Иако Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа фантастично финале на годинашново изданите на терените на – „Вимблдон“, поранешниот британски тенисер Тим Хенман, вели дека имало подобро финале. „За мене, сепак подобар беше мечот меѓу Надал и Федерер одигран во 2008-ма година. Тоа беше малку подобро со оглед на прикажаниот квалитет и играта од двајцата тенисери“- вели Хенман кој беше миленик на публиката на „Вимблдон“ и своевремено прв тениски рекет на Британија. „Искрено, мислам дека Федерер пропушти шанса да освои трофеј. Секако дека нема да игра засекогаш, но, треба да се насладуваме на неговата игра додека е уште дел од професионалниот…
Author: dino
Репрезентативецот на Британија, Адам Пити, е првиот пливач што успеал да ја помине патеката од 100 метри градно за помалку од 57 секунди. Тоа се случи во полу-финалето на Светското првенство во Јужна Кореја кога Пити постави време од 56.88 секунди со што го собори досегашниот светски рекорд од 57.10 секунди кој исто така беше во негова сопственост поставен на митинг во Глазгов. Треба да се потенцира дека актуелниот Олимиски шампион во последниве пет години на големите меѓународни натпреварувања нема пораз.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, му посочил на голгетерот, Мауро Икарди да си побара нов клуб бидејќи не го планира за натпреварите во наредната сезона. Денеска италијанските весници објавија дека има шанса да се направи трампа со Арсенал и да се разменат Икарди и Пјер Емерик Обамјенаг, но, тоа останува само во доменот на шпекулации. Во исто време, извори блиски до фудбалерот кој на некој начин тера инает и не сака да ги напушти „нероаѕурите“, велат дека за неговите услуги може да конкурира шампионот Јувентус заедно со екипата на Наполи.
Нашиот фудбалски интернационалец, Елиф Елмас, преку видео на социјалните мрежи се збогуваше со турскиот состав Фенербахче. Младиот фудбалер по перидот поминат во Турција, сега ќе влезе во нов голем предизвик а тоа е италијанската Серија „А“. Елмас од наредната сезона ќе ги брани боите на елитниот тим Наполи. Македонскиот фудбалски репрезентативец денеска објави видео на „Инстаграм“ со кое практично се збогуваше со клубот од Истанбул.
Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус, е подготвен да се раздели со мапаѓачот Паоло Дибала за сума од 100 милиони евра, објавија во текот на денов медиумите на „Чизмата“. Според наведеното, екипата од Торино сака веднаш да добие 80 милиони додека другиот дел од парите да и биде исплатен како бонуси. Ќе потсетиме дека за потписот на младиот фудбалер се заинтересирани: Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Баерн од Минхен. 25-годишниот играч се појави во дресот на Јуве на 128 натпревари на кои забележа 57 голови. Тој досега играл и во екипите на Институто и Палермо. Бидејќи самиот фудбалер не крие дека сака да…
Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа се согалси да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“. Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот ќе парафира нов договор за наредните шест години кој ќе му донесе големи 110 милини фунти. Тој ќе добива плата од 375.000 фунти со што ќе биде убедливо најплатениот голман во светот. Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и досега има реализирано 362 меча. Тој од страна на фановите на Манчестер Јунајтед во четири наврати беше избран за играч на сезоната во тимот на „црвените ѓаволи“.
Џонатан Барнет кој му е агент на Герет Бејл, реагираше на изјавата на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој по пријателскиот меч со Баерн Минхен, изјави, дека Велшанецот треба веднаш да го напушти тимот. „Срамно е Зидан да зборува на таков начин за играч кој му даде толку многу на Реал. Ако Бејл си замине тоа ќе биде затоа што сака а не да му ја исполни желбата на Зидан“ – рече Барнет. Ќе потсетиме дека Бејл кој четири пати ја освои Лигата на шампионите во дресот на „кралевите“, има пехар од Примера, од светскиот клупски шампионат, од Шпанскиот…
Менаџерот на фудбалскиот состав Тотенхем, Маурисио Почетино, откри дека планирал да си замине од тимот доколку ја освоеше Лигата на шампионите во изминатата сезона. Познато е дека неговиот состав загуби во англиското финале од Ливерпул и дека титулата замина во трезорот на „црвените“. „Долго време размислував за заминување. Доколку победевме во финалето на ЛШ сега ќе бев во друг тим и со нови амбиции“ – вели Почетино. „По финалето почувствував дека не треба да си одам. Не сум личност која бега од проблемите и тешките ситуации. Сакам предизвици и тоа ме мотивира“ констатира Покетино.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцирал дека сака да го одработи договорoт со „црвените“ и дека не размислува за промена на средината. „Нема да си отидам до крајот на договорот. Тоа е мојата желба. Имаме доволно време да размислуваме за иднината и евентуално нов договор“ – вели Клоп со напомена дека очекува жестока битка за титулата во Премиер лигата во наредната сезона. „ Јасно е дека ќе бидеме фаворити заедно со Манчестер Сити. Во претходниот шампионат имаше интересна трка, веројатно тоа не мотивираше да освоиме многу бодови. Тие имаа 98 а ние 97“ – вели тренерот на актуелниот…
Новото издание на кошаркарската Евро-лига ќе започне на 3 октомври со дуелот во Москва меѓу рускиот состав Химки и израелскиот Макаби Тел Авив. Од воведната рунда вреди да се издвои и дербито меѓу шпанскиот тим Реал Мадрид и турскиот Фенербахче како и мечот во Истанбул меѓу Анадолу Ефес, патем кажано учесник во последното финале и шпанскиот состав Барселона. Еве ги другите двојки за првото коло : Баерн Минхен – Армани, Алба – Зенит, Асвел – Олимпиакос, Жалгирис – Басконија, и Панатинаикос – Црвена Ѕвезда. Новата сезона во Евро-лигата ќе се реализира по нов систем со 18 екипи а шампионот ќе…
