Author: dino

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, е рекордер по бројот на неделите поминати на 1-то место на АТП листата. Швајцарецот таму бил вкупно 310 недели и тоа е  единствениот рекорд кој изгледа недостижен за моментлниот лидер, Новак Ѓоковиќ. Србинот статистички погледнато може да ги подобри речиси сите рекорди што ги држи неговиот голем ривал, но, тешко дека ќе успее да го надмине во бројот на неделите поминати како прв тенисер на светов.

Read More

Фудбалерот, Антоан Гризман, кој во текот на летово го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во редовите на Барселона, најави, дека подготвува нешто специјално за прослава на првиот погодок во дресот на Каталонците. „Подготвувам посебна прослава на „Камп Ноу“,  се надевам дека се ќе испадне како што планирам“ – потенцираше репрезентативецот на Франција без да открие повеќе детали. Ќе потсетиме дека Барселона се определи да ја плати неговата откупна клазула која изнесуваше големи 120 милиони евра за да го ангажира на „Камп Ноу“.

Read More

Нашиот фудбалски интернационалец, Елиф Елмас, набрзо ќе се активира во редовите на гигантот Наполи. Тоа го потврди првиот човек на италијанскиот вице-шампион, Де Лаурентис, во изјава за радио – „Кис Кис“. „Вистина е – Елмас до крајот на неделава ќе дојде во Наполи“ – изјавил Де Лаурентис. Трансферот ќе изнесува 18 милиони евра а Елмас ќе добие договор за наредните пет сезони со годишна плата од 1,5 милиони евра.

Read More

Фудбалскиот состав на Арсенал официјално го претстави резервниот дрес за наредната сезона откако го обнови партнерството со – „Аdidas“. Двете страни одлучија да го вратат споменот на еден од најпознатите дресови од минатото. Бојата на дизајнот ќе биде традиционално жолта со различни обрасци. Целта е да се потсетат навивачите на култниот дрес од почетокот на 90-тите години од минатиот век кој беше популарно наречен – „банана”. За прв пат играчите на Арсенал ќе облечат дресот на утрешната контрола против Баерн (Минхен) на „International Champions Cup“ а ќе го користат и на 11 август на мечот со Њукасл во рамките на…

Read More

Димитрис Итудис кој седи на клупата на рускиот состав ЦСКА Москва доби најмногу гласови и сосема заслужено ја освои наградата за најдобар тренер во изминатата сезона во Евро-лигата. Грчкиот кошаркарски стратег успеа со „Армејците“ да го освои осмиот трофеј откако на Ф4 турнирот беше подобар од Реал Мадрид и Анадолу Ефес. Зад него завршија: Ергин Атаман од Анадолу Ефес и Шарунас Јасикевичиус од Жалгирис. Итудис сега се изедначи со легендарните Жељко Обрадовиќ, Пабло Ласо и Еторе Месина, кои имаат две или повеќе индивидуални признанија во кариерата.

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го заврши настапот во елитната конкуренција на Европа откако доживеа пораз на домашен терен од Номе Калју со 2 спрема 1 иако на првиот меч во Естонија славеше со 1:0. Гостите поведоа преку Уге уште во 5. минута додека Ибрами изедначи од пенал во  62 минута. Кога сите го чекаа крајот на мечот, по едно невнимание на нашиот тим, естонскиот претставник успеа да погоди преку Лилиу и благодарение на повеќе голови на гостински терен да си обезбеди место во второто елиминациско коло во Лигата на шампионите. Шкендија сега ќе се насочи кон Лигата на Европа што…

Read More

Францускиот фудбалер во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, се обидува по секоја цена да ги убеди челниците на тимот да му дозволат да си замине бидејќи сака да влезе во нов предизвик. „Црвените ѓаволи“ набрзо ќе ги започнат летните подготовките а Погба најави дека  токму пред официјалниот собир ќе се обиде да го убеди тренерот, Оле Гунарс Солскјер, да му даде зелено светло за да си замине од тимот. Фудбалерот кој дејствува во средината на теренот во континуитете се поврзуваше со Реал Мадрид, но, „кралевите“, не се подготвени да платат големи 150 милиони евра колку што ја бара Манчестер…

Read More
NBA

Кошаркарот, Кемба Вокер, кој по 8 сезони ќе го напушти НБА составот на Шарлот и ќе потпише договор за наредните четири години со Бостон Селтик, ќе заработи повеќе од 140 милиони долари, објавија денеска медиумите во САД. Според информациите, Вокер во текот на денов кога ќе се отвори трансфер-пазарот во најсилната светска кошаркарска конкуренцијата треба да се појави во арената во Бостон за да го парафира договорот. Плеј-мејкерот во редовите на најтрофејниот клуб во НБА треба да биде замена за бекот, Кајри Ирвинг, кој најави дека ќе замине во редовите на Бруклин. И неговата понуда се движи околу 140 милиони…

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Тотенхем се определиле драстично да му ја намалат трансферната цена на Кристијан Ериксен со надеж дека ќе успеат да го продадат во Реал Мадрид. Пред една година „кралевите“ сакаа да го ангажираат искусниот интернационалец од Данска, но, првиот човек на „Спарси“ тогаш им побара екстра голема сума од  150 милиони евра по што пропадна можниот трансфер. Сега според наведеното во медиумите посебно во весникот –„Марка“, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, остварил контакт со генералниот директор на шпанскиот состав, Хозе Анхел Санчез и му го понудил Данецот за 70 милиони евра.  

Read More

Шпанската Барселона понудила големи 112 милиони евра за напаѓачот на Аргентина, Лаутаро Мартинез, кој остави силен впечаток со досегашните настапи на тековниот фудбалски собир – „Копа Америка“. Младиот играч кој во девет мечеви во дресот на „гаучосите“ има постигнато пет голови, во претходната година беше купен од италијанскиот Интер за скромни 14 милиони евра. Тоа што значи дека „нероаѕурите“ доколку и го продадат на Барса, ќе имаат огромна заработка. Во тој случај тимот од Милано ќе има доволно средства да му ја исполни желбата на тренерот, Антони Конте и да ги купи  напажачите Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед) и Един Џеко…

Read More