија, Црна Гора, претквалификант и група Х: Грција, Летонија, БиХ, Бугарија. Континенталниот собир ќе биде организиран во Чешка, Грузија, Италија и Германија. Квалификацискиот циклус ќе се одигра во три термина 17-25 февруари 2020, 23 ноември – 1 декември 2020 и 15-23 февруариво  2020 година.

Read More

Двократната олимписка шампионка, Шели-Ен Фрејзер -Прајс, победи на трката на 100 метри  на вториот натпреварувачки ден на турнирот од Дијамантската лига кој се реализира во Лондон. Спринтерката од Јамајка која имаше време од 10,78 секунди успеа да ги остави зад неа Британката Дина Ашер-Смит и Мари-Хозе Талу од Брег Слонова коска.  Уште една ателтичарка од Јамајка имаше успешна вечер. Станува збор за Румел Клејтон која победи на патеката 400 метри со пречки и тоа со личен рекорд од  54,16 секунди. Второто место го освои светската шампионка од Русија, Сузана Хаинова а третото Тиа Адана Бел од Барбадос

Read More

Првите луѓе на Тотенхем откако го продадоа Кејран Трипие во Атлетико Мадрид, сега се обидуваат да пронајдат адекватна замена. Според најавите на англиските медиуми, „Спарси“ ќе испратат понуда за фудбалерот на Наполи, Елсај Хисаи. 25-годишниот Албанец кој беше купен во 2015 година од екипата на Емполи, многу брзо успеа да се наметне за првата постава во италијанскиот тим. За неговите услуги претходно бил заинтересиран и составот на Челзи, но, понудата од 37 милиони фунти бил одбиена. Сега ситуацијата е различна бидејќи Хисаи објави дека сака да направи трансфер и дека неговата цена е околу 25 милиони евра. Затоа тренерот на Тотенхем,…

Read More

Изминатиот викенд на патеката на Водно се одржа 37-от  Меѓународен ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за централно-европска зона на ФИА. Македонскиот најуспешен натпреварувач и европски шампион во таа категорија, Игор Стефановски Иџе, постигна рекорд од 02:02:09. Интересно е тоа што за првпат во историјата на ридско-брзинските трки на Водно, Македонец е сопственик на рекорд. „Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но, не и севкупниот а патеката. Конечно мисијата е завршена “- вели Иџе.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Динамо Букурешт, Еуген Нагое, претрпел срцев удар на вчерашниот меч против Универзитатеа Крајова по што веднаш бил хоспитализиран. Брзата реакција на лекарскиот тим практично му го спасила животот на тренерот на романскиот состав кој веднаш потоа бил префрлен во клиничкиот центар за понатамошно лекување. Неагое пред само еден месец го презеде кормилото на Динамо Букурешт, но, фановите не се задоволни од неговата работа и во континуитет го повикуваа да си даде оставка.

Read More

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, потенцираше дека трансферот на нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е завршена работа и дека тој набрзо треба да се активира во тимот. „Многу сме блиску до ангажман на Елмас и се надеваме дека се ќе се заврши брзо. Тој е многу интересен фудбалер, остануваат уште неколку детали “ – вели Карло Анчелоти. Според наводите, Елмас кој вчера го напушти Истанбул и турскиот состав Фенербахче, денеска треба да ги помине лекарските прегледи и потоа да го потпише договорот со гигантот од Неапол.

Read More

Шпанскиот фудбалски состав Барселона планира да купи дефанзивен фудбалер и тоа на левата бековска позиција на која настапува само Жорди Алба. Според медиумите на Пиринеите, во радарот на Kаталонците влегува играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој  може да добие понуда да се пресели на „Камп Ноу“. Трансферната вредност на 27-годишниот репрезентативец на Австрија се проценува на околу 55 милиони евра што не би требало да претставува проблем за шампионот на Примера Дивизион. Алаба кој ги помина сите категории во редовите на Баварците пред да дојде до сениорскиот состав, има активен договор до летото во 2021 година

Read More

Челниците на фудбалскиот состав ПСЖ во обид да го задржат Мбапе ќе го направат да биде најплатен играч на светов. Според последните информации на шпанскиот весник – „Ел Паис“,  младиот играч ќе добие понуда да потпише нов петгодишен договор вреден 250 милиони евра. Репрезентативецот на Франција кој на минатото СП во Русија успеа да се израдува на шампионскиот пехар, беше купен од Монако за големи 160 милиони евра кои максимално ги оправда со неговите партии. Тој во претходната сезона  постигна 39 голови на 43 меча. Брзоногиот фудбалер со сегашниот договор заработува 18 милиони евра по сезона.

Read More

Младиот фудбалски репрезентативец на Шпанија, Марко Асенсио, најверојатно ќе остане во редовите на Реал Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани повеќе екипи, објавија денеска медиумите во Шпанија. Тој во претходната сезона одигра 44 средби за „кралевите“ со ефект од  шест голови и девет асистенции. Според радиото – „Кадена Сер“, кое се повикува на извори блиски до  клубот од „Сантијаго Бернабе“, за Асенсио пристигнала една понуда од актуелниот европски шампион Ливерпул и од уште пет други екипи. Младиот репрезентативец на „Фуријата“ има договор со Реал до 2023 година.

Read More

Првите луѓе на кинескиот фудбалски состав, Пекинг Гуан, може да ја решат сагата околу Герет Бејл и неговото заминување од редовите на Реал Мадрид. Имено, тимот од далечниот Исток му нуди на Велшанецот плата од 600.000 фунти неделно со што може да биде најплатен играч во Кина. Засега на првото место е Езекиел Лавеци кој во Хебеи добива по 500.000 фунти неделна плата. Кинеските клубови можат да прават трансфери до 31 јули. До тој термин играчот на „кралевите“ треба да каже дали ќе ја прифати понудата и дали ќе си замине од Шпанија.

Read More