Нашиот каратист, Емил Павлов, не успеа да остане во трката за медал на Вторите Европски Игри во Минск во Белорусија откако го освои третото место во неговата квалификациска група. Павлов во категоријата до 60 килограми кумите, започна со нерешен резултат против Анџело Кресчензо од Италија потоа загуби од Фирдов Ферзалиев од Азербејџан со прегласување на судиите додека во последното коло победи против Белорусинот, Булатав. На крајот Кресченцо и Ферзалиев продолжија во полу-финалето додека Павлов остана на третата позиција во групата „Б“.
Author: dino
Фудбалски состав Севилја може да обезбеди големо засилување за наредната сезона доколку најде заеднички јазик со ПСВ Ајнтховен за напаѓачот, Лук де Јонг, тврдат денеска – „Марка“ и „Радио Кадена“. 28-годишниот напаѓач за 12,5 милиони евра може да се активира во Ла Лига и да потпише договор за четири сезони доколку холандскиот состав ја прифати понудата. Де Јон во пosледната сезона постигна 32 гол со што го привлече вниманитео на повеќе екипи меѓу кои влегува и шпанскиот состав. Де Јонг треба да биде дел од новиот напад на Севилја во тандем со Минас Дабур кој беше купен од австрискиот Ред…
Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, може да добие покана да заигра во редовите на францускиот шампион, ПСЖ, објавија денеска дел од медиумите во Италија. Искусниот одбранбен играч пред две сезони го напушти Јуве и потпиша за Милан, но, бидејќи „росонерите“ имаа разочарувачка сезона, Бонучи се одлучи да се врати во редовите на „старата дама“. С ега со најавеното доаѓање на младиот Де Лихт, се препоставува дека новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари, ќе му дава многу помала минутажа на искусниот стопер што пак, може да влијае кај Бонучи да си побара нова средина.
Фабио Квартараро со моторот на Јамаха ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трката која ќе биде возена за ГН на Холандија. Французинот кој е дебитант во кралската класа постави нов рекорд на патеката во Асен со што стана и најмладиот возач кој двапати по ред обезбедил пол-позиција во најсилната конкуренција во Мото-Гран При шампионатот.Зад него од второто и третото место трката ќе ја почнат Шпанците, Маверик Виљалес (Јамаха) и Алекс Ринск (Сузуки). Трката за ГН Холандија ќе се вози денеска со почеток од 14.00 часот.
Чарлс Леклер од екипата на Ферари ја обезбеди првата позиција за утрешната трка во Ф1 која ќе биде возена за Големата награда на Австрија. Британецот, Луис Хамилтон иако обезбеди втор резултат, заработи казна од три позиции од страна на стјуардите бидејќи во текот на квалификациите му го попречи патот на Кими Раиконен што значи дека трката ќе мора да ја започне од петото место. Тоа значи дека пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе прогресира и ќе биде веднаш до Леклер во првиот ред. Зад нив ќе бидат Ботас и Магнусен. Пред трката во Австрија, Британецот Луис Хамилтон води кај…
Актуелниот европски ракометен шампион, Вардар, одбраната на круната ќе ја започне со гостување кај Монпелје во терминот од 11 до 15 септмври додека во второто коло ќе го пречека португалскиот состав Порто во СЦ Јане Сандански во теринот од 18 до 22.09. Потоа Вардарци ќе ги очекуваат мечевите: 3 коло (25-29.09.2019) Мотор-Запорожје-Вардар, 4 коло (09-13.10.2019) Вардар-Кил, 5 коло (16-20.10.2019) Веспрем-Вардар, 6 коло(30.10.-03 .11 2019) Вардар-Мешков Брест,7 коло (06-10.11.2019) Вардар-Кијелце, 8 коло (13-17.11 . 2019) Кијелце –Вардар, 9 коло (20-24.11.2019) Мешков Брест-Вардар, 10 коло (27.11.-01.12.2019) Вардар-Веспрем, 11 коло (05-09.02.2020) Кил-Вардар, 12 коло (16.02.2020) Вардар-Мотор Запорожје, 13 коло(19-23.02.2020) Порто-Вардар, 14 коло (26.02.-01.03.2020)…
Ракометарите на Еурофарм Работник дебитантската сезона во Лигата на шампионите ќе ја започнат на домашен терен со португалскиот Спортинг во терминот од 11-15.09.2019 а потоа ќе гостуваат кај шведскиот Савехоф. Тој меч треба да се одигра од 18 до 22 септември. Еве го натамошниот распоред на Битолчани во Групата „Ц“. 3 коло (25-29.09.2019) Ирун – Еурофарм Работник 4 коло (09-13.10.2019) Еурофарм Работник – Кокс 5коло (16-20.10.2019) Еурофарм Работник – Татран Прешов 6 коло (30.10 – 3.11.2019) Татран Прешов – Еурофарм Работник 7 коло (06-10.11.2019) Спортинг – Еурофарм Работник 8 коло (13-17.11.2019) Еурофарм Работник – Савехоф 9 коло (20-24.11.2019) Кокс –…
Вардар и Еурофарм Работник денеска ги добија противниците за новата 27-ма сезона во Лигата на ракометните шампиони. „Црвено-црните“ како бранители на тронот ќе играат во групата „Б“ заедно со: Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција) , Кил (Германија) и Португалскиот Порто. Битолчаните ќе бидат во групата „Ц“ со шест екипи, нивни противници се: Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска), Ирун (Шпанија) и Спортинг (Португалија). Што се однесува до другите две групи, во „А“ ќе бидат: ПСЖ (франција), Барселона (Шпанија), Флензбург (Германија), Алборг (Данска), Пик Сегед (Унгарија), Загреб (Хрватска), Пивoварна Лашко (Словенија) и Еверум…
Светската асоцијација на атлетските федерации – (IAAF), ќе и дозволи на Јужноафриканката, Кастер Семења, да се појави на патеките без да биде приморана да ги прима лекарствата за намалување на тестостеронот. Бидејќи Сојузниот Врховен суд на Швајцарија ја поништи одлуката на ИААФ, двократната олимписка шампионка на 800 метри ќе може да продолжи да се натпреварува кај жените. Семења во месец мај поднесе жалба до швајцарскиот суд откако – „IAAF“ воведе правило кое не им дозволува атлетичарките со високо ниво на тестостерон да се натпреваруваат на официјлните митинзи. „Среќна сум што повторно ќе се појавам на патеката. Им благодарам на швајцарските…
„Пирели“ кој е официјален дистрибутер на гуми за екипите во Формула 1, откри каков избор направиле тимовите за претстојната Гран При трка на Австрија. Впечатокот е дека изборот на Мерцедес е поагресивен споредено со тоа што го побарале од Ферари. Двајцата пилоти на „сребрената стрела“, Луис Хамилтон и Валтер Ботас, ќе користат девет комплети од меките дет- гуми додека пилотите на Скудерија, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, ќе користат само седум групи на меки мешавини. Лидерот на табелата, Хамилтон, ќе има по два комплетa хард и медиум мешавини додека неговиот клупски колега Ботас, ќе располага со еден сет хард и…
