Македонските ракометни екипи, Вардар и Еурофарм Работник, денеска ги дознаа противниците во групната фаза во новата сезона во регионалната СЕХА лига. Вардар кој е бранител на трофејот и воедно актуелен европски првак, ќе игра против: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор. Битолчани кои ќе дебитираат во СЕХА конкуренцијата ќе бидат во групата со ППД Загреб, Мешков Брест, Металопластика, Веспрем и Пекинг Спорт Универзити. Лигата ќе стартува на 3. или 4. септември и прв пат ќе се реалзира во две групи со по шест екипи.
Author: dino
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров по двата пораза од Алашкерт го завршија настапот во Лигата на Европа и тоа уште во првото квалификациско коло. „Лавовите“ по првиот пораз во Ерменија со 3 спрема 1, денеска загубија и во реваншот од Алашкерт и тоа со убедливи 3-0 по што се простија од евро-конкуренцијата. На терените на ФФМ, гостите покажаа повеќе и дојдоа до посакуваниот успех. Стрелци на головите за ерменскиот тим беа: Ненадович (21), Галвао (68) и Восканјан (74).
Организаторите на Отвореното првенство на САД во тенис се подготвени да ги прекршат правилата за да обезбедат „вајлд-карта“ за младата Кори Коко Гоф кој направи сензација на терените на -„Вимблдон“. Според т.н. правило- „Capriati”, тенисерка под 16-годишна возраст не може да добие повеќе од три покани во една сезона за да учествува на професионалните турнири под капата на ВТА. Бидејќи младата Гоф искористи три „вајлд-карти“ за турнирот во Мајами, за квалификациите на „Ролан Гарос” и на „Вимблдон”, луѓето во Њујорк се во дилема што да направат. „Очекуваме да ја видиме Кори во главната шема на – „US Open“ бидејќи таа со…
Бидејќи тимовите од Манчестер се заинтересирани за потписот на Хари Мегваер од Лестер, тренерот на „лисиците“, Брендон Роџерс, ќе постави краен датум до кога може да се реализира евентуалниот трансфер. „Ќе има краен рок. Не можеме да го продадеме Мекгваер и да останеме без дефанзивец. Мора да имаме време за да донесеме замена. Трансферот нема да може да се реализира во последен момент по ниту една цена“ – изјави Роџерс. Поранешниот шампион на Англија за потписот на Мегваер бара 75 милиони фунти. Доколку Сити или Јунатед се одлучат да го купат по таа цена, тогаш тој ќе биде најскапиот дефанзивец…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека неговиот состав не може да си доволи да потроши 200 или 300 милиони евра за засилувања како што тоа го прават ПСЖ или Манчестер Сити. „Навивачите сакаат во секое лето да трошиме стотици милиони евра, но, тоа е далечно за нас. Суми од 200 или 300 милиони евра можат да потрошат само Сити и ПСЖ а понекогаш и Реал Мадрид и Барселона. Ние останатите сме сиромашни во однос на нив“ – потенцирал германскиот стратег. „Црвените“ во текот на летово потрошија само 1,3 милиони евра за потписот на младиот Холанѓанец, Сеп ван…
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Стариџ, доби суспензија за две недели бидејќи ги прекршил правилата за обложување пропишани од страна на Фудбалската Асоцијација на Англија. Тој ќе треба да плати и парична казна од 75.000 фунти пред да се врати на терените по 31 јули. Напаѓачот е обинет дека во јануари во 2018 година му посочил на неговиот брат да се обложи дека ќе оди во Севилја. Иако трансферот не се случи бидејќи Ливерпул го испрати на позајмица во ВБА, соодветната комисија утврдила дека Стариџ ги прекршил правилата.
Тренерот на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, Александар Таневски, верува дека „лавовите“ може да го елиминираат Алашкерт и да поминат во второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши со победа на Ерменците со 3 спрема 1 а реваншот ќе биде одигран утре од 16.30 часот на тренинг-центарот – „Петар Милошевски“. „Можеме да ја анулираме негативата од два гола. Се надевам дека сега ќе имаме и повеќе среќа. Верувам во играчите дека може да ја анулираат негативата“ – потенцираше Таневски. Голманот, Марко Јовановски, пред мечот посочи дека голот на гости влева надеж за добар резултат. „Верувам дека може…
Поранешниот борец во „UFC“, Абел Трухилјо, бил приведен од полицијата под обвинение за сексуална експлоатација на дете, објави – „ММА“. Трухилјо, кој настапуваше со големите имиња од типот на Тони Фергусон и Хибиб Нурмагомедов, бил приведен уште на 16 јуни, но, веста се дознала дури денеска. Наводниот инцидент се случил во Колорадо. Ќе потсетиме дека тоа не е прв непријатен настан со кој се поврзува Трухилјо кој се натпреваруваше во „УФЦ“ шампионатот од 2012 до 2017 година. Тој двапати беше приведен за семејно насилство врз мајката на неговото дете.
Белгискиот фудбалски напаѓач, Ромелу Лукаку, се наоѓа на излезната врата на „Олд Трафорд“ бидејќи не влегува во плановите на тренерот Оле Гунар Солскјер, проценуваат медиумите кои се блиски до англискиот гигант. Според наведеното, 26 годишниот напаѓач е со едната нога во Интер и само се чека официјална потврда на трансферот. Познато е дека „нероаѕурите“ потенцираа дека го сакаат Лукаку а самиот фудбалер објави дека сака да игра за тимот од Италија кој го води Антонио Конте. Според последните најави, висината на трансферот ќе биде околу 80 милиони евра. Таа сума најверојатно ќе ја прифатат челниците на Манчестер Јунајтед за да…
Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, има реални шанси во текот на летово да го напушти стадионот – „Енфилд“ и да потпише за италијанскиот фудбалски состав Милан, најавија дел од медиумите на „Чизмата“. Според нив, Владо Лемиќ , кој му е агент задолжен за трансфери на хрватскиот интренационалец, деновиве имал средба со претставниците на Милан на која биле договорени сите детали. Неодамна се појави информација дека Милан испратил понуда од 15 милиони евра за Ловрен, но, дека истата била одбиена од страна на „црвените“. Сега се чини дека работите се движат во друга насока и дека 30 годишниот стопер ќе добие дозвола…
